Колеги, може ли збор два за интернет програмирање на клиентска страна. тежина, професори и сл. Вреди ли предметот, има ли нешто поврзано со предметот шаблони околу js? Ако не го земам сега, можам ли понатаму во 5-ти семестар?
Здраво,дали ќе може некој да ми објасни како функционира делот со мејлот што го праќаат од Финки на Iknow профилот? Пошто ми го пуштија мејлот само без пасворд,за што ќе користи тој мејл во иднина?
Колеги, може ли збор два за интернет програмирање на клиентска страна. тежина, професори и сл. Вреди ли предметот, има ли нешто поврзано со предметот шаблони околу js? Ако не го земам сега, можам ли понатаму во 5-ти семестар?
Интернет програмирање на клиентска страна се учи Java Script. Во врска со тежината не е тежок но бара константно учење не е предмет што би се научил во една недела значи ако му посветиш доволно време ќе го научиш за да го положиш. Ако го имаш учено веб дизајн во прва ќе ти биде полесно да го совладаш иако тоа не е мерило. Има 5 лабораториски вежби кои на крај на семестарот се полагаат и се добива поени за нив. Можеш и во 5ти да го избереш.
Колеги, може ли збор два за интернет програмирање на клиентска страна. тежина, професори и сл. Вреди ли предметот, има ли нешто поврзано со предметот шаблони околу js? Ако не го земам сега, можам ли понатаму во 5-ти семестар?
Како што кажа и колешката предметот бара да му посветиш време и најпаметно би било да се учи редовно и да се положи на колоквиуми бидејќи на испит даваат потешки и пообемни задачи а премалку време во кое мислам дека е невозможно да се решат двете задачи. Според мене исто така е премногу истрчан материјалот од втор колоквиум и само во еден час се поминуваат JSON и jQuery што воопшто не е доволно. Шаблони го немам слушано ама знам дека имаат доста сличности и ги држат истите префесори и асистенти. Предметот е L2 (ниво 2, можеш да го видиш тоа во шифрата на секој предмет) и можеш да имаш 6 такви изборни предмети и да ги земеш во кој семестар ти сакаш секако доколку исполнуваш услови. Во секој случај интересен предмет, средна тежина.
Некој што дипломирал ако може да ми каже дали темата што ја бирам има некаква врска со менторот и со предметите кои ги држи или можам да го одберам било кој професор за било каква тема?
Како професор дефинитивно можам да потврдам дека менторот не мора да биде од областа на дипломската. Ако менторот се сложи може да договорите дипломска од која сакате област. При пријавувањето на дипломска, барем досега, менторот пополнува област и наслов и кои ќе бидат членови на комисијата (тогаш кога ќе ја завршите и ќе треба да ја браните).
На ФИНКИ (скоро)сите професори се избрани да работат во било која област од информатиката.
Но, сметајте дека не се сите професори компетентни за секоја област. Колку подолго е некој професор, поспецијализран станува за само неколку области, а ги пропушта сите освен генералните знаења за други области (освен ако нема бесконечно слободно време и бесконечен ентузијазам за учење нови работи).
За вас е подобро ако менторот знае повеќе од вас во областа, инаку нема правилно да ве насочува и нема да научите повеќе, а тоа е целта на секој предмет, па и на дипломската.
Моја препорака е да размислите кој сакате да ви биде ментор и да отидете на https://dl.acm.org (ACM е најголемото здружение за наука и образование од областа на информатиката во светот) и да пребарате по име и презиме кои трудови ги има објавено. Ако се од областа тогаш најверојанто ќе знае повеќе од вас и ќе може да ве насочува. Ако нема од областа, тогаш сте на ризик. Може да пребарате и во други бази на трудови, но нема да биде толку селективно и насочено кон информатика.
Патем на мојот сајт имате список на проекти и теми на кои поканувам студенти да се приклучат и соработуваме во рамки од предметни проекти, дипломски, постдипломски предмети или трудови или генерално интерес за вклучување во научни истражувања.
Тежина на предметите Бази на податоци и Веб програмирање во споредба со некој од предметите од првите две години? Дали трета година е исто толку напорна како и втора (во однос на задолжителните предмети)?
На ФИНКИ нема однапред утврдено кој професор ќе го предава кој предмет, сите предмети може да се сменат целосно секој семестар. Постапката за распределување професори за следниот семестар тукушто започна, сеуште не е готова. Поради ова, во овој момент било кој совет за предмет земајте го со резерва.
На пример, на Бази различните професори држат различно.
За групите на Бази на кои предавав досега јас, има информации на (https://bazi.finki.ukim.mk) каде може да видите што се работело во минатото, со листи на студентски проекти (треба да ги ажурирам деновиве и со најновите завршени проекти).
Наставата и обврските секогаш ги организирам проектно, следејќи искуства од колеги од познати универзитети во ЕУ и САД, и за тоа како да се држат и испитите и наставата.. Тежината на предметите секој различно ја сфаќа, тешко е да се каже во една реченица за кого е вака потешко, а за кого е полесно или поинтересно. Секој студент е различен и кога постои желба за добра комуникација, има добри можности за тоа, со секој поединечно без разлика колку се на број. Испити со заокружување нема, туку има конкретни реални и применливи задачи кои имаат некаква цел во информатичкото секојдневие.
Повеќе постови наназад на форумов, ќе ви укажат дека сум проблематичен и ќе ви препорачаат да не ме избирате како професор. Информирајте се вака, но најдобро е да си ги прашате самите професори за детали како го планираат предметот. Не заборавајте професорите на секој предмет може да се сменат. Оваа година многу работи се сменија и поради епидемијата.
За да не се дискутираат препораки по анегдотални примери, подолго време работам на истражувања за тоа што точно влијае на успехот на различните предмети, како и конкретно на овој предмет, со цел препорачување на избор на предмети, препорачување на теми и фокус во рамките на предметот, со цел најдобро поклопување со интересите на секој поединец. Сознанијата се развиени како адаптивен систем за лично препорачување, кој сеуште не е овозможен како официјален сервис на ФИНКИ; како што имаат огромен број на универзитети во светот. Има подолго време напори да се овозможи, но сеуште не се финализирани. Ако некој е заинтересиран за експериментирање со ваков систем врз база на општи податоци и за совети за избор на предмети од областа бази на податоци, информациски системи, софтверско инженерство, графика, дигитизација, може да ме контактира во термини и начини објавени на мојот сајт и на стандардните факултетски места.
Повторувам, потенцијално може да се сменат професорите на секој од предметите, бидејќи сеуште не е одлучено за претстојниот семестар. Тоа се одлучува одново на почетокот на секој семестар. Затоа сите совети што ќе ги прочитате тука или на друго место, за кој и да е предмет земајте ги со резерва.
Здраво колеги. Доколку не изберам Напредно програмирање сега во трет семестар, дали ќе можам да изберам во петти? Бидејќи не го дава во понудените изборни предмети за петти семестар. (на ПИТ сум)
Здраво колеги. Доколку не изберам Напредно програмирање сега во трет семестар, дали ќе можам да изберам во петти? Бидејќи не го дава во понудените изборни предмети за петти семестар. (на ПИТ сум)
Според новата програма, треба да имаш 1 предмет од L1(прва година), 6 предмети од L2(втора година), и неограничено од L3(трета и четврта се тие) . Вкупно изборни во втора година на ПИТ има токму 6, што значи дека се задоволува условот. Се што е над оваа бројка - 6, не се брои во кредити за дипломирање- што значи дека можеш да го избереш предметот во 5ти семестар, ама кредитите нема да ти се важат, ако до 5ти семестар веќе имаш земено 6 предмети од L2.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.