Пред се пофалба на Јуве за прикажаната игра (не беше сто посто перфектна) но со оглед на резултатот сум многу задоволен...Многу добра партија, интересен фудбал, па ова сепак беше дербито на Италија..Сепак со оваа победа најмногу му се радувам на тренерот Раниери..Се гледа дека е класа тренер..Ипак, мислам дека и со не толку звучни имиња како што не е случајот во Интер(кој има итекако звучни имиња), направи тим усогласен,тим за високи дострели, плус неколку корекции кои сами посебе ќе си дојдат во летниот преоден рок, за наредната година очекувам Јуве да го гледам во борба за скудетото..Годинава исто како и на тимот, така и на тренерот Раниери и мене приоритет на клубот ми е да освои од прво до четврто место, односно пласман во Лигата на Шампионите..Е сега за вгодина..Мислам дека Раниери заслужува да му се даде шанса, зошто се гледа дека е посветен тренер на својата работа, тренер кој не е сепак безгрешен, успеа тотално да го надмудри помладиот Манчини(кој btw располагаше со имиња како Креспо,Виеира итн само на клупата)Само, не ми се допаѓа кај Клаудио е што во моментов(а и добар дел од сезоната)многу му дава доверба на Молинаро, многу го увеличува, а на терен прави многу лапсуси(нема многу корисни накревања,додавања итн)..Другите се комси-комса:smir:
Мислам дека без Буфон(кој btw е најдобриот голман на светот) не можи Јувентус во никој случај да е онаму каде што е..Повторно на врвот, повторно во борба за скудетото, после сите премрежја и патење од страна на клубот и неговите навивачи, заради некој лични сатисфакции на одредени раководни луѓе на клубот, ама нејсе..Се надевам дека тој црн период за Јуве заврши и идат светли денови за Јувентус:wink:
Буфон: The best goalkeeper in the whole world:wink:
Легротаље играч кој не е стандарден во својата игра, но во последно време како да се навикна на играта на Јувентус, па неговите грешки се мноогу помали во однос на првиот дел од сезоната...
Џорџо Киелини играч без кого не можи да се замисли одбраната на Јувентус..Борбен, подвижен, неуморлив за секоја топка, со неговата физичка конституција може да се „бори“ со сите играчи моментално во Сериа А
Зебина моќен и снажен играч..Сепак, добар е, се снаоѓа...Груба игра е негов стил...
Стендардо мислам дека сака да се докаже и да покаже , и да успее во тоа, се труди, го има насекаде...
Молинаро нема да бидам премногу груб ако кажам дека е лузер на годината...Па да не претерам, годинава во Јуве има барем по 1-2 до 3 добри потези од него на натпревар, се другото се сведува на грешка...
Григера не многу стабилен играч..Некој натпревар може да изигра брилијантно, а на некој да го нема никаде ни за жив, сепак не е многу стандарден првотимец...
Андраде тие неколку утакмици што ги изигра мислам дека е квалитетен играч, и дека набрзо ќе се приклучи на тренинг кампот на Јуве..
Каморанези Трча, го има насекаде..Столбови на средината се со Сисоко..Многу нервозен, знај да влези во конфликт, но сепак е играч кој дава огромем придонес за тимот..
Кристијано Занети мислам дека е преценет фудбалер и од Раниери и од целата фудбалска јавност..Ама сепак....
Тиаго Мислам дека полека но сигурно ќе си ја пронајди формата, и дека ќе блесне во Јувентус...Верувам во него..На минатата утакмица со Наполи не потсети дека не заборавил на фудбалската игра, и сега со Парма ако не прва постава, очекувам дека барем ќе влези како замена и че се покажи во добро светло...
Сисоко комбајн,жнија, собира топки, на секаде го има, многу трча, борбен, не се предава..Многу добар играч е тоа и мислам дека не треба да се испушти од раце!!Уште да додавањата да поработи малку и ќе нема како него...
Марко Маркиони Играч кој мене лично многу ми прави ќеф..Знај да се ослободи од противничките играчи, знае добро да се постави, располага со брзина и е многу интелегентен играч
Павел Недвед иако се наоѓа во залезот на кариерата се труди,трча,многу е фаулиран, но сепак корисен за екипата со неговите продори...
Салихамиџич имаше добра партија против Интер..Но мислам дека постои феномен околу овој играч..Кога ќе почни од почеток на утакмица да игра тогаш бледа игра покажува, не ни лоша ни добра, туку тера стандард..А кога ќе влези како замена трча, се бори и покажува прогрес...
Носерињо не ме импресионира мене многу..Иако кај Раниери ужива огромна доверба...
Винченцо Јакинта мислам дека е класа играч, напаѓач од втор план, но многу опасен...Знае да ја исконтролира топката до максимум,и поседува огромен рефлекс и чувство за гол..Мислам дека заслужува да игра постојано прв состав, но ете..
Алесандро Дел Пиеро зарем треба да објаснувам за овој човек?no comment..Делата покажале и докажале...
Давид Трезеге no comment..Делата покажале и докажале...Исто така...
Паладино млад надежен играч, репрезентативец на Италија,и мислам дека заслужува многу повеќе шанса да добие да игра, да се надигрува..Но со Трезеге,Јакинта,Делпиеро, тешко да фати прво место во напаѓачката формација,но како играч во средниот ред, нешто како полушпиц може да се вметне..
Е сега...ни треба минимум еден елитен деганзивец,ни треба еден плејмејкер..Нешто како Диего, ВанДерВаарт...Диего според последните најави веќе има потпишано преддоговор со Реал Мадрид така да ВДВ ни е слободен, Кварезма се јавува како опција може да се ангажираат..Сепак ќе видиме каква ќе му биде политиката на Раниери и на Бланк во летниот преоден рок, кој очекувам да се донесат квалитетни играчи..(преддоговор со нас има одбранбениот играч Олаф Мелберг од Астон Вила..
Јуве во срцето..:ЦРНО БЕЛА БОООЈАААА