Според информациите на гол.ком (нормално, информацијава ќе ја прифатев со потсмев ако тоа не го стореа и некои италијански медиуми вклучувајќи ги и Ла Национал и Тутоспорт, и Раи Уно) Моџи најавува шокантно враќање во Сериа А..Вчера добил некоја жалба од апелација заедно со Де Сантис и Бертини и италијанските медиуми очекуваат да најди некоја дупка и повторно да се врати во Италијанскиот фудбал..
Исто така, медиумите дури и му го предвидуваат следниот ангажман, а тоа е консултант за трансфери, а некои дури го поврзуваат и со Јувентус да го замени Алесио Секо..
Според Ла Национал и Тутоспорт голема е веројатноста Моџи да ги ослободи од врат обвинувањата по судски пат...Особено по добиената битка во апелација..
Исто така Тутоспорт пишува дека Јувентус веќе долго време го следи Диего од Вердер Бремен, и зависно од тоа колку далеку Вердер ќе стигни во Лигата на Шампионите, и ако нивниот учинок е слаб, се очекува Диего да се пресели во Торино веќе во Јануарскиот преоден рок на трансфери, знаејќи дека Управата доби пари од газдите на клубот финансии за јануарскиот преоден рок да го засили тимот...
Баш очекувам да видам како ќе се разплетат сите работи околу Моџи, и дали има барем малку вистина во ова за Диего...Иако сметам дека ако одбираме еден меѓу Диего и Швајнштајгер мислам дека Швајни подобро би се снашол во Јувентус а и со Италијанскиот фудбал воопшто, ама и Диего е јак фудбалер кој поседува голема техника и би бил многу добро освежување во средината на Јувентус...Кој и да го земат нема да згрешат..Само дали ќе им се одврзува ќесето како што најавуваат, ќе видиме во иднина