Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.654
- Поени од реакции
- 5.338
На последниот тренинг кој се одвивал зад затворени врати, и кој е последен тренинг пред натпреварот со Парма, Чиро прво ја испробал 4-4-2 класичната, но на крајот била испробана и 4-4-1-1, и покрај 4-4-2 се најавува дека Чиро сепак на крајот може да се одлучи и за 4-4-1-1. Во нападот по се изгледа ќе стартуваат Диего и Трезеге, но можно е и место Диего да стартува Дел Пиеро. Исто така се најавува дека на Тиаго овој му е последен натпревар како играч на Јувентус. линк
Mислам дека Џовинко може да игра и како крило. Минатата сезона на натпреварот со Болоња играше лево крило и изигра маестрално кога влезе во второто полувреме, и со него Јуве успеа да направи тотален пресврт на натпреварот (гол и асистенција за 20 минути игра). Џовинко сака да ја докаже својата вредност, така да сигурен сум дека ќе изигра сосема добро и како лево крило.Џовинко не е за на таа позиција. Тој игра многу поофанзивно и е речиси бескорисен за дефанзивни задачи. Идеална формација за Џовинко е 4231.
Освен тоа Џовинко беше добар само на неколку меча и на моменти. Не е играч кој можи да се носи цел меч. Мислам дека барем за оваа работа е во право ферара. И плус добро е шо го игра ДеЧеље наместо Маркизио на крило, бидејќи Маркизио е далеку попотребен во средината. Ако играат Поулсен и Мело в средина топка нема да префрлиме.