Спортскиот директор на Џенова, Капозука изјави дека сеуште има време да се договорат со Јувентус околу Кришито, а за случајот со Бонучи изјави дека Џенова има многу јасни идеи кога се работи за Бонучи. Исто така, Капозука изјави дека со претходниот спортски директор на Бари, Џорџо Перинети, имале одлична соработка со позајмицата на Бонучи и Ранокија, што не било случај со новава Управа на Бари.
линк
Џенова сака да го откупи целиот договор на Бонучи, играч кој што во моментов е во ко-сопствеништво со Бари, а од друга страна се шпекулира дека Јуве веќе се има договорено со Бари за нивните 50% од договорот да им ги продаде на Јувентус. Џенова сака да го откупи целиот договор од Бонучи, и веројатно Управата на Џенова сака да извлече многу повеќе пари од Јувентус, но и Бари нема толку лесно да се откаже од својата половина на Италијанскиот репрезентативец.Се најавуваше дека во договорот на Јуве и Бари покрај отстапувањето на Алмирон, зделката со Бари ќе биде финализирана и со отстапувањето на 1 година на Паолучи.Агентот на Паолучи изјави дека Бари се многу заинтересирани за ангажирање на Паолучи, и веќе во Четврток ќе има средба со Управата на Бари околу деталите на договорот.
А агентот на Кришито изјави дека е песимист во поглед на меѓусебен договор меѓу Јуве и Џенова за иднината на Кришито, и дека можно е на крајот Јуве и Џенова да завршат на аукција за играчот.