Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
23 декември 2009
Мислења
9
Поени од реакции
1
Дали Вовед во компјутерски науки е нешто исто што и вовед во информатика?
 
Член од
14 септември 2020
Мислења
1
Поени од реакции
12
Моето искуство со дупката без дно наречена ФИНКИ:

- Оставен си сам да учиш: професорите и асистентите (освен maybe Стојменски) се апсолутно бескорисни. Гледаат да го поминат материјалот што е можно побрзо и воопшто не им е гајле дали сте разбрале или не. Тие можеби имаат стекнато знаење за себе, но едно маче да ставиш да биде професор подобро ќе го пренесе од нив. Доколку самостојно учите 70% од времето ќе го поминете барајќи извори од каде да учите бидејќи материјалот на Courses, не само што е срање, намерно го прават што е можно покомплицирано. Имајте во предвид дека ако самостојно го учите материјалот, нема да имате висока оценка по некои предмети без разлика колку се трудите.

-Youtube и Udemy ви се најголеми пријатели: Презентациите и материјалот на Courses 99% од времето се непотребно комплицирани и лошо направени. За секој предмет практикувајте да барате материјали преку интернет. Книгите од кои се базирани предметите не е реалистично да може да ги прочитате цели во рок од 1 семестар, па видеа од 20 минути до 1 час ви се најдобра опција.

- Високи оценки (за задолжителни предмети) не се можни со самостојно учење: Високи оценки се добиваат ако имате огромно предзнаење (на пр. ако веќе имате работено на апликација/веб страна/било што) или ако знаете некој постар да ви помогне да го совладате материјалот или ако одите во приватна IT академија. Ако сами се обидете да го совладате материјалот ќе ви биде екстремно тешко, ќе мислете дека сте глупи што едвај положувате и на крај ќе се радувате на една мочана 6ка.

- Целта на ФИНКИ е да ви ги цица парите: ако сакате убаво да научите одете во приватна академија како Brainster, Seavus и останати места за привилегирани и богати луѓе. Ќе плаќате 1000 евра годишна, ама барем ќе има некој да ве научи и нема да се нервирате без потреба. Ова е анегдотално, но имав колега кој прва година едвај положи Структурно Програмирање, па почна да оди на академија во Seavus (бидејќи имаше пари) и таму во Seavus убаво го спремиле и секој предмет со програмирање после тоа добиваше високи оценки и многу лесно ги положуваше, Објектно Ориентирано, Алгоритми и Податочни Структури, Оперативни Системи, Напредно Програмирање, сите ги положи без преполагање и тоа со висока оцена.

- Учите програмирање од проектор: незнам кој ментално хендикепиран имбецил од кадарот на ФИНКИ му текнало: "еј, знаеш како најдобро се предава програмирање на компјутер ... ако студентите носат тетратки и во нив запишуваат што куцаме од проектор". Најлогично мислам е да се направат снимени видеа каде додека се куца кодот се дава објаснување како секој друг tutorial на интернет, но што знам па јас.

- Некои изборни предмети се буквални замки: Овде како пример го ставам предметот Виртуелни Општества. Кога го запишав овој предмет видов дека нема предуслови, видов дека се учеше Python, па очекував да го искомбинирам со Системи на Знаење (каде истотака се учеше Python) и очекував дека штом нема предуслови нема да биде премногу тежок. WRONG. Предметот бараше огромно предзнаење со Python и огромно предзнаење со машинско учење (иако немаше предуслови), и јас бидејќи не најдов некој да прашам да ми објасни како се одвива предметот, запишав предметот за кој не бев спремен и паднав.

- ФИНКИ е буквален scam: Уште да ви го прикажам овој screenshot од пред 2-3 години кога од 800-900 студенти кои се пријавија да полагаат Дискретна Математика 2, можите и сами да видите колку положиле:

ZMwym9j.jpg

Толку од мене, останете ми живи и здрави и имајте во предвид дека во кадарот на ФИНКИ се највештите крадци во Северна Македонија. Ви наплаќаат за знаење кои сами го барате, и цел им е да ве бутнат што е можно повеќе (очигледно сакаат максимален профит). Поради тоа не се разочарувајте доколку паднете по некој предмет, не сте глупи, системот така е дизајниран. Земете ја дипломата, и бегајте што подалеку од ова проколнато, пеколно место.
 
Последно уредено:

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.345
- Целта на ФИНКИ е да ви ги цица парите: ако сакате убаво да научите одете во приватна академија како Brainster, Seavus и останати места за привилегирани и богати луѓе.

-------------------

Толку од мене, останете ми живи и здрави и имајте во предвид дека во кадарот на ФИНКИ се највештите крадци во Северна Македонија.
1600083423204.png
*и не, не е ова од ФИНКИ.

Толку од мене.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.924
Поени од реакции
12.418
Здраво, дали после дипломирање можам да се најавам на системот за електронско досие? И кој беше сервисот?
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.345
Здраво, дали после дипломирање можам да се најавам на системот за електронско досие? И кој беше сервисот?
Пробај, мене ми дава "невалидни податоци за најава". А други сервиси можам да користам (diplomski, courses...)
finki.iknow.ukim.mk
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.924
Поени од реакции
12.418
Пробај, мене ми дава "невалидни податоци за најава". А други сервиси можам да користам (diplomski, courses...)
finki.iknow.ukim.mk
Да, и мене истото ми го дава. Шо е малце глупо, ако ми требаат некакви податоци за предметите кои сум ги слушала, уверение итн мора се ова да се брка директ на факултет. @Bidikov дали имаш некое инфо околу ова?
 
Член од
27 август 2020
Мислења
31
Поени од реакции
10
Здраво, сакам да прашам дали објекто ориентирано програмирање е предуслов за некој предмет од 3 семестар?
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.638
Поени од реакции
3.654

Не, предуслови за 3ти можеш да имаш само од предмети од 1ви
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.638
Поени од реакции
3.654
Има ли некој претходни испити по Дискретна математика? Ако може да ми прате или тука или у порака би му бил ногу благодаран.
 
Член од
1 јуни 2020
Мислења
22
Поени од реакции
3
Има ли некој претходни испити по Дискретна математика? Ако може да ми прате или тука или у порака би му бил ногу благодаран.
Во петок се полага прв колоквиум само, во вториот дел во понеделник втор колоквиум?
 
Член од
24 октомври 2019
Мислења
104
Поени од реакции
34
Моето искуство со дупката без дно наречена ФИНКИ:

- Оставен си сам да учиш: професорите и асистентите (освен maybe Стојменски) се апсолутно бескорисни. Гледаат да го поминат материјалот што е можно побрзо и воопшто не им е гајле дали сте разбрале или не. Тие можеби имаат стекнато знаење за себе, но едно маче да ставиш да биде професор подобро ќе го пренесе од нив. Доколку самостојно учите 70% од времето ќе го поминете барајќи извори од каде да учите бидејќи материјалот на Courses, не само што е срање, намерно го прават што е можно покомплицирано. Имајте во предвид дека ако самостојно го учите материјалот, нема да имате висока оценка по некои предмети без разлика колку се трудите.

-Youtube и Udemy ви се најголеми пријатели: Презентациите и материјалот на Courses 99% од времето се непотребно комплицирани и лошо направени. За секој предмет практикувајте да барате материјали преку интернет. Книгите од кои се базирани предметите не е реалистично да може да ги прочитате цели во рок од 1 семестар, па видеа од 20 минути до 1 час ви се најдобра опција.

- Високи оценки (за задолжителни предмети) не се можни со самостојно учење: Високи оценки се добиваат ако имате огромно предзнаење (на пр. ако веќе имате работено на апликација/веб страна/било што) или ако знаете некој постар да ви помогне да го совладате материјалот или ако одите во приватна IT академија. Ако сами се обидете да го совладате материјалот ќе ви биде екстремно тешко, ќе мислете дека сте глупи што едвај положувате и на крај ќе се радувате на една мочана 6ка.

- Целта на ФИНКИ е да ви ги цица парите: ако сакате убаво да научите одете во приватна академија како Brainster, Seavus и останати места за привилегирани и богати луѓе. Ќе плаќате 1000 евра годишна, ама барем ќе има некој да ве научи и нема да се нервирате без потреба. Ова е анегдотално, но имав колега кој прва година едвај положи Структурно Програмирање, па почна да оди на академија во Seavus (бидејќи имаше пари) и таму во Seavus убаво го спремиле и секој предмет со програмирање после тоа добиваше високи оценки и многу лесно ги положуваше, Објектно Ориентирано, Алгоритми и Податочни Структури, Оперативни Системи, Напредно Програмирање, сите ги положи без преполагање и тоа со висока оцена.

- Учите програмирање од проектор: незнам кој ментално хендикепиран имбецил од кадарот на ФИНКИ му текнало: "еј, знаеш како најдобро се предава програмирање на компјутер ... ако студентите носат тетратки и во нив запишуваат што куцаме од проектор". Најлогично мислам е да се направат снимени видеа каде додека се куца кодот се дава објаснување како секој друг tutorial на интернет, но што знам па јас.

- Некои изборни предмети се буквални замки: Овде како пример го ставам предметот Виртуелни Општества. Кога го запишав овој предмет видов дека нема предуслови, видов дека се учеше Python, па очекував да го искомбинирам со Системи на Знаење (каде истотака се учеше Python) и очекував дека штом нема предуслови нема да биде премногу тежок. WRONG. Предметот бараше огромно предзнаење со Python и огромно предзнаење со машинско учење (иако немаше предуслови), и јас бидејќи не најдов некој да прашам да ми објасни како се одвива предметот, запишав предметот за кој не бев спремен и паднав.

- ФИНКИ е буквален scam: Уште да ви го прикажам овој screenshot од пред 2-3 години кога од 800-900 студенти кои се пријавија да полагаат Дискретна Математика 2, можите и сами да видите колку положиле:

Прегледај го приврзокот 266350

Толку од мене, останете ми живи и здрави и имајте во предвид дека во кадарот на ФИНКИ се највештите крадци во Северна Македонија. Ви наплаќаат за знаење кои сами го барате, и цел им е да ве бутнат што е можно повеќе (очигледно сакаат максимален профит). Поради тоа не се разочарувајте доколку паднете по некој предмет, не сте глупи, системот така е дизајниран. Земете ја дипломата, и бегајте што подалеку од ова проколнато, пеколно место.
СЕКОЈ ЗБОР ТИ Е ЗЛАТЕН!!
Btw: која академија точно од seavus ја избрал?
 
Член од
7 септември 2020
Мислења
129
Поени од реакции
31
Здраво, како се одвиваше онлине наставата, се знаеше ли убаво што кога се има или кога им текне тогаш држеа? Испитите како беа?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom