Многу бледа игра.. Не оти Челзи имаше подобра, но Дрогба си ја искористи шансата.. Но не е се завршено, за 2 недели ги пречекуваме на домашен терен и мислам дека таму ќе биде неизвесно..Само се надевам дека ќе оздрават дотогаш Салихамиџич или Де Чеље зошто овој Молинаро вечерва го изигра својот најслаб натпревар во Јувентус..Босингва си играше криенка со него, и се надевам дека конечно Раниери ќе размисли да го седне на клупа, кога ќе се врати или Де Чеље или Салихамиџич...Стварно беше најслаб на теренот..Дел Пиеро го немаше никаде, а очекував да блесне на овој натпревар, некако демотивирано изигра..Тиаго изигра многу слабо, исто така Киелини беше збунет, едноставно скоро цел тим освен Амаури, Сисоко и Маркизо изиграа под своите можности...1-0 не е преголема предност, и мислам дека можеме да ја анулираме во Торино со сконцентрирана и мотивирана игра...Челзи не изигра многу поубаво од Јуве, но сепак пак ќе кажам дека си ја искористи шансата..
Кога ја направи Раниери замената Трезеге со Сисоко, наместо Трезеге требаше да влези Џовинко, ќе внесеше свежина и брзина нападот но како и да е, не е загубено ништо..Го пречекуваме Челзи во Торино, за 2 недели на кој се надевам дека ќе влеземе помотивирано од почеток...
Forza Juventus!!!!