Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Од сите шпекулации најмногу не ми се допаѓа онаа за Диего.
Диего има ненормално голем потенцијал,тоа што немаше со кого да игра годинава освен со Дел Пиеро, Маркизио и Џовинко( ко ќе играше) не значи дека мора одма да го дадеме.

А за Џовинко, нека си оди,подобро нека игра на друго место отколку да седи на клупа и да му пропадне и талентот и кариерата.
Би му дал шанса со Дел Нери, ако не направи нешто со Џовинко ете сега на подготовки, пријателски и разни турнири, и ако не вети дека ке го игра, слободно може да се дади, кога ке го видам на клупа мака ми е.
Подобро да растури некаде, па да им дојде аклот на нашите и после да сакаме да го вратиме. :|
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Идејата за трампа на Диего и Агуеро (+ комбинацијата) е многу лоша.
Јас бев еден од оние кои тврдеја дека диего е некомпатибилен во јуве. Не дека неможи да игра во 442 и јас можам шо се вика зборот но проблемот е шо неможи да се искористи неговиот потенцијал. Од друга страна во италија познато е дека играч на негова позиција неможи да се изнаигра освен ако не се уфрла како крилен играч. Сеуште има време за да ме демантира но нема да дискутирам за ова нешто во овој пост.
Еве да речиме дека Диего не му е потребен на Јуве а Агуеро му е потребен и тоа како. Дури и во таква комбинацја ваквата продажба е грабеж. Еден Агуеро сигурно не е вреден 50М. Не верувам дека е повеќе од 35. Сигурно постои начин Јувентус да извлечи поголема сума од Диего и да го земи Агуеро за поисплатлива сума. Еве на пример Баерн и Сити сигурно би платиле барем 25М за Диего.
Значи не сум против жртвувањето на Диего за Агуеро но ова е тежок кикс на Марота ако се реализира.

Што се однесува до Џовинко. Ајт таму во Бари. Ако знај да игра нека покажи. Со една добра партија од три нема да се жртвува јувентус на сметка на неговата кариера. ПА макар и на косопственост и да треба да се плати тројно за да се врати назад.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Како може да продаеме играч што ни е на 3 години договор?Ми нема логика некако таков беше договорот на Секо.Да продаеме играчот и после да ги фрламе парите од договорот.Сигурен сум дека Диего нема да го фрли дресот и ќе остане уште 2 сезони минимум
 
Член од
19 мај 2010
Мислења
50
Поени од реакции
1
-да не има некој информации за марота од мадрид...како што знам тој е денес во мадрид .. за агуероо..!!
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Читав на нет, дека Мурињо си направил зделка на играчите на Реал, но играчите како Дренте и останатите ке бидат продадени, еве ни шанса да им го лапнеме Дренте, знаејки дека ке имаме добро лево крило или бек што и да игре во Јуве.
Огромна шанса ни е да се реализире овој трансфер доколку му биде дадена некоја понуда не верувам дека ке биде одбиена.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.977
Поени од реакции
5.593
Се шпекулира дека Атлетико Мадрид не биле подготвени да го откупат Тиаго,бидејќи им била висока цената од 8 милиони која ја има Португалецот во откупната клаузула.Ако не се искористи во најавената трампа со Агуеро, веќе 99% е сигурно дека Тиаго ќе се врати во Јувентус,а Атлетико Мадрид наместо Тиаго ќе се обидел да го ангажира Пизаро од Рома.

--- надополнето ---

Еден Агуеро сигурно не е вреден 50М. Не верувам дека е повеќе од 35. Сигурно постои начин Јувентус да извлечи поголема сума од Диего и да го земи Агуеро за поисплатлива сума.
Реално, никој играч не е вреден 50М, но во практика е поинаку.Минатата година за Д`Агостино Удинезе стави цена од 25 милиони, цена која ни Јуве ни Реал не сакаа да ја платат,Ди Мариа играч кој игра одлично во Португалско првенство и не се има покажано во посилно првенство се најавува дека веќе е платен со 40 милиони евра од страна на Реал. Денеска е многу потешко за клубовите да ангажираат одличен играч за помалку од 35 милиони.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Што се случи со предлогот на Платини клубовите да имаат трансфер буџет колку што имале заработка во претходната година? Нели беше прифатен овој систем, од кога ќе важи?
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Што се случи со предлогот на Платини клубовите да имаат трансфер буџет колку што имале заработка во претходната година? Нели беше прифатен овој систем, од кога ќе важи?
Мислам дека ќе почне да важи од сезоната 2012/2013
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.977
Поени од реакции
5.593
Чиро Ферара поминал одреден период со техничкиот персонал на Сер Алекс Фергусон во Англија,за да стекни искуство.Вели дека не бара никакви извинувања бидејќи и тој направил грешки, но изјави дека сега ги видел грешките што ги направил.

За Фелипе Мело изјави дека е одличен играч, но изјави дека мора малку да научи да ги сака соиграчите. Не е воопшто лошо момче, но со ароганцијата со која тој тренира ги нервира другите. линк
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.977
Поени од реакции
5.593
Тутоспорт најавува дека Бепе Марота може да ги понуди својата половина од договорите на Кришито,Паладино и Ланзафаме во замена за тандемот Бонучи Ранокија. Се очекува нова средба на Марота со Прециози на која средба ќе се обидат да се договорат за двајцата Италијанци. линк

--- надополнето ---

Марота им соопштил на Атлетико Мадрид дека за Тиаго има заинтересираност и од Парис Сент Жермен, и веднаш ги одбил понудените 3 милиони од Атлетико Мадрид за услугите на Тиаго. Инаку, откупната клаузула на Тиаго е 8 милиони евра, а како што се најавува Марота не сакал да ја намали таа сума.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Канавезе џабе везе во одминати години е не ни треба може да оди кај сака само да се земат млади сили ко Бонучи и Ранокија.Тиаго никако под 8 милиона да се продаде.За Дренте ако понудат нека понудат сега пошо мислам и Милан беа заинтересирани така да како проаѓа време ќе му се крева цена и може да стигне до 13-14 милиона место да го земеме сега за 7-8.И да медиумиве претеруваат Марота да не е во исто време во Мадрид и во Бари ? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom