Форлан ? подобро Раул да го приберевме , кога веќе се бараат ветерани ...
Или Џеко или никој ... секој друг кловн од типов на Џилардино , Пацини или пак Форлан кој е добар играч , но ја живее четвртата година од животот ќе биде фрлање на пари ... Марота најави доведување на млади играчи , а Форлан е сосем спротивно од тоа ...
И самиот Марота ви даде изјава пред некој ден дека Џеко е еден од најдобрите светски напаѓачи ... Буфон исто го повикуваше во Јуве и му испрати еден куп пофалби ... Џеко е несомнено напаѓач од водечката класа и без проблем јас , а и поголемиот дел од луѓето кои барем малку разбираат фудбал, го ставаат во ист кош со Торес , Ибрахимович , Виља итн ... Значи доволно е да се погледнат неколку негови натпревари за да се забележи колку е моќен и за каква класа играч станува збор ... 2 сезони по ред е најдобар играч во Бундеслигата (голови + асистенции) ...
А тоа дека 30 милиони биле премногу за Џеко или дека Џеко не вреди повеќе од 15 милиони , го прочитав овде од неколку забавувачи кои ставот го создаваат врз основа на тоа на која страна дува ветрот (да не им споменувам имиња да не се навреди некој) ... па Баерн за едно дрво како Гомез даде 35 милиони евра , Јувентус за каратист ко Амаури даде 25 , па некој ќе се најде компетентен да каже дека Џеко не вреди 30-35 милиони евра ...
Ако веќе не може да се донесе Џеко нека се пополни тоа нон-еу место со Красич , бидејќи формата на Трезеге ми влева оптимизам дека можеби уште една сезона ќе се турне со постоечкиов напаѓачки кадар , без Лајнаури нормално ...