Нема врска дали имаш предзнаење или не. Ако се потрудиш ќе научиш.
Во средно пола клас немавме книги матерматика, поради тоа што не ги вратиле книгите претходните генерации, на час игравме вртелешка и професорката се водеше по тоа: кој знае - 5ка, кој не знае - 3ка. Па не ми претставуваше пречка некоја (сепак зборам за ПЕТ смерот и за математиките), колку што ми претставуваше недостатокот од материјали и дур да се привикнам како функционира факултетов. Ама со тек на време ќе се научиш да гуглаш, да гледаш јутјуб видеа и ќе го совладаш материјалот.
Конкретно за структурно, тек во последна сесија во втора година го положив. Научна фантастика ми изгледаше пред тоа, апла ништо не знаев. Имав и информатика во средно, па што дека? Да не научив нешто случајно... Па нема врска, за месец - два асално решавање, дур да слегне материјалот и речиси сите поени ги извадив. Не е фалење, туку чисто пример дека и поима да си немаш од животот, да имаш 1 во сведителство екстерно математика (пошто си заокружил све под б), можеш да положиш ако си упорен и се трудиш. Не секогаш сум успевала да се снајдам со туѓ код. Ме бунел дополнително. Голема е веројатноста задачата веќе да ја има некаде на интернет и да е решена на друг начин. Сум знаела да ја искомплицирам до максимум, ама бар ќе ја решам на мој начин и како мене ми е сфатливо. Така ќе знам кој ред што ми значи. За другите предмети може нема да функционира тој мој начин, ама за структурно да. Така што ако некое решение ти нема логика, барај друго. Гуглај го секое можно барање од задачата, па склопувај ја цела задача. Гуглање, гуглање и само гуглање. Предметите со програмирање не се учат од презентации... посебно не од презентациите од ФИНКИ.
Прво би почнала со синтаксата, основите - кое зборче што значи и каква функција врши. Потоа циклусите. Разбирање на задачите со модули што често се среќаваат, како оние - парен, непарен број, најди ја последната цифра, првата цифра од бројот, преврти го наопаку (од типот на: што враќа (a/1000)%100). За тоа бар не ти треба математика, логика ти треба. Ќе решиш една, две, три и јасни ќе ти бидат. Исклучоците, кога решението ќе заглави негде или заврши. Хексадецималните цифри се битни како да ги конвертираш. Па низите, како се манипулира со нив, внесување во низа, барање минимум - максимум, барање на соседен елемент, скокање елементи за да стигнеш до друг елемент. Сортирање во низа. Е после тоа функции. Реши ја прво со обична функција, па после тоа истата задача со рекурзија. Кога ќе ги совладаш низите, одиш на матрици. Пак минимум - максимум, шетање низ матрицата, разбирање кои и се соседни елементи (манипулација со i и ј), сортирање на матрица. Дијагоналите и хоризонталите се многу битни да се разберат, елементите под/над дијагоналата итн. После тоа датотеките, тука веќе побитни се стринговите, пак имаш нова синтакса/нивни функции, како да читаш од датотека, да внесуваш во нејзе. Па покажувачи.
Паралелно со поминување на истиот редослед, откако пример сметаш дека си ги совладал низите, решаваш лабораториски вежби со низи. Порано мислев дека за структурно ти треба некоја којзнае каква математичка основа. Благе везе нема. Логика само. Зимаш лист, си ја црташ матрицата, кој елемент каде треба го преместиш и толку.
Не очекувајте дека нешто ќе научите од презентации или предавања. Дур сам не седнеш да гуглаш, џабе е. Баш поради тоа се губи мотивацијата и желбата, што не знаеш до кај си. Како јас во моментов што симнав курс од интернет, за да положам курс од ФИНКИ затоа што немаме материјали никакви и што сум демотивирана комплетно со скратени живци, како и за друг предмет. Ама тоа е...