Дел Пиерo: Не можам да сум посреќен
Алесандро дел Пиеро сподели дека не може да биде посреќен по двата погодока против Реал Мадрид на "Бернабе" во Лигата на шампионите.Дел Пиеро му го осигура успехот на тимот со 2-0 и практично го пласираше во 1/8 финалето во Лигата на шампиони.
"Не можам да сум посреќен од ова. Победивме, изигравме неверојатен натпревар, јас постигнав два погодока и што може да биде подобро од тоа"- кажа напаѓачот.
"Вакви моменти се исклучително емоционални и сум среќен што публиката ме испрати на нозе кога го напуштав теренот. Тоа се едни позитивни моменти за мене"- додаде тој.
"Да постигнеш два погодока и да победиш на таков голем натпревар, а на крај домашната публика да те испрати на нозе е чудесно"- кажа уште Дел Пиеро.
Јуве веќе се практично во 1/8 финалето во Лигата на шампионите, но ова време пред две години тимот играше во серија Б поради скандалот во Калчото.
"Никогаш нема да го заборавам престојот во Серија Б, не сакам да го заборавам. Преживеав се со цело срце и насмевка на лицето, јас го избрав тој пат и знаев дека ќе се вратам во Серија А и Лигата на шампионите. За мене тоа не беше крај на една ера, таа продолжува"- заврши Дел Пиеро.
znam deka ste go procitale ama neka si stoi na fan klubov