Шаблони за дизајн на кориснички интерфејси - имаш теорија и задачи , по теоријата се учат шаблони на кориснички интерфејси , каде се користат , како изгледат и слично , се полага е-тест на курсес имаш дадено слики од одредени шаблони каде што треба да погодиш на дадената слика кој шаблон/и е искористен , теоријата е прилично лесна , на делот од задачи се учи jQuery(библиотека на JavaScript) на колоквиуми ти е дадено една задача каде што треба да го погодиш кој шаблон треба да се искористи во дадената ситуација и да го имплементираш со html/css и jQuery , теоријата ја држеа Ивица , Иван и Лошковска , задачите ги држеше Влатко Спасев. Заборавив да напоменам дека за делот на задачи можеш да бираш дали сакаш шаблоните да ги црташ во тетратка или да програмираш , со цртање најмногу што можеш да извадиш е 6ка.Мене ми беше прилично интересен и лесен предмет.
Компјутерски мрежи и безбедност - исто имаш теорија и задачи , се учат слоевите од кои е составен интернетот како Апликациски,Транспортен,Мрежен и Податочен се учат подетално секој од овие слоеви , исто и се учат основи на Безбедност како енкрипција со приватен/јавен клуч , RSA и Diffie-Hellman алгоритмите за енкрипција ( само основни работи не се навлага многу длабоко ).За мене беше многу интересен и лесен предмет.
Ако сакаш уште еден лесен изборен предмет земи го Економија за ИКТ инженери , го држи Смилка и како сите други нејзини предмети e многу лесен за полагање.