Хакет Мен
Juventus Till I Die
- Член од
- 23 јануари 2009
- Мислења
- 10.227
- Поени од реакции
- 3.414
Ѕвер сум ејАјде уште пола час до натпреварот ... одиме на победа0-2 мој тип :smir:
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
Ѕвер сум ејАјде уште пола час до натпреварот ... одиме на победа0-2 мој тип :smir:
после утакмицата Трезе изјави дека е благодарен на gooner4life што верувал во него и што му давал поддршкаДоаѓам дома .. и има што да видам... не само триумф ... Давид ТРЕЗЕГЕ стрелец на погодок
Одлично конечно и тој се запишува на листата на стрелците и тоа во меч кој се смета за големо дерби (бар коа играше пандев лично често голови постигнуваше)
Го видоф хајлајтсот... одличен удар на Трезе во првото полувреме ау као тоа не влегло ќе било најдобар погодок , и супер гол на касерес + тежок агол за голот на Трезеге !
Браво!
Поздрав и само вака продолжете , оваа прва позиција...не ја пропуштајте до крајот на сезоната :smir:
АЛЕЕЕ А ЛЕЕЕ А ЛЕЕЕ ЈУВЕЕЕЕЕЕ ЈУВЕЕЕЕЕ А ЛЕЕЕ А ЛЕЕЕ А ЛЕЕЕ ЈУВЕЕЕ ЈУВЕЕЕЕЕ МРТОВ ПИЈАН СУМ АЛЕЕЕ А ЛЕЕЕЕ А ЛЕЕЕ ЈУВЕЕЕ ЈУВЕЕЕ ДАЈТЕ ги гОловитееее
Шо му даваш сега линк бе пијан е нема ништо да виде требаше сабајле да му дадеш кога ќе отрезнее :haha::haha::haha::haha:после утакмицата Трезе изјави дека е благодарен на gooner4life што верувал во него и што му давал поддршка
abe po sekako sabajle ke gi vidi ili navesti nesoШо му даваш сега линк бе пијан е нема ништо да виде требаше сабајле да му дадеш кога ќе отрезнее :haha::haha::haha::haha:
Diego: «I hope it is nothing serious»Има ли некаква информација за Диего???
За болдот, таков е Јуве под кормилото на Чиро. Никогаш не се повлекува после постигнат гол, знае дека противникот е ранет, и преостанува уште да се докрајчи со втор или трет гол... Денеска, Јуве ми наликуваше на оној Јуве пред Фарсополи, кога на кормилото беше Капело. Не игравме добро, но извојувавме доста важна победа. Токму тие победи кои ги бележи тимот, а во кои не прикажува убедлива игра, се доста важни во понатаможните натпревари.Браво за победата . Добро беше што после постигнатиот гол на Касерес Јуве не се повлече, туку уште поинтензивно притисна и постигна уште еден гол . Тимот ја немаше онаа игра од мечот со Рома, но победа си е победа .
Буфон - Браво за Џиџи . Направи добри интервенции, посебно во првото полувреме од Коларов .
Гросо - Со оглед на тоа што пред 2 дена ги помина медицинските прегледи во Јуве, и со тоа што има се на се 3 тренинзи со тимот, мислам дека Гросо и не изигра слабо . Денеска не упати центаршутеви, сите беа ниски, но се надевам дека ќе се поправи .
Киелини - Брилијантен натпревар на Киело .Денешниот натпревар го изигра безгрешно .
Легротаље - Иако направи неколку добри потези, побројни беа киксовите . Ако не го поништеа голот на Лацио поради офсајд, вината за голот ќе беше 100% на Легротаље, бидејќи направи почетничка грешка. Со тројца противнички играчи до себе атрактивно поддава и тоа во близина на голот .
Касерес - Одличен почеток за Уругваецот . Овој му е прв официјален натпревар за Јуве, и мислам дека успешно го помина. Иако имаше неколку грешки особено во нападот, сепак го даде голот со кој Јуве поведе на натпреварот. Ама како и да е , сепак од Григера изигра поубаво .
Мело - Браво за Мело. Мислам дека незаслужено доби жолт картон овој натпревар, бидејќи на натпреварот имаше стартови што беа многу пооштри од стартот за кој доби жолт картон Мело . Се на се, одличен натпревар за Бразилецот, многу топки пресече на средината и помагаше и на одбраната и на нападот.
Маркизио - Одличен натпревар на Маркизио . Добро се снаоѓа на мал простор . Одлично е да се има играч како него во тимот.
Каморанези - Мислам дека изигра добро . Имаше добри центаршутеви кон Амаури и Трезеге, но направи и доста грешки . Најверојатно се работеше за умор, бидејќи ги изигра 2та натпревари за Италија.
Диего - Факт е дека не изигра на нивото од натпреварите против Рома и Киево, но и на овој натпревар имаше добри потези . Но, мораше да го напушти теренот поради повреда, но за Скај Спорт изјави дека смета дека не е сериозна повредата, но дека утре ќе се знае подобро, бидејќи ќе правел тестови .
Амаури - Учествуваше во креирањето на двата гола, беше корисен за нападот на Јуве и мислам дека супер изигра, иако можеше во една акција да изреагира подобро горе-долу добра партија на Амаури .
Трезеге - Се гледа дека Трезе не го има кажано последниот збор. Очекувам да добие шанса и против Бордо а и против Ливорно, и се надевам дека по постигнатиот гол Трезе ќе ги надоградува одличните перформанси прикажани денеска .
Џовинко - Одлично второ полувреме за Џио. Покажува зошто е нарекуван една од најголемите надежи на Италијанскиот фудбал .
Се на се очекувам дека повредата на Диего да е од минорен карактер, и секако очекувам Јуве да продолжи да победува..
:juve::juve:
И јас се сложувам со тебе за Каморанези и Касерес.За болдот, таков е Јуве под кормилото на Чиро. Никогаш не се повлекува после постигнат гол, знае дека противникот е ранет, и преостанува уште да се докрајчи со втор или трет гол... Денеска, Јуве ми наликуваше на оној Јуве пред Фарсополи, кога на кормилото беше Капело. Не игравме добро, но извојувавме доста важна победа. Токму тие победи кои ги бележи тимот, а во кои не прикажува убедлива игра, се доста важни во понатаможните натпревари.
Е околу Касерес не се сложувам. Не бев баш нај нај импресиониран од неговиот приказ денеска. Постигнувањето на голот беше голем плус за него, го постигна во доста критичен за Лацио период, и секоја чест за тоа. Но, мислам дека Касерес не беше одличен како што ти викаш. Ијако, во одбрана на Касерес морам да кажам дека поради мрзливоста и неактивноста на Каморанези при нападите на Лацио, Касерес во повеќе наврати беше принуден сам да се справува со нападите по таа лева крилна позиција на Лацио, предводени од Коларов особено, што не беше така лесно.
Кога веќе го спомнав, и за Каморанези не се сложувам дека беше добар, како што велиш. Доста себичен на моменти, и доста лоши центаршутеви упати. Освен некои два-три максимум добри дриблинзи, не видов ништо друго од Камо. Се надевам на негови подобри изданија во иднина.
За другото, горе долу се сложувам. Честито нека ни е победата, доста важна, но морам да кажам дека не со многу уверлива игра. Мило ми е што Трезеге и Касерес постигнаа гол, ќе им се крене самодовербата.