Зошто сега не се критикува Раниери?Или сега чини, добар тренер е?
Јуве со онаква мотивација која што ја имаа денес (посебно првото полувреме) мислам дека нема тим на светот кој нема да биде совладан. Полно ми е срцево, среќен сум максимално..Кога викав дека оптимизмот е многу закон работа?
Јуве може да победи секого..Плус многу ме изнервираја сабајлешните шпекулации на медиумите кои веќе го ставија Манчини за тренер на Јуве, дека демек биле вчера на вечера Гиљи со Манчини, и стотина стории, дека на Раниери му се избројани деновите во Јуве и стотици приказни..Раниери го УБИ Шустер на тактички план! Кралевите беа поразени, но сега не чека возвратниот дуел..Тој ќе биде потежок натпревар од овај, но дотогаш ќе се вратат од болница неколку играчи, и Раниери ќе има поголем избор, и се надевам на позитивен резултат од Сантијаго Бернабе..Амаури, ЅВЕРЕТИНА...Секоја чест...Недвед, ме потсети на онај стариот, бомба...Дел Пиеро?НО КОМЕНТ..Капитен..Едноставно цел тим изигра солидно...Браво, многу сум среќен...Сега моите мисли се насочени кон градското дерби, ама мислам дека го победивме феноменот на слаба реализација, и очекувам Торино да биде совладан...