Меѓународен фудбал
ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ТИФОЗИТЕ НА "СТАРАТА ДАМА"
Јуве ќе има 106 милиони евра за трошење
Челниците на Јувентус открија дека најтрофејниот италијански клуб ќе добие огромна финансиска инјекција при своето враќање во Серија "А". Имено, бордот на директори на "Старата дама" предводен од претседателот Џовани Колоби Гиљи одобри буџетот за засилувања на Јувентус за следната сезона да изнесува неверојатни 106 милиони евра.
"Нашиот план за развој што го усвоивме минатата година се состоеше и од планирање за развојот на клубот за следната сезона. Свесни сме дека ќе ни бидат потребни засилувања за од Јувентус повторно да направиме тим конкурентен за титулата, и затоа обезбедивме пари за тоа да се случи. Мислам дека 106 милиони евра се сосема доволно пари за да создадеме фантастична екипа бидејќи и во моментов во својот тим имаме неколку елитни играчи", изјави Гиљи за италијанските медиуми.
Интересно е што сопствениците на клубот потврдија дека Дидие Дешамп ќе го води Јувентус и во следната сезона, иако популарноста на Французинот меѓу тифозите на "Старата дама" драстично опаѓа во последните неколку месеци.
Информацијата за огромни вложувања во Јувентус сигурно ќе ги израдува најголемите "ѕвезди" на тимот, Буфон, Трезеге и Дел Пјеро, откако дел од нив се заканија дека ќе си заминат доколку оваа екипа не е доволно конкурентна во трката за скудетото.
"Наша главна цел ќе биде да го задржиме Буфон, подготвени сме да му дадеме богат договор за да го оствариме тоа. Исто така, подготвени сме да му ја исполниме и втората желба на Џиџи, од Јуве повторно да направиме голем клуб. Затоа убеден сум дека Буфон ќе остане во нашиот тим во крајот на својата кариера", истакна спортскиот директор Жан-Мишел Блан.
...javuva Makedonski Sport...ova e odlicna vest :je: