По многу интернет проблеми еве ме и мене да го анализирам малку натпреварот..Јакинта и Амаури се испромашуваа,ама како викаат, зафркнато е да се нема среќа..Амаури го постигна голот вреден 3 поени и мислам дека ќе биди страв и трепет за противничките голмани..Мое мислење е дека не е до играчите, туку ете, едноставно не сакаше да влези, а и Хандановиќ беше како дух, насекаде го имаше, секоја чест, мен оф д меч..Инаку, Поулсен и Сисоко мислам дека ќе бидат нумеро уно дует во средината, пресреќен сум кога ги гледам колку добро соработуваат..Сисоко го има буквално на секое место од теренот, за секоја топка се бори како да е таа последната..Поулсен, и покрај сите перипетии за него, игра многу стабилно, константно, токму тоа што му е потребно на Јувентус..Многу прецизни пасови, добар шут, стабилен во дефанзивните задачи, и мислам дека во споредбава за тоа како игра Чаби Алонсо во Ливерпул во моментов, и Поулсен, мислам дека сме го направиле правилниот избор, иако го зедоа Поулсен дупло поефтино..Луѓе, Џовинко е уште млад, и ве уверувам дека Раниери знае што прави, и дека ќе го повлече правилниот потег околу овој играч..Мелберг, играше солидно, само што на крајот од кога заводија како да се опушти малку, така да треба да добие лекција дека играта се игра дури не свирни судијата, зошто може да се случи она што ни се случи против Фиорентина..Еве неколку добри слики за на десктоп: