Фалсификат на пописот Македонија 2011

Член од
31 јули 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ме интересира дали некој има информации како гласи законот на пописот 2011 во областа на кој треба да го сочинува попишувачкиот тим.Знам дека треба да биде составен од двајца, но дали е задолжително еден од попишувачите секогаш да е македонец, како што мислам дека е логично во држава што се вика Македонија или дозволено е некаде да има тим само од националностите, на пример албанец и турчин:Вакви примери гледам многу често кај тимовите надлежни за попис на чисто етничко албанско население, нивната цел е очигледна, но ме интересира дали има и законска подлога.
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.895
Поени од реакции
717
Законски е да има 1 македонец и 1 албанец,а доколку лицето е по националност турчин може да бара да го попиште турчин но меѓутоа тоа е само дополнителна работа,ние кај што работиме кога ке им кажат дека ке се вратат за некој ден со турчин викаат ајде ајде нема врска па се пополнува двојазична или македонска (има и 5-то јазични).И тие што се чисто етничко албанско население обавезно оди и македонец со нив,па секој притисок извршен се пријавува кај надлежниот и се оди нагоре хиерархиски и после полицијата си регулира натака.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.130
Поени од реакции
4.823
Законски попишувањето во една општина го вршат двете најголеми етнички заедници.

Чаир - албанци и македонци

Врапчиште - албанци и турци

Радовиш - македонци и турци

Липково - албанци и срби

Старо Нагоричани - македонци и срби

итн
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Еден убав ден оваа власт ќе заврши обесена на плоштад.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Мора Албанците да излезат 25% , све е пазарење затоа и сега нигде ги нема да се бунат , после изборите е све договорено..такада очекувајте резултативе да бидат крш.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Дали следуваат казни за бојкот пописот? Односно ако не ги примат попишувачите...
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981
A ako voopsto ne ti se pojavat popisuvaci na vrata, koj togas odgovara ??? :))
Не може да не ти се појават. Се знае дека се одржува попис и кога тогаш ќе бидеш попишан, дали порано или подоцна.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Мора албанеците да излезат 25% , све е пазарење затоа и сега нигде ги нема да се бунат , после изборите е све договорено..такада очекувајте резултативе да бидат крш.[/quote

Еден ден кога ќе излезат на попис ќе ги снема тие нереални 25%,реално се 10-15%.Затоа они не излегуваат на попис
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Се надевам дека нема да имам забрана за пишување и тука на оваа тема затоа што на една слична тема која се занимава со пописот неможам да го искажам своето мислење иако досега никого за ништо не сум навредил осен ако тоа не сум го направил со тоа што мислев малку поинаку од другите- од мнозинството.
Тоа што законот има многу празнини, допринесе овој попис да не биде успешен. Пописот немаше да биде успешен дури и во случај да завршеше на планираниот датум од една единствена причина, а тоа е исполитизираноста на истиот. Исполотизирано беше се од почеток и крај и плус од сите страни и тоа ни е јасно на сите нас. Овој попис беше пропаднат уште пред да започне затоа што национализмот во нашите луѓе е толку голем, што почнувам да мислам дека живеам во некоја од најнедемократските земји во светов. На другите места на кои се пишува за темава се плука на сите страни и по секого без притоа да се размисли дали сите тие луѓе кои се ставаат во еден кош некогаш нам лично ни имаат згрешено нешто, дали ние некогаш сме направиле нешто добро за нив, дали можеби и ние некогаш на нив сме им згрешиле. Оваа нетолеранција ја нема никаде и жал ми е што тука а и на сите други страници каде што постојат форуми, поголемиот дел од луѓето само покажуваат колку се мали и колку голем национализам, страв од другиот од различниот носат во себе. Денес насекаде се зборува за тоа дека овој попис е прекинат само поради стравот на албанците дека ке имаат помал број. Но денес со тоа се покажува еден друг страв дека ние не сме подготвени да се соочиме со некои реални факти. Ние не сме подготвени да адаптираме еден обичен закон а камоли да се адаптираме самите со цел да живееме заедно со оние кои не зборуваат, не се облекуваат, не се од иста религија како нас. Ние денес треба да се запрашаме што ќе се случеше ако се покажеше дека албанците во македонија се 25% а што ќе се сменеше ако тие се 13%??? Дали сметате дека ако се помалку треба да се прегазат? Дали со тоа тие треба да ги изгубат своите права, права да бидат вработени, да бидат прегледани од лекар без притоа да чекаат 50 луѓе да влезат кај докторот преку врски или затоа што зборуваат Македонски? Дали тоа ќе значеше дека на овие луѓе не им требаат факултети и тие треба да бидат неписмен народ кој само ќе работи по ниви? Што е лошо во тоа тие да имаат права и конечно правилнода се интегрираат во оваа земја во која пак не се само тие поразлични од нас. Тука се и турците, ромите, власите, евреите, србите. Зарем не чувствувате колку сите овие поинакви од нас се дискриминирани на овој или оној начин, само заради тоа што не зборуваат како нас или не и припаѓаат на нашата религија?
Јас можам да ви потврдам (затоа што живеам со овие луѓе и потекнувам од место каде што тие се мнозинство), дека со нив може да се живее. Тие ми имаат помогнато многу повеќе од било кој друг Македонец тогаш кога ми било најпотребно и затоа ви тврдам дека ние треба да се потрудиме да слушнеме што тие бараат. Епа ако тие се плашат дека ако не се попишат и оние кои по два три месеци се во државава, секоја година, носат пари тука, плаќаат сметки тука тогаш од што се плашиме ние??? Ако е така а ние не сакаме да слушнеме тогаш ние се плашиме дека ако е така тогаш тие ќе бидат во право? А дали сте размислиле колку наши сограѓани за последниве години ја напуштија земјава затоа што таа не им понуди услови за подобар живот? Знаете ли дека во западниот дел од Македонија овие луѓе буквално со наведнати глави и солзи во очите ги напуптија своите домови и заминаа со надеж дека еден ден ќе се вратат. Струшкиот, кичевскиот, тетовско гостиварскиот , мавровско реканскиот, регионот на центар жупа и дебарсиот регион на се преполовени. Но тоа не значи и дека тие луѓе не се тука. Тие се постојано овде. Цело време по некој од нивните фамилии доаѓа да донесе пари за новиот бизнис, новата куќа, да ја види болната мајка и брат, доаѓааат за жал најчесто кога некој наш ќе почине таму по белиот свет. И сега според вас ако не треба да се попишат овие луѓе, тогаш еве да речеме во Мавровско реканскиот регион од 10.000 ќе дојдеме до бројка од 4.000 жители. Ова нема да значи само намалување на бројката и докажување дека едните се помалку од другите. Ова ќе значи и нов помал буџет за општината, намалување на број на советници, намалување на многу работи. Е сега да ве запрашам дали вие сте се прашале како опстојуваат овие општини, фирмите кои функционираат таму и сл. Дали знаете дека сите фирми работат за време на летото и зимата кога печалбарите се дома и тогаш вадат пари за да можат да се покријат преку цела година. Да не се овие печалбари овие општини ќе допропаднат на сметка на оние големите каде што секојдневно се градат споменици, мостови, патишта. Па тие пари кои се трошат се и на овие граѓани!! Зарем сега кога ќе се покаже дека во општините има помалку луѓе ќе се средат работите? Или пак напротив ќе се влоши животот на граѓаните затоа што намалувањето на бројот не значи и намалување на проблемите туку првично ќе значи намалување на парите за тие реони, намалување на вработувања, намалување на проекти и многу друго. Но едно да ви е јасно на сите. Овие луѓе се враќаат, и еден ден тоа ќе го направат засекогаш а ние треба да сме спремни да ги прифатиме. Ова значи дека ако денес се 13 % по една година може да се вратат и повторно да бидат 25%. Дајте да размислуваме како да се решат проблемите а не да правиме проблеми. нека стават во листовите за попис еден посебен во кој ќе се евидентираат сите оние кои се на привремена работа во странство и кои редовно доаѓаат во македонија. Дајте да видиме колку се надвор а колку се внатре а потоа ако тука се 13% нека добијат толку, но нека се знае дека надвор ги има уште 12%. Од тоа штета никој нема да има а државата ќе добие многу
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.895
Поени од реакции
717
Ај од почеток:
Прво во законот немаше пропусти.Да ти го објаснам вака: Се попишува лице што живее континуирано во државата.Тие што се повеќе од 12 месеци надвор НЕ се попишуваат.Се попишува само со лична,пасош (само 1 документ) ИЛИ извод СО уште еден документ(здравствена книшка или други наведени што беа).Пописот да беше политилизиран ке беше продолжен уште 15 дена со што им отвара можност на браќата дупол препис од Тетовско(селата) во Тетово(градот) и нормално поголем % нивни,плус да напоменам дека за секој надминат процент они добиваат 1000 вработувања.(26% на минатиот,па види ти кој е фалсификат а кој не).Од аспект на живот можам да кажам дека има МАЛКУ соживот а многу повеќе глума и глумење мегусебен супер однос.Староседелците и оние поразвиените/образованите ДА има соживот ама другите...не баш.Да испаднеа повеќе од 26% (нивна цел беше 33%,сите општини двојазични) ке немаше вработувања за нас и најверојатно на другиот попис ние ке бевме малцинство -.- Во случај да беа помалку од 26% (односно да беше реалната бројка нивна прикажана) несакам да размислувам какви се сценарија можат да се случат на и во Македонија.Паѓа цел рамковен во вода со тоа паѓа и тој малку соживот што го имаме со нив,што е прилично добро сценарио за војна бидејки знам на што се спремни и какви закани имаше (не наведувам каде,само беше на повисоко место/функција) од типот "Оooo ako ispadneme pomalce ce vidite sto ke bide" и тој тип муабети.За соживот секој може да го изгради ако сака,како што има соживот со турците,босанците,бошњаците може да има и со албанците,нешто што јас немам проблем со тоа затоа што живеам во таква населба и имам супер односи со сите етнички заедници...ама вистинската слика е сосема друга.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Се надевам дека нема да имам забрана за пишување и тука на оваа тема затоа што на една слична тема која се занимава со пописот неможам да го искажам своето мислење иако досега никого за ништо не сум навредил осен ако тоа не сум го направил со тоа што мислев малку поинаку од другите- од мнозинството.
Да не ти го цитирам цел пост, многу си се распишал...
Ама очигледно оти не знаеш како стојат работите во државава.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
151
Поени од реакции
179
Димитар, се работи за добра воља, за тоа дали сакаме да правиме или да решаваме проблеми. Ние очигледно сакаме да создаваме. Јасно е дека дури и обичните граѓани гледаат на пописов како нешто од кое зависи се. Ако ние гледаме така, а гледаме, тогаш така ќе гледаат и другите. Ако сакаа да направат фер попис тогаш ќе најдеа решение и за оние кои не се подолго од 12 месеци надвор т.е оние за кои јас пишувам а тоа се печалбарите. Според законот тие имаат право да бидат попишани( затоа што тие во странство не се преку цела година) но нема кој да ги попише затоа што во моментов не се тука и затоа што тоа им е забрането на нивните најблиски ( ако вие сметате дека за најблизок не може да се смета татко, брат, сестра тогаш сум во криво). Јас само зборам реално затоа што тие луѓе утре ќе се вратат дома, во своите куќи, во својата земја. Ако сега прикажеме дека тука се 17% албанци, 3 % турци, 2 % срби и сл. тогаш лесно мже да се случи сите оние кои се надвор уште утре да ни се вратат дома и повторно да имаме нереални бројки. Затоа повеќе од потребно е да знаеме кој сме , колку сме, и каде се не има. Проблемот е тука, треба да се реши а потоа е лесно. Ако внатре во македонија ги има само 17 или 13 или 22, колку и да се, тогаш нека добијат онолку колку што во моментов треба, но нека се знае дека уште неколку проценти се надвор. Истото важи и за македонците кои се на привремена работа во странство а и за сите останати. не смееме да дозволиме овие граѓани да не се евидентираат затоа што здравје боже утре повторно ќе има избори па овторно со 200 гласа во европа ќе се изгласа некој пратеник. Ако пак тука правилото дека секој граѓанин има право да гласа па макар и да е во странство( а од таму не се вратил и 10 години) важи, тогаш зошто да не важи и правилото да се попише некој кој редовно доаѓа дома? Ее јас разбирам демек пописот е за внатрешна употреба, епа тогаш овие странциве кои не сакаме да ги попишеме за каква употреба се? Само за полнење буџет? За нив нема да се планира ништо во наредниве 10 години демек тие не се тука и државата за нив не треба да води грижа. Па тие поради тоа и не се тука, затоа што државата не ни прашува како живеат и како се мачат за да ги донесат своите пари овде. Ние треба да се радуваме што тие одлучија да заминат наместо да штрајкуваат тука како тутунарите и земјоделците,а државата нема обврска да им наоѓа вработување. Вие мислите дека со радост се заминати таму и дека доколку утре се подобри живеачката кај нас, тие нема да си дојдат и тука да бараат работа? Јас би сакал мојот брат да не мора да живее на запад затоа што тука и покрај тоа што има дипломирано и магистрирано, државата не му дала шанса да си најде работа и егзистенција. Јас знам дека и мојот брат и роднините на албанците, турците, србите, бугарите, хрватите, власите и т.н.т уште утре би се вратиле дома, ама како што гледам подобро е и јас да си ги соберам парталите, затоа што во луѓево врие, сите се спремни за тепање ама кога ќе дојде време за тоа сите ќе се кријат како што правеа пред 10 години.
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Море среќа го прекинаа пописот па се спасив пројдов не „попишан„ :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom