vucko
JuveManiac
- Член од
- 16 јануари 2008
- Мислења
- 192
- Поени од реакции
- 23
Тоа е тоа за што зборев!!! На Bordeaux не смееше толку да му се дозволи да го контролира натпреварот, беа толку јаки колку што ние им дозволивме да играат! Казната стигна од прекин, нешто за што Чиро ги предупреди уште на пресконференцијата, но едноставно не го послушаа, а мислам дека и повлекувањето на Gio за Camo беше грешка! Во натпревар без контрола на играта и топката, треба да се внесе креативец кој ќе внесе полетност и креативна искра на терен, зошто очигледно беше дека Bordeaux играa со 3-ца креативци: Gourcuff, Gouffran и Fernando и тоа незнам како не му стана јасно на Чиро?! Marchisio несмееше да пропушти таква шанса! Видовте колку се изнервира Чиро, мислам саатот го скина, му летна од боксот) Едноставно да сум јас тренер, следната утакмица нема да заигра воопшто! Не доликува на првотимец на Јуве таков зицер да промаши! За одбраната да не дебатирам многу: едноставно имаше катастрофални грешки(не издвојувам поединци - сите имаа катастрофална игра во изнесување на топката од сопствена половина), нешто што не внесува дополнителен мотив и сигурност за игра... Се на се, изигравме доста нестабилно, нешто што несмее да се случи во иднина!!! Толку од мене, идам да се испразнам на фудбал, се враќам оладен и спремен за дебата!