Хаха ја читам темава и интересна..еве јас ќе ви ја кажам мојата перспектива најреално според мене...Ја сум студент на факултетов , бизнис логистика,во скопје,автокоманда,трета година,финиширана....факултетов во скопје,е една зграда реновирана споена со албанскиот дел од средно птт..на два спрата се располага со неколу канцеларии и 10-тина предавални од кои предавална еден 1 и 2 се тие по-капацитетните , другите се (као) училни.Протоколот на факултетот си бара редовност да се разбереме..значи работи на систем на поени(било што било до 2011-12, кога заради пробив и репутација било и полесно), сега си обврзан да доаѓаш редовно,во зависност од распоредот на предавања и вежби.Задолжителна е и проектна задача која мора да ја презентираш пред сите студенти,бидејќи е еден од условите за да можеш да полагаш.Цел семестар одиш за да собереш поени,и условот за да го полагаш предметот ти е да освоиш 42 можни поени од максимум 70.Во семестар се погаѓа и предмети (обични тие што се изборни) да немора да доаѓаш на предавања,се случуваат и такви попусти но еве у моево студирање од три години(сега запишувам и четврта од септември) дали се десило еднаш до два пати по еден предмет од можни 5 од овие 6 семестри.Многу ниско го рангираа кога се запишав,као ваков е таков е боза е..па ме удри чекан по глава кога сфатив какви професори има и која ригорозност се држи.Во однос на професорите поголемиот процент се професори со поткован статус и знаење,тоа неможе да се оспори,но има некои тирани кои буткаат на испит заради тоа што му е кејф и разноразни произволни фактори кои праат еден вид на неправда.Усното полагање е тоа што можеби ја балансира тежината,тоа е уведено од 2013 , баш и кога се запишав, зошто претходно било писмено и се правеле пропусти.Али со уведувањево на усново значи ако не научиш , џабе си ги пробуваш шансите на испит зошто мора се да знаеш,незнаеш што те прашуваат...плус тука доаѓаат фактор трема, итн итн, што има професори кои не ги интересира,така да ти паѓај си,на твоја загуба е.Со економски не го споредувам,имаат слични предмети,во зависност од обем на материјалот можеби се некои 15-30% пократки,али самиот систем на обврзување со бодовиве,презентирање,идење на два колоквиума,па после откога ке освоиш услов, да одиш усно да полагаш и не е баш онака пичкин дим, ко шо гледам споредбиве што ги праат погоре...зошто на уким кога ги даваат тие прашања на испит ( кој и дали ќе го идеш ако ги средиш двата колоквиума на време) им е со механизам на заокружување на 4 понудени одговори,слични еден со друг..жити се,ако ти си научил и ако тоа ти е препрека и изговор за тежина,отпиши се од факс,не се мачи
..а кај е делот со обврзување за идење редовно?(исклучок на некои професори кои го барале тоа,ама бог да ги прости еве од што беа пречесни со нивните титули па и ги затворија
)..така да , од тој аспект има тежина..а од аспект на организираност...ќе се поштедам од хејт, на неорганизираноста, со каснење на рокови,паѓање на систем,па треба нешто у штип да стигне па не се вратило, па те нема у систем,па те има,па поени си немал,па си имал,тука идат пола нерви...оверал оценка од 1 до 10? 5 евентуално 6,чисто ради тоа што стручноста на струката е одлична,опфаќа многу,ако учиш и ако го апсорбираш тоа има апсолутни вредности,недостатоци се неорганизираноста и неправдата од некои професори кои лечат фрустрации.и да не го заборавам делот со условот за фаќање година, имаш 30 кредита по семестар, и мора да освоиш број на кредити за да не паднеш година во случај за прва година према втора 36 од 60 кредити, втора година према трета 90 од 120,трета година спрема четвра 150 од 180 (иако имаш избор да го земеш со три години односно 180 кредити,ко што праат тие со сила што го гураат и го влечкаат по 3-4 години)..за услов кон магистерски односно 5-та година потребни ти се 210 од 240 итн итн...