@Стев доста тресеше зелени.
И јас првата година имав тешкотии со структурно се додека не земав сам да ги решавам задачите. Побарај од колеги да ти пратат, имаше збирка од по 35-40 задачи само за матрици, 30 за рекурзија, 30 датотеки... Прво, пробувај сам, ако веќе воопшто не се снаоѓаш, ѕирни од решението. Задача по задача, ја јакниш логиката
Приватни часови не ти препорачувам. Логиката се стекнува со самостојно решавање. Ако ги следиш моиве совети, ти гарантирам дека до јуни/август ќе го положиш предметот.
П.с. Датотеките ти се најлесни, после нив матриците. Една да решиш скроз точна, а другава да имаш солидна логика, ќе положиш.