Се надевам дека нема да имам забрана за пишување и тука на оваа тема затоа што на една слична тема која се занимава со пописот неможам да го искажам своето мислење иако досега никого за ништо не сум навредил осен ако тоа не сум го направил со тоа што мислев малку поинаку од другите- од мнозинството.
Тоа што законот има многу празнини, допринесе овој попис да не биде успешен. Пописот немаше да биде успешен дури и во случај да завршеше на планираниот датум од една единствена причина, а тоа е исполитизираноста на истиот. Исполотизирано беше се од почеток и крај и плус од сите страни и тоа ни е јасно на сите нас. Овој попис беше пропаднат уште пред да започне затоа што национализмот во нашите луѓе е толку голем, што почнувам да мислам дека живеам во некоја од најнедемократските земји во светов. На другите места на кои се пишува за темава се плука на сите страни и по секого без притоа да се размисли дали сите тие луѓе кои се ставаат во еден кош некогаш нам лично ни имаат згрешено нешто, дали ние некогаш сме направиле нешто добро за нив, дали можеби и ние некогаш на нив сме им згрешиле. Оваа нетолеранција ја нема никаде и жал ми е што тука а и на сите други страници каде што постојат форуми, поголемиот дел од луѓето само покажуваат колку се мали и колку голем национализам, страв од другиот од различниот носат во себе. Денес насекаде се зборува за тоа дека овој попис е прекинат само поради стравот на албанците дека ке имаат помал број. Но денес со тоа се покажува еден друг страв дека ние не сме подготвени да се соочиме со некои реални факти. Ние не сме подготвени да адаптираме еден обичен закон а камоли да се адаптираме самите со цел да живееме заедно со оние кои не зборуваат, не се облекуваат, не се од иста религија како нас. Ние денес треба да се запрашаме што ќе се случеше ако се покажеше дека албанците во македонија се 25% а што ќе се сменеше ако тие се 13%??? Дали сметате дека ако се помалку треба да се прегазат? Дали со тоа тие треба да ги изгубат своите права, права да бидат вработени, да бидат прегледани од лекар без притоа да чекаат 50 луѓе да влезат кај докторот преку врски или затоа што зборуваат Македонски? Дали тоа ќе значеше дека на овие луѓе не им требаат факултети и тие треба да бидат неписмен народ кој само ќе работи по ниви? Што е лошо во тоа тие да имаат права и конечно правилнода се интегрираат во оваа земја во која пак не се само тие поразлични од нас. Тука се и турците, ромите, власите, евреите, србите. Зарем не чувствувате колку сите овие поинакви од нас се дискриминирани на овој или оној начин, само заради тоа што не зборуваат како нас или не и припаѓаат на нашата религија?
Јас можам да ви потврдам (затоа што живеам со овие луѓе и потекнувам од место каде што тие се мнозинство), дека со нив може да се живее. Тие ми имаат помогнато многу повеќе од било кој друг Македонец тогаш кога ми било најпотребно и затоа ви тврдам дека ние треба да се потрудиме да слушнеме што тие бараат. Епа ако тие се плашат дека ако не се попишат и оние кои по два три месеци се во државава, секоја година, носат пари тука, плаќаат сметки тука тогаш од што се плашиме ние??? Ако е така а ние не сакаме да слушнеме тогаш ние се плашиме дека ако е така тогаш тие ќе бидат во право? А дали сте размислиле колку наши сограѓани за последниве години ја напуштија земјава затоа што таа не им понуди услови за подобар живот? Знаете ли дека во западниот дел од Македонија овие луѓе буквално со наведнати глави и солзи во очите ги напуптија своите домови и заминаа со надеж дека еден ден ќе се вратат. Струшкиот, кичевскиот, тетовско гостиварскиот , мавровско реканскиот, регионот на центар жупа и дебарсиот регион на се преполовени. Но тоа не значи и дека тие луѓе не се тука. Тие се постојано овде. Цело време по некој од нивните фамилии доаѓа да донесе пари за новиот бизнис, новата куќа, да ја види болната мајка и брат, доаѓааат за жал најчесто кога некој наш ќе почине таму по белиот свет. И сега според вас ако не треба да се попишат овие луѓе, тогаш еве да речеме во Мавровско реканскиот регион од 10.000 ќе дојдеме до бројка од 4.000 жители. Ова нема да значи само намалување на бројката и докажување дека едните се помалку од другите. Ова ќе значи и нов помал буџет за општината, намалување на број на советници, намалување на многу работи. Е сега да ве запрашам дали вие сте се прашале како опстојуваат овие општини, фирмите кои функционираат таму и сл. Дали знаете дека сите фирми работат за време на летото и зимата кога печалбарите се дома и тогаш вадат пари за да можат да се покријат преку цела година. Да не се овие печалбари овие општини ќе допропаднат на сметка на оние големите каде што секојдневно се градат споменици, мостови, патишта. Па тие пари кои се трошат се и на овие граѓани!! Зарем сега кога ќе се покаже дека во општините има помалку луѓе ќе се средат работите? Или пак напротив ќе се влоши животот на граѓаните затоа што намалувањето на бројот не значи и намалување на проблемите туку првично ќе значи намалување на парите за тие реони, намалување на вработувања, намалување на проекти и многу друго. Но едно да ви е јасно на сите. Овие луѓе се враќаат, и еден ден тоа ќе го направат засекогаш а ние треба да сме спремни да ги прифатиме. Ова значи дека ако денес се 13 % по една година може да се вратат и повторно да бидат 25%. Дајте да размислуваме како да се решат проблемите а не да правиме проблеми. нека стават во листовите за попис еден посебен во кој ќе се евидентираат сите оние кои се на привремена работа во странство и кои редовно доаѓаат во македонија. Дајте да видиме колку се надвор а колку се внатре а потоа ако тука се 13% нека добијат толку, но нека се знае дека надвор ги има уште 12%. Од тоа штета никој нема да има а државата ќе добие многу