Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341
Мене Дел Нери ми е одличен тернер.као шо кажа некој погоре со киево направи добри резултати,исто и со сампдориа искача у лига на шампиони најверојатно.Не знам шо толку плукате по човекот.можда па ќе добие одврзани раце во трансфер пазарот,а верувам дека ќе напраи добар избор на играчи.Тоа дека Липи ќе се врати на сите ни е желба,ама нема шанса.Подобро Дел Нери или Прандели отколку тој Алегри.:smir:

:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:

Абе се читаш ли ти што си напишал? Секако дека секој има право сопствено мислење ама тебе другар ептен ти е погрешно... Не знам колку време навиваш ја Јувентус ама ај кажи ми коа Јуве имал некоја клошарана ( читал Алегри, Дел Нери и сл ) за тренер ? ајде сети се и напиши ми некое име кое не било врвно во својата професија a бил тренер на јуве?
И дел нери направил успех со киево (испадна од Левски ако не знаеш, и знаеме како дојде до 4 место во лигата таа година да игра лига на шампиони) или сега со сампдорија во сезона во која и нема вистинска конкуренција во Италијанската лига ? Се согласувам со Старата Дама во оценките за Дел Нери каде и да одите во ЕКИПА од која се очекуваше нешто повеке беше избркан на клоци после 1 месец ( и Сиена и Катанија не мењаат толку брзо тренери ).
На крај ке кажам дека ако ова е вистина за Дел нери отиде клубот јабана ке станеме втор Нотингем Форест или сл ке остане само името и титулите...... НЕ се согласувам ни за Алегри ( знаеше некој за него до пред 2 месеци? ) , ниту Спалети знаеме зошто сите ..... Во екипа која треба да се бори за трофеи се знае каков треба тренер да има.... Име со богато резиме но и темперамент (Капело, Липи), мотиватор и човек на кој нема да му смеат играчите на тренинзи .......
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Што добива Јувентус, а директно и акционерите ако нивната инвестиција пропаѓа со тоа што клубот бележи слаби резултати?
А што добија (направија) со досегашнава политика која продолжува во ист правец доколку Дел Нери биде назначен за нов тренер ?

Искрено кога веќе се зема анонимус јас сум повеќе за Алегри ... се уште не го искажал својот потенцијал , па не би знаеле на што ќе сме со него , можда и ќе изненади. А вака со Дел Нери го знаеме епилогот уште пред почетокот на сезоната.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Со самото тоа што (ќе) има нова управа, работите сигурно ќе се променат. Има еден куп работи што се случуваат и превземаат од една управа во клубот за кои јавноста никогаш не може да дознае, активности кои остануваат скриени од медуимите, а се многу важни за работата на клубот.
-Ањели е името кое сите го бараа во Јуве, вклучувајќи го Моџи.
-Марота е човек кој важи за многу успешен и е респектиран во цела Италија.
-Бетега е човек со многу врски надвор од Италија.
-Блан е докажан како одличен економист и организатор (токму неговата нова улога во Јуве).

Чекајте малку, уште не роден Петко - капа му кроите. :)

За тоа дали ќе биде добар тренер Дел Нери само времето може да покаже. Сеуште не се знае ни дали ќе биде баш тој тренер. И јас сакам да видам големо тренерско име во Јуве, но реалноста е друга... Кој добар тренер е слободен во моментов и би потпишал за Јуве?
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Секој тренер е слободен ако си подготвен да го доведеш ...
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Секој тренер е слободен ако си подготвен да го доведеш ...
Па не баш... Секој тренер има свои барања кои објективно можат/не можат да бидат исполнети. Има и такви кои не сакаат ни да чујат за промена на клубот каде работат. Пример - Пробај Ферги да го потпишеш... :wink:


Липи - светско па пензионер
Капело - светско
Прандели - зафатен
Рафа - се му беше исполнето, па не сакаше да дојде.
Венгер - зафатен
.....
итн


едит: сега гледам на Sky Sport 24, утрешните весници сите најавуваат дека Дел Нери се договорил за 3 милиони по сезона за 2 години. Фалело само уште потписот.
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Па не ме сфаќај ти буквално , поентата ми беше дека горе долу секој тренер може да се донесе ... а тоа дека секој тренер има свои барања е точно , а Јувентус е еден од ретките клубови на светот кој може да ги исполни барањата на секој тренер (пред се мислам на економски план) , а која е причината поради која секоја сезона на клубот му се копа се подлабока дупка со ваквава политика не знаеме ...

Липи - не мислиш ваљда дека сериозно ќе се пензионира. Не му се уште дојдени годините за пензија , ако не остане во репрезентација после СП ќе превземе некој топ клуб ... едно е сигурно дека нема да се пензионира и покрај неговите најави(исто направи и кога поднесе оставка во 2006 па после 2 години се врати во репрезентацијата) . Јес да не ми е нешто најдраг во последно време али во моменталнава ситуација со двете раце би го прифатил во Јуве ...

Капело - За Капело е малку потешко зошто мислам дека ќе остане во Англија и после светското ... прима огромна плата , сите го почитуваат , едноставно се вдоми таму ...

Прандели - исти курац како Дел Нери , подобро што е зафатен ...

Бенитез - Паметно го искористи интересот од Јувентус за да направи притисок врз управата на Ливерпул ... не дека не сакаше да дојде , него во Ливерпул му се сигурно понудени подобри услови , повеќе средства за летово и поголема слобода која во Јувентус воопшто ќе ја немаше што е неприфатливо за тренер од таков калибар ...

Лекцијата досега требаше сите да ја имаме научено а таа е дека се бара тренер кој не приговара , воопшто не се буни за играчите кои му ги носат па макар биле инвалиди и што е најважно , да биде способен да го доведе клубот до 3тото место ...

Дешамп кој се спростистави на таквата политика знаеме како заврши па после него следуваат низа индијанци , Раниери , Ферара , Ѕакерони и новиот апачи ќе биде најверојатно Дел Нери ...
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Главниот проблем е што Јуве наредна година нема да игра во Лига на Шампиони, а сезоната ќе почне на средина на Јули.
Сите големи тренери во моментов имаат обезбезено место за ЛШ наредната сезона. Не гледам кој би бил предизвикот да се откажеш од најпрестижното натпреварување и да дојдеш во тим кој има нарушена атмосфера и има скратено време за подготовки пред почетокот на наредната сезона. Сурови - ама тие ни се последициве од оваа сезона. Да бидеме реални и објективни...
Само финансиите, за големите тренери не се доволен мотиватор.


п.с. Липи е максимално концентриран на светското и нема теорија да потпише било што со Јуве сега...


Лекцијата досега требаше сите да ја имаме научено а таа е дека се бара тренер кој не приговара , воопшто не се буни за играчите кои му ги носат па макар биле инвалиди и што е најважно , да биде способен да го доведе клубот до 3тото место ...
Е ова не можам да го проголтам и напишав и погоре, зошто управата и акционерите би се задоволиле со 3 место?! Нема логика другар :)


A за Дешамп изјави дека најголемата грешка му била тоа што си отишол од Јуве. Никаде нема спомнато дека му правеле притисоци од "горе".
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Искрено, Рафа не ми беше по мерак, имал резултати не викам не, ама фудбалот кој го практикува воопшто не е убав за гледање, а и човекот е тврдоглав до бескрај
и јас истото го гледам,ако некој менаџер имаше доволно средства да креира тим за титула од Премиер лигара тоа е Рафа,меѓутоа гледаме како завршува Ливерпул под негово водство....успехот во ЛШ пред СЕ меслам дека се должи на феноменалните Џерард и Чави Алносо кои го преродуваа тимот во клучните моменти-имаа сила да го издржат притисокот и да мотивираат,секој би сакал такви силни лидери во тимот,меѓутоа изгледа нивните сили се потрошија па гледаме до каде дотурка Ливерпул годинава(само Џерард остана во тимот)
за летово предвидени се доста средства(прашање е дали се доволни тие 80 мил. затоа што потребни се најмалку 4 одлични играчи !),па да видиме како ќе биде менаџирано сето тоа...
 
Член од
12 април 2010
Мислења
178
Поени од реакции
69
F

FuckYouAll

Гостин
Tренерот на Бордо, Блан, од сабота ќе биде слободен:icon_lol:
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Ако дојде Дел Нери тренер му посакувам среќа и успешни резултати со Јувентус.Мене лично не ме засега кој ќе биде нов тренер искрено сакам само тој што ќе седне на клупата да го трасира Јувентус на правите победнички патеки и да не извади од таа каша во која се наоѓаме долго време.Форца Јувентус.
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.926
Поени од реакции
839
Се надевам дека ќе го води добро и тимот и ќе победува ајде честитики
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.605
Бенитез - Паметно го искористи интересот од Јувентус за да направи притисок врз управата на Ливерпул ... не дека не сакаше да дојде , него во Ливерпул му се сигурно понудени подобри услови , повеќе средства за летово и поголема слобода која во Јувентус воопшто ќе ја немаше што е неприфатливо за тренер од таков калибар...
Бенитез изјави дека ако добие пари за трансфери тој останува во Ливерпул, парите ги доби, и остана. Јуве му понуди 500.000 евра поголема плата од таа во Ливерпул, Јуве се сложи да ги прибере 12те негови помошници (бројка на помошници што никој тренер од висок калибар ја нема).

Прво за „слободата“ на тренерот. Јуве има менаџмент-организациска структура на тимот, исто како сите тимови во Италија. (Претседател,Генерален Директор,Спортски Директор). Како можеше еден Марчело Липи, еден Фабио Капело кои се класа погоре тренери од Бенитез да не им смета тоа што ќе работат заедно и согласно со Генералниот и Спортскиот Директор за трансферите, како може моментално еден Мурињо да работи со Бранка и Ориали за трансферите во Интер,и многумина други успешни тренери, зошто да не може Бенитез? Сигурно дека Марота и Ањели ќе се консултираа со Бенитез за засилувањата, и немаше да го присилуваат и против негова желба да му ангажираат фудбалери кои тој не ги сака. Бенитез по се изгледа дека Јуве го искористи само да си ја зацврсти позицијата во Ливерпул, и Јуве му беше резервна опција во случај да не добие пари од челниците на Ливерпул, а Јуве не бил и никогаш не треба да биде нечија резервна опција.

Второ, и да му беше дадена таа „слобода“ на Рафа. Доволно е да се погледнат трансферите на Ливерпул од кога Рафа е на чело, за да се свати дека трансферите не му се некоја силна страна.
 

Маршалот

Bianconeri
Член од
29 декември 2009
Мислења
2.091
Поени од реакции
2.398
Бенитез изјави дека ако добие пари за трансфери тој останува во Ливерпул, парите ги доби, и остана. Јуве му понуди 500.000 евра поголема плата од таа во Ливерпул, Јуве се сложи да ги прибере 12те негови помошници (бројка на помошници што никој тренер од висок калибар ја нема).

Прво за „слободата“ на тренерот. Јуве има менаџмент-организациска структура на тимот, исто како сите тимови во Италија. (Претседател,Генерален Директор,Спортски Директор). Како можеше еден Марчело Липи, еден Фабио Капело кои се класа погоре тренери од Бенитез да не им смета тоа што ќе работат заедно и согласно со Генералниот и Спортскиот Директор за трансферите, како може моментално еден Мурињо да работи со Бранка и Ориали за трансферите во Интер,и многумина други успешни тренери, зошто да не може Бенитез? Сигурно дека Марота и Ањели ќе се консултираа со Бенитез за засилувањата, и немаше да го присилуваат и против негова желба да му ангажираат фудбалери кои тој не ги сака. Бенитез по се изгледа дека Јуве го искористи само да си ја зацврсти позицијата во Ливерпул, и Јуве му беше резервна опција во случај да не добие пари од челниците на Ливерпул, а Јуве не бил и никогаш не треба да биде нечија резервна опција.

Второ, и да му беше дадена таа „слобода“ на Рафа. Доволно е да се погледнат трансферите на Ливерпул од кога Рафа е на чело, за да се свати дека трансферите не му се некоја силна страна.
Убаво објаснето и се сложувам со тебе 100% .:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom