^^ Најголем проблем тука се креира кога Секо или Блан не излегуваат јавно да застанат во одбрана на фудбалерите. Во 3 сезони Секо тоа го има направено само еднаш. Блан ниту еднаш.
Мело мака мачи со навивачите и со медиумите цела сезона, а овие седат настрана со скрстени раце. После толку критики, треба да си психолошки феномен за да делуваш како да не ги перцепираш и како да не ти влијаат воопшто на играта.
И не само Мело, управата треба да застане во одбрана на било кој играч кој ке биде на удар на медиумите или навивачите. Тука се дешава моментот психолошка бариера, кој ти ги врзува нозете кога слушаш исвиркувања од своите навивачи, на свој терен. Во тој момент ја бараш нивната подршка која ти е очајна потребна, а добиваш само среден прст и повторно исвиркувања.
Огромен недостаток на управата кој можеби за нив е е важен но многу влијае на самодовербата на играчите и тимот.
После Сиена, јас би му дал подршка на Кименти пред дуелот со Фулам. Со сигурен голман и одбраната е далеку посигурна.