Мислам дека клучен ќе биде натпреварот со Баерн. Шансите за скудетото годинава се изгубени. Тоа го велам пред се ради нашиот капацитет , а не тоа што Интер е пресилен. Оваа негатива ја имаме ради нашите лоши игри , а не ради нивните добри. Доколку испадне и од ЛШ , мислам дека Чиро сам ќе си поднесе оставка. Сепак мислам дека станува збор за личност која знае кога да се повлече , а не како Раниери.
Наредните 2 натпревари се клучни за иднината на Чиро во Јуве. После натпреварот со Баерн ќе се знае дали сеуште ќе остане Чиро на кормилото на Јувентус, или ќе мора да се бара друг тренер.
А со оглед на споменатите опции (Хидинк и Манчини), доколку дојди до тоа да се бара нов тренер, Хидинк е најидеалното решение, бидејќи има огромно искуство и е тренер кој знае да воспостави ред и дисциплина на теренот и меѓу играчите, знае одлично да ја пренесе својата фудбалска филозофија и мислам дека тој ќе има најголем успех ако седне на клупата на Јуве. Само, изјави дека работата како Селектор на Руската Репрезентација му е последна поради здравствени причини, но верувам дека ако му биде понудена клупата на Јуве, ќе ја прифати.
Манчини мислам дека не го поседува она што му е потребно на Јуве во моментов.
Во врска со негови наследници несакам да шпекулирам. Секоја сезона бараме нов тренер. Можеби треба да се запрашаме дека проблемот не е во тренерите , туку во нешто друго. Несакамда ја критикувам ниту Управата. Имавме солиден трансфер пазар. Ги донесовме оние што ги посакувавме ( горе долу ), така да Секо и Блан одговориле на нашите барања. Го сакавме Ферара , го добивме ... нема зошто да ги критикуваме нив. Ги сакавме Амаури , Диего , Мело , Сисоско ... некои од нас и Канаваро ... и нив ги добивме. Сакам да кажам , дека доколку згрешиле Секо и Блан со трансферите ... тогаш и ние сме згрешиле.
Токму така. Посебно последниот трансфер рок, дојдоа Мело, Диего, Гросо, Касерес и Канаваро, а како тренер беше доведен и Чиро, кој ужива голем почит во Јувентус, не само како играч, туку и како заменик на Марчело Липи во Италијанската репрезентација која го освои СП.
Но како и да е, мора нешто да се промени за работите да тргнат во позитивна насока.