Изгледа трпението на фановите на Јувентус околу Молинаро заврши..На сите официјални Јувентус форуми гласно 100% се против Молинаро,почнаа нагло да се шегуваат на негова сметка, навивачите го исвиркуваат на терен поради неговата катастрофална игра..Претури млекото, само се надевам дека Раниери сега ќе знае што прави и дека нема да му дава голема слобода во играта, Де Чеље е тука, млад, полетен, сака да си ги докаже своите квалитети и мислам дека е далеку подобра опција него ли овај Молинарово..Молинарово треба да си се врати во Сиена, таму нека трча, нека се бори, нека киксира..Јуве не е таков тим во кој може да се толерира таква игра втора сезона..Се покажа едноставно дечкото дека толку му се способностите и нема тука што да правиме..Искрено, на почетоков на сезонава имаше црвче во мене кое ми викаше „Почекај за Молинаро!!Гледај го Легро, каков беше каков стана...“и стварно првата полусезона беше тапа, ама втората полусезона од минатата година, се препороди, играше многу стабилно, сега е константен, цврст, борбен секоја чест, дури и Маестро Липи го викна за Репрезентација и тоа не е мала работа..Од друга страна Молинаро продолжи со слаба игра, киксовите наместо да ги намалува тој прави повеќе, и мислам дека е печен за во Каљари,Сиена,Падова..За во Јувентус не е..