Гледам дека се повеќе и повеќе ја спомнувате 4-4-2 формацијата, демек добра била и донела многу успеси во Јувентус. Не знам колку време наназад се сеќавате на играта на Јуве, ама колку што јас добро се сеќавам во времето на Липи (кое го сметам за едни од најуспешните), кога игравме финале во ЛШ и освоивме 2 скудета, кога Недвед беше во најдобрите свои години, ја игравме токму оваа 4-3-1-2 формација. Недвед во таа формација играше на местото на кое сега игра Диего, зад Алекс и Трез во тоа време.
А во врска со Ајакс кој денес победил 1-14 во купот (имаше погоре еден пост во кој ни се делат совети да се пазиме

), играше со тим од некоја аматерка лига (мислам дека трета лига е), аматерска велам дека и официјалното име и е тоа, не го измислив јас, дури и 6-ти на табелата е тимот со кој играше Ајакс.