Лошо почнавме денеска, но како што течеше времето, све подобри и подобри бевме. Касерес ни е најдобар бек во моментов, без сомнение, секоја чест за дечкото. Одличен гол на Амаури по добро сработена акција, гол кој се надевам ќе ја подигне самодовербата кај него. Да продолжиме во второ како што го завршивме првото полувреме и ќе биде добро. И да, пожелно би било Ѕак да го стави Себа место Дел Пиеро, или евентуално место Де Чеље, бидејќи очигледно е дека потребна е јака офанзива и по левата страна.