Торпедо, во право си..Ајде сега, Јувентус да трпи, зошто Молинаро се трудел?Ајде сваќам, да му се даде шанса повеќе, да се навикне на играта, да созрее во тимот, и со својот максимум да придонесе нешто во тимот...Ама, и ова чекањево е многу долго кај него, од еден кикс во друг поголем влегува, и искрено да ти кажам некни со Зенит беше врв на неговата ступидна игра, и требаше она да биде освестување на Управата и Раниери, дека треба повеќе да размислува на опцијата Де Чеље, и во зимскиот преоден рок под хитно да се ангажира играч на местото на Молинаро..Не е убаво цел тим на Јуве да пати, поради еден киксер, да го чека да му тргне..Му тргна, му тргна, не му тргна, жално, но тоа е..Има тимови од понизок ранг кај што може да си ја најде среќата..
Имавме во минатото еден пример не беше ваков каков што е Молинаро, но и тој кога дојде многу грешки правеше, а тоа е Легро..Но, вториот дел на ланската сезона беше добар, годинава е повеќе од одличен и мислам дека заслужува и првотимски статус.Значи му се даде шанса, се виде дека ја заслужува и го респектираме..За разлика од Молинаро кој неговата форма стагнира, (можам да речам и дека оди во надолна линија во однос на ланската сезона)многу грешки прави, почетнички киксови..И после се буни зошто бил исвиркуван..Јуве не е тим во кој може да му се даде бесконечно шанси на Молинаро да му тргне, и да пати клубот и во бодовна и во секаква смисла поради тоа што на господинот не му одело сега, ама кај и да е ќе го акни една штица по глава и ќе научи да игра фудбал..Трча, се труди, тоа не го оспорувам, но не е целата поента во трчањето..Одбанбената задача му е покатастрофална од самата катастрофа..Накревањата, високите топки му се покатастрофални и од катастрофалната катастрофа..Исто како со 10 мина на терен да играме...