Па ти упадвиш во секое мислење ... фрустрации лечи си дома ти со тупак
Постојано јаваш на ветерот на незадоволството.
Фала Богу, навивачи сме на Јувентус и сите тука знаеме како стојат работите во клубот - така да нема потреба да ни кажуваш.
Али исто така сите знаеме дека Моџи сето она што го имаше изградено во Јувентус за тие години, го сруши како кула од карти за еден миг.
Е сега таа кула од карти е оставена на некој друг повторно да ја изгради, а за тој процес треба време.
Не сакам повторно да отварам стара тема. Не сакам, а и немам намера да се расправам за Моџи, од едноставна причина што не вреди.
Само проблемот е во тоа што постојано пишуваш песимистички постови, од тие 500 и кусур поста сите тие се просеравања за управата. Гледај на посветлата страна малку повеке.
Поентата на постовите беше, да престанеш да гледаш на минатото и да сакаш истото да биде огледало на иднината. Тоа нема да се случи, затоа што работите се поинакви и се бара вистинскиот пат за на клубот да му се врати шампионскиот сјај.
Порано или подоцна тој ке дојде. . .
Сите свакаме како стојат работите во клубот, а ние сакале или не, мораме да ги прифатиме такви какви што се затоа што никој од нас тука нема никакво влијание врз истите.
Биди навивач на Јуве - не на Моџи.
А вистинскиот навивач на Јуве го бодри клубот и во добро и во лошо.:smir: