Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 август 2009
Мислења
417
Поени од реакции
56
Баталете расправии со фанови на Интер и онака е јавна тајна дека кога играат ние умираме од желба да кикснат, и обратно, кога игра Јуве тие навиваат за противникот како да е Интер, но што е тука е. И јас мислев дека кога веќе стигнаа Палермо до 4-3 и имаше уште 20 мин. до крај ке напраат сензација но...:toe:

Иначе сега за сега далеку поважно ми е како ќе одигра Јувентус, него ли да кикснат Интер бидејќи со ваква игра како вчерашната против Самп незнам дали некој ќе ги сопре. Не чекаат многу тешки средби и ако го пребродиме овој периот, а Интер да не избега многу на табелата повеќе од реална би била 30ката во витрините. Затоа и многу многу не се замарам со игрите на Интер бидејќи кога лани можевме да напраиме серија од 9 победи по ред и да ги стигнеме, можеме и оваа со далеку подобар тим од лани. Нивните киксови кога тогаш ќе стигнат!!!

П.С. И уште една педерска работа, во Сабота е 31ви така да ние што сме го поминале лимитот ќе си го следиме резултатот преку телетекст или на Livescore:nesum::uvo::toe: А баш сакав да видам дали ќе ја повторат истата игра...
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.338
Поени од реакции
6.020
Фелипе Мело изјави дека тој сака да испише историја со Јувентус, и веќе почнале да го гледаат вистинскиот Фелипе Мело во Јувентус.

Одлично интервју даде и Себастијан Џовинко за Тутоспорт, во кое изјави дека нема ниту мала причина зошто да го напушти Јувентус, и дека бил во право кога ја донел одлуката да настапува за Јуве. Напомена дека е среќен бидејќи игра во тимот од градот од кој потекнува, и дека малкумина ја имаат таа среќа. Рече дека и после неколку грешки, за него не било пишувано многу убаво од страна на медиумите, но рече дека за среќа во фудбалот се гледа играта а не зборовите, а го наведе како пример и Буфон кога се вратил од повредата мислел дека не можел да одбрани ниту една топка, но после се видел на дело најдобриот голман на светот. Му недостигал погодок бидејќи тоа му давало поголема самодоверба, и како пример го посочи Амаури.

Формацијата против Наполи ќе биде истата како онаа против Сампдорија.

Сисоко на сабајлешниот тренинг се пожалил на повреда на мускул. Првичните информации се дека Сисоко ќе паузира околу 20 дена

1 Buffon
3 Chiellini
4 Felipe Melo
5 Cannavaro
6 Grosso
11 Amauri
12 Chimenti
13 Manninger
16 Camoranesi
17 Trezeguet
18 Poulsen
19 Molinaro
20 Giovinco
21 Grygera
23 Ariaudo
28 Diego
29 De Ceglie
30 Tiago
33 Legrottaglie
37 Rossi
40 Immobile

Повиканите за мечот со Наполи.
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Штета за Сисоко навистина. Само што сврза два три меча човекот , одма пак повреда :(

Легротаље и покрај тоа што го изгуби првотимскиот статус дава позитивни изјави кои му даваат самодоверба на тимот. За каналот на Јуве изјави дека Фудбалерите имаат мотивација за да го победат Наполи во сабота повеќе тука
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.338
Поени од реакции
6.020
Штета за Сисоко навистина. Само што сврза два три меча човекот , одма пак повреда :(

Легротаље и покрај тоа што го изгуби првотимскиот статус дава позитивни изјави кои му даваат самодоверба на тимот. За каналот на Јуве изјави дека Фудбалерите имаат мотивација за да го победат Наполи во сабота повеќе тука
Па и тој е играч на Јувентус, и ако тимот победи и без него, тоа би требало да го чувствува дека исто како да победил и тој, независно од тоа дека Легро има помала минутажа во однос на онаа од минатата година.

Постојат големи шанси Лоренцо Ариаудо да се пресели на позајмица во Каљари за време на Јануарскиот преоден рок. Тоа го изјави агентот на Ариаудо. Тоа би било одлично за Ариаудо, бидејќи со тоа ќе стекне со искуство и тоа во Сериа А. Поседува голем потенцијал и се надевам дека Јувентус ќе има придобивка од тоа.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Aман со повредиве, стварно не ми е јасно како може толку често да се повредуваат. Треба да се фрли добар поглед кон медицинскиот тим. Ова станува шпанска серија!
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.338
Поени од реакции
6.020
Aман со повредиве, стварно не ми е јасно како може толку често да се повредуваат. Треба да се фрли добар поглед кон медицинскиот тим. Ова станува шпанска серија!
На дебатна емисија на Скај Италија, кон крајот на минатата сезона, некои фудбалски познавачи изјавија дека можеби најголемата причина поради кои повредите во Јуве се зачестени бил тврдиот терен во Виново, тренинг центарот на Јувентус.Но, Блан, во своето прво интервју како Претседател на Јувентус изјави дека Виново е одличен тренинг центар. Причините за повредите би можеле да бидат од различен карактер, недоволна компетентност на медицинскиот тим на Јувентус, наводно тврдата подлога во Виново, а и премногу тренинзи. Со оглед на тоа што повредите беа со ист интензитет и минатата година, мислам дека причината не е во тренинзите. Минатата сезона немаше ниту еден натпревар кога Јуве ги имал сите играчи фит, а само на три натпревари билансот на повредени во тимот бил помал од 3 играчи, што е загрижувачко и мислам дека Блан, Секо и сите раководни лица во Јувентус треба да се погрижат околу оваа проблематика, и да испитаат која е причината што доведува до толку голема бројка на повредени играчи.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
значит овие повредиве се незнам:mad: само некој клучни играчи ни се повредувааат
 

Тимче

HULK!
Член од
4 јули 2008
Мислења
4.537
Поени од реакции
238
Леле ова со повредиве стварно ме нервира како може толку нежни да се па да му ебам мајката, 100 метра да истрчат и одма повреда:tapp:
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.761
Поени од реакции
9.867
Штета што Момо се повреди, токму сега кога конечно се опорави и си го поврати првотимскиот статус... Сепак, како и да е, имаме играчи (Поулсен, Тиаго) кои се надевам добро ќе го пополнат местото на Момо.

Утре ќе почнеме со истата формација од средата, само место Сисоко најверојатно Поулсен ќе му биде партнер на Мело. Сигурен сум дека темпото на игра нема да биде идентично на она со Сампдорија, но сепак очекувам наша доминација на средината на теренот, ијако Наполи играат со формација 3-5-2 и ќе имаат густа средина. Опасни ќе бидат по десната страна каде го имаат Маџо, па се надевам дека Мело и Гросо особено ќе успеат да се справат добро на таа нивна десна крилна позиција.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
ах леле немат да ја давет на тв јуве :S или ако ја даваат некој нека ми кажи каде пошо со лимитов неможам да се нервирам ми помина денес и ко почни да кочи
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom