Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.051
Поени од реакции
5.693
Јас мислам дека на местото на Григера може да биде ставен Де Чеље, а централни да бидат Мелберг и Легротаље..А ништо не би ме зачудило ако го видам и младиот Лорензо Ариаудо посебно по прекрасните перформанси прикажани на мечот против Монако и Катанија..Многу пати Кристијан Поулсен во Севиља играше на позицијата централен дефанзивец, ама не знам дали Раниери би се дрзнал да го стави него на централната дефанзивна позиција..Како и да е ќе дознаеме в Недела..

Кико, сега пишував за ова на фан-клуб Милан.
Се надевам дека и ДелПјеро (уште нема ништо конкретно тука), и Кака, ќе останат во калчото.
Не знам за Кака, ама сигурен сум со глава дека Дел Пиеро ќе ја заврши својата кариера во Јувентус, и знам дека глави ќе летаат ако се дрзне некој да размисли да го продаде Дел Пиеро од Јувентус.. Дел Пиеро во Јувентус е ЛЕГЕНДА НА ДВЕ НОЗЕ...Не знам дали знаеш, кога Дел Пиеро преседа три натпревари на клупа кога тренер во Јуве беше Капело, и имаше ПРОТЕСТИ на НАВИВАЧИТЕ пред вратите на клубот, а замисли што би се десило ако се дрзнат да се впуштат во бизнис во кој би било вклучено и името Дел Пиеро.. Некои работи не се купуваат со пари, и Дел Пиеро ќе ја заврши кариерата во Јуве!!!
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.474

Знам Кико, ама мислам дека погрешно размислуваш. Протести на навивачи имало и во други клубови. Навивачите на Лацио неколку пати ќе го запалеа градот, посебно кога го продадоа Неста. Протести ќе има за Кака. Ама тоа нема ништо да промени, затоа што луѓето на кои им се понудени толку пари веќе не се во состојба да размислуваат за ништо друго туку како да ги земат.

Сега не зборуваме за трансфер на ДелПјеро зошто тоа не е ни шпекулација. Треба прво другата страна да пројави некаков интерес за тоа. Но она што го коментирав беше изјавата, која значи само едно: го нудат за 120 милиони. И кога утре шеикот би ја прифатил, хипотетички, ќе остане на ДелПјеро сам да се бори да остане, како што тоа сега го прави Кака, кој ја губи борбата. Дури и татко му не е на негова страна.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.051
Поени од реакции
5.693
Сега не зборуваме за трансфер на ДелПјеро зошто тоа не е ни шпекулација. Треба прво другата страна да пројави некаков интерес за тоа. Но она што го коментирав беше изјавата, која значи само едно: го нудат за 120 милиони. И кога утре шеикот би ја прифатил, хипотетички, ќе остане на ДелПјеро сам да се бори да остане, како што тоа сега го прави Кака, кој ја губи борбата. Дури и татко му не е на негова страна.
Тоа 120милиони е метафора, бидејќи досега имам заприметено дека Џиљи многу работи ги кажува метафорично..Еве ќе ти дадам еден примерм, Манчестер Сити даваа 100 милиони за Буфон..Зошто не го продадоа, туку Гиљи излезе и вети дека Буфон ќе го почне првиот меч на новиот стадион во 2011 година, и Џиџи ќе биде неостварен сон на Манчестер Сити?? Некои работи не се купуваат со пари, така да сметам дека и доколку би понудиле толкава сума, тоа би останало само нивна неостварена желба..Дел Пиеро ќе остани во Јувентус до крајот на кариерата, во тоа сум најсигурен во мојот живот!! Дел Пиеро беше првиот после пресудата која ја доби Јуве за преселба во Сериа Б, изјава која ја даде половина час по дадената пресуда дека останува во Јувентус и во добро и во лошо, и мислам дека некои работи не се забораваат..Дел Пиеро во Јувентус е можам комотно да кажам рамниште на РЕЛИГИЈА.. Затоа сум сигурен дека Дел Пиеро нема шанси да замине од Јуве!

Сваќам дека ова тебе ти изгледа како скриена понуда, ама те уверувам дека тоа е само фикција, и нема никаква поврзаност со реалноста...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.474
Не се согласувам, но искрено се надевам дека си во право.

Инаку Вијали, Раванели, Баџо, Виери, Инзаги... Сите овие беа големи играчи на Јувентус кои на првата повисока понуда ги продадоа. Таква им беше трансфер политиката. Можеби сега се други луѓе, со друга политика...
 
апец

Јувентус фан
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.083
Поени од реакции
60
Дел Пиеро е само сон и илузија за Манчестер Сити. Некои работи не се купуваат со пари а за се друго постои мастеркарт.:pos2:

А за мечот со Лацио ке биде интересно да видиме дали Полсен ке игра бек, Имаше едно клипче како му вади ребра на еден напаѓач кога играше бек во данска. А кај е Кнежевич. да не е расипан. Никој не го спомнува, ако е здрав и подготвен може да добие шанса.
 
Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Некои Работи Се Бесценети. Некои работи не се купуваат со Пари.
Алекс е Бесценет. Легенда на Јуве.:salut:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.051
Поени од реакции
5.693
Не се согласувам, но искрено се надевам дека си во право.

Инаку Вијали, Раванели, Баџо, Виери, Инзаги... Сите овие беа големи играчи на Јувентус кои на првата повисока понуда ги продадоа. Таква им беше трансфер политиката. Можеби сега се други луѓе, со друга политика...
Види вака..Дел Пиеро е ВРВОТ!!! Дел Пиеро заедно со Бониперти се најголемите бјанконери, и затоа не можеш да го споредиш него со Вијали, Раванели, Баџо, Виери,Зидан,Инзаги итн, кој сите имаат поминато од 3-5 години во Јувентус...Дел Пиеро има 15 ГОДИНИ КАРИЕРА ВО ЈУВЕНТУС.. НЕМА ШАНСА, ТЕОРЕТСКА... Побрзо ќе ме убедиш дека кукавицата е цар на животните, него ли дека Дел Пиеро има некаква шанса да замине од Јуве!
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.474
Види вака..Дел Пиеро е ВРВОТ!!! Дел Пиеро заедно со Бониперти се најголемите бјанконери, и затоа не можеш да го споредиш него со Вијали, Раванели, Баџо, Виери,Зидан,Инзаги итн, кој сите имаат поминато од 3-5 години во Јувентус...Дел Пиеро има 15 ГОДИНИ КАРИЕРА ВО ЈУВЕНТУС.. НЕМА ШАНСА, ТЕОРЕТСКА... Побрзо ќе ме убедиш дека кукавицата е цар на животните, него ли дека Дел Пиеро има некаква шанса да замине од Јуве!
Не те убедувам дека ќе замине, ти реков, не е ни шпекулација уште. Те убедувам дека изјавата од денес е со таква намера. Уште еднаш, ова ќе се расчисти само ако стигне понуда од Сити, па ќе видиме кој какви намери имал. Инаку џабе правиме муабет.

Инаку не се сомневам во тоа дека ДелПјеро и во таква ситуација ако го доведат нема да стори се за да остане, и ако биде така заслугата ќе биде негова.

Не можеш да ме убедиш дека луѓето што го водат фудбалов денес нема да продадат играч на 32 години за тие пари, без разлика колкава легенда е ( и не мораш да болдираш постојано знам за кој се работи :smir: ). За 120 милиони се во состојба да си ги продадат мајките.

Видиш, Зидан го испуштив. Предноста на ДелПјеро во однос на другите е во годините поминати во клубот. Но сепак, и Зидан, и Баџо, и Вијали, беа богови.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Кико, сега пишував за ова на фан-клуб Милан.

Изјавата дека не го продава ни за 120 милиони значи дека веќе е понуден за продажба. Ова е пробниот балон кој го пратија до Сити.

Кака е легенда на Милан, ДелПјеро на Јувентус. Ни еден навивач не сака да бидат продадени, но очигледно раководствата размислуваат бизнис а не фудбал. Дали можеме да земеме 120 милиони за играч при крајот на кариерата...?

Страв ме фаќа од ова што се случува, мислам дека ако продолжат вака арапите, Сериа А гадно ќе настрада, ќе остане без најдобрите играчи. Овие пари што се нудат се надвор од секоја економска логика и навреда за сите луѓе на светов што се мачат да заработат парче леб. Време е за ограничувања во буџетот по примерот на НБА, инаку не му се пишува добро на фудбалот.

Се надевам дека и ДелПјеро (уште нема ништо конкретно тука), и Кака, ќе останат во калчото.
Da se razbereme, Del Piero e legenda na Juventus, ama Kaka ne Milan ne e, Legenda na Milan e Maldini,a Kaka ne moze za 3-4 godini pominati vo klubot da prerasne vo legenda apsurdno e.

Не те убедувам дека ќе замине, ти реков, не е ни шпекулација уште. Те убедувам дека изјавата од денес е со таква намера. Уште еднаш, ова ќе се расчисти само ако стигне понуда од Сити, па ќе видиме кој какви намери имал. Инаку џабе правиме муабет.

Инаку не се сомневам во тоа дека ДелПјеро и во таква ситуација ако го доведат нема да стори се за да остане, и ако биде така заслугата ќе биде негова.

Не можеш да ме убедиш дека луѓето што го водат фудбалов денес нема да продадат играч на 32 години за тие пари, без разлика колкава легенда е ( и не мораш да болдираш постојано знам за кој се работи :smir: ). За 120 милиони се во состојба да си ги продадат мајките.

Видиш, Зидан го испуштив. Предноста на ДелПјеро во однос на другите е во годините поминати во клубот. Но сепак, и Зидан, и Баџо, и Вијали, беа богови.
A deka ovie bile bogovi vo Juventus cisto sumnjam. Osobeno ne Zizu
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.051
Поени од реакции
5.693
Те убедувам дека изјавата од денес со таква намера.
А јас те убедувам дека си во гигантско голема заблуда.. Сите во Јувентус, од чистач до Џон и Лапо Елкан ја знаат големината на Дел Пиеро, и никој не би се дрзнал, а посебно не некојси Гиљи кој во клубот е 2 години да дава скриени понуди, завиткани во обланди!! Јас тебе те убедувам дека Дел Пиеро нема да си оди од Јуве,мада и 200 милиони да дадат!!!!
И те убедувам дека изјавата ја вртиш од контекст, и ти се причинува дека има скриена порака...А е многу јасно кажана...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.474
A deka ovie bile bogovi vo Juventus cisto sumnjam. Osobeno ne Zizu
Па добро, незнам како си ги дефинирате легендите. Ако во тоа спаѓаат само играчи кои го поминале целиот живот во клубот, ОК. Секој клуб си има по некој таков.

Но има и играчи кои за неколку години во клубот станале вистински ѕвезди. Овие кои ги наброивме во моментот кога беа продадени беа најдобри, во самиот врв на својата кариера, и тоа не го спречи раководството да ги продаде. Да не ги продаделе, можеби и тие ќе остареле во клубот.

Не го споредувам ДелПјеро со нив. Вие зборувате за сентименталности, гледате на целава работа како навивачи. Се што ви кажувам е дека луѓето кои ги водат клубовите, не размислуваат така.

ЕДИТ:

ОК Кико, уште еднаш, се надевам дека си во право.

Добра ноќ на сите!
 
Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
IsSonoInterista :) Ако пробаат да го продадат Јуве на Делпиеро како прво другхи ке полудеат и нема да го дозволат тоа бидејки е еден од легендите и икона на тимот кој служи за пример на другите(случајов со кака види што се случува иако не е долго време во Милан).
Ако сакаше Алекс да си оди ке го направаше тоа кога си отидоа "верните" играчи шо го "сакаа" Јуве,кога отидовме во 2 лига.Ама се виде кој е срцето на тимот.Се надевам дека сфати,бидејки тоа тешко се опишува и ти неможеш да го сфатиш лесно бидејки вие немате таков играч во вашиот тим.:wink:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.474
IsSonoLuzerista :) Ако пробаат да го продадат Јуве на Делпиеро како прво другхи ке полудеат и нема да го дозволат тоа бидејки е еден од легендите и икона на тимот кој служи за пример на другите(случајов со кака види што се случува иако не е долго време во Милан).
Ако сакаше Алекс да си оди ке го направаше тоа кога си отидоа "верните" играчи шо го "сакаа" Јуве,кога отидовме во 2 лига.Ама се виде кој е срцето на тимот.Се надевам дека сфати,бидејки тоа тешко се опишува и ти неможеш да го сфатиш лесно бидејки вие немате таков играч во вашиот тим.:wink:
Прво ако сакаш да дискутираш без навреди, затоа што јас цела вечер пишувам на темава и во фан-клуб Милан и во вашиот, и не сум навредил никого. И таму ти напишав, има еден дечко што се вика Хавиер Занети, Ел Капитан, игра цел живот во Интер, исто е што и Малдини во Милан и ДелПјеро во Јувентус. Ќе ти прогледам низ прсти поради годините, уште си млад...
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.051
Поени од реакции
5.693
Па добро, незнам како си ги дефинирате легендите. Ако во тоа спаѓаат само играчи кои го поминале целиот живот во клубот, ОК. Секој клуб си има по некој таков.
Зарем треба дефиниција да ги одредам квалитетите на Дел Пиеро? Едноставно глупаво ми е да поставам прашање Дали Дел Пиеро е легенда?? Тоа и врапчињата во Италија го знаат...Тоа што е Малдини за Милан, тоа е Дел Пиеро за Јувентус..
Но има и играчи кои за неколку години во клубот станале вистински ѕвезди. Овие кои ги наброивме во моментот кога беа продадени беа најдобри, во самиот врв на својата кариера, и тоа не го спречи раководството да ги продаде. Да не ги продаделе, можеби и тие ќе остареле во клубот.
Ете ги продале..И што? Го продадоа Зидан, со тие пари го купија Буфон, Турам и Недвед..Зидан беше еден од најдобрите да, ама не беше значаен како што е Дел Пиеро сега...Плус тоа, има уште една околност..Верноста на играчот, кој не го напушти тимот кога тонеше.. Си го познавам клубот, и сигурен сум дека Дел Пиеро е UNTOUCHABLE

Не го споредувам ДелПјеро со нив. Вие зборувате за сентименталности, гледате на целава работа како навивачи. Се што ви кажувам е дека луѓето кои ги водат клубовите, не размислуваат така.
Навивачите на Јуве многу добро знаат што мислење имаат сите за Дел Пиеро во тимот, независно дали е чистач или Претседател на клубот, и јас знам..За друг не можам да ти гарантирам дека ако стигне толкава понуда дека сигурно ќе остане, ама за Дел Пиеро се потпишувам со мојот живот!
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.474
Зарем треба дефиниција да ги одредам квалитетите на Дел Пиеро?? Дечко, го имаш ли ти воопшто гледано Дел Пиеро, што значел и што значи неговата игра за Јувентус?? Едноставно глупаво ми е да поставам прашање Дали Дел Пиеро е легенда?? Тоа и врапчињата во Италија го знаат...Тоа што е Малдини за Милан, тоа е Дел Пиеро за Јувентус...
Добро бе Кико што е со тебе вечерва?

Кој ги спори квалитетите на ДелПјеро?
Кога реков дека не е легенда?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom