Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
16 октомври 2013
Мислења
3
Поени од реакции
1
Дали ќе може помош околу оваа задача, пример на кој начин може да биде имплементирата, кои би биле класите... Ви благодарам однапред

Конзолна апликација во C#
Туристичката агенција „World“ им нуди на своите клиенти патувања до следниве дестинации: Рим, Лондон, Токио, Софија, Истамбул, Торонто, Мајами, Загреб, Белград и Москва. Цената за една карта до одредена дестинација е многу поволна. Таа зависи само од бројот на буквите во името на дестинацијата, помножено со 1000. Пример: карта до Рим би чинела 3000 денари (3 букви * 1000 денари = 3000 денари).
Бидејќи цените на картите се многу поволни, оваа агенција е многу позната и секојдневно ја посетуваат голем број на клиенти. Па затоа агенцијата се преместила во друга, голема зграда. Во зградата постојат X (вие одредете колку) шалтери на кои може да се купи карта. Во секој шалтер има по еден вработен кој ги услужува клиентите кои ќе дојдат кај него.
Но, одеднаш почнал да се намалува профитот на агенцијата. Газдата забележал дека бројот на клиенти од ден на ден се повеќе се зголемува, но многу малку пари добива на крајот од денот (кога секој вработен го предава профитот од неговиот шалтер). Тогаш на газдата му текнало дека неговите вработени не работат чесно...
Ваша задача е да направите софтвер, со кој ќе му помогнете на газдата. Сценариото е: клиент доаѓа на шалтерот Y, со желба да патува до одредена дестинација. Вработениот проверува дали вршат превоз до таа дестинација. Ако да, тогаш го услужува клиентот т.е. му продава карта (со одредена цена). Газдата во секое време може да ги провери картите или заработката на било кој од шалтерите.
Направете мени со следниве опции:
1. Услужи го клиентот (внеси име, презиме, години и пожелна дестинација за клиентот; и број на шалтер)
2. Продадени карти на шалтерот (внеси број на шалтер) (во даден опсег на време)
3. Вкупен промет на шалтерот (внеси број на шалтер) (во даден опсег на време)
4. Сите продадени карти на агенцијата, организирани по шалтер (во даден опсег на време)
5. Вкупен промет на агенцијата
6. Успешност на агенцијата (однос на: бројот на услужени клиенти од сите шалтери и бројот на сите кленти кои дошле во агенцијата)
7. Излез
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.262
Поени од реакции
1.335
Оваа задача од ФИНКИ ти е ? Не ми се верува некој да дава вакви конзолни задачи во C# :D
Како и да е, задачата треба да ја поставиш на некоја од темите во овој подфорум, бидејќи не сите програмери на форумов ја пратат оваа тема.
 

WeAreWhoWeAre

Mia san mia
Член од
12 јули 2015
Мислења
244
Поени од реакции
511
Индекси кај има во близина на факултетот да се купат ?
За другар прашувам.
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.868
Поени од реакции
10.718
Знаете некој што држи часови по АОК? Контактирајте ме во пп.
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Колеги, ако имате материјали по било кој од предметиве (колоквиумски, испитни и слично) ве молам прикачете:
Податочно рударство
Интелигентни системи
Неструктурирани БнП и XML
Визуелно програмирање
Алгоритми и сложеност

фала однапред!
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.776
Поени од реакции
60.106
Колеги, ако имате материјали по било кој од предметиве (колоквиумски, испитни и слично) ве молам прикачете:
Податочно рударство
Интелигентни системи
Неструктурирани БнП и XML
Визуелно програмирање
Алгоритми и сложеност

фала однапред!
Аудиториски, колоквиумски, испитни по визуелно
https://github.com/tdelev/VP
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.262
Поени од реакции
1.335
Колеги, ако имате материјали по било кој од предметиве (колоквиумски, испитни и слично) ве молам прикачете:
Податочно рударство
Интелигентни системи
Неструктурирани БнП и XML
Визуелно програмирање
Алгоритми и сложеност

фала однапред!
Ланскиот прв колоквиум од алгоритми и сложеност:

На ФИНКИ оваа недела е колоквиумска. По сите курсеви се одржуваат колоквиуми па така и по курсот алгоритми и сложеност. Како што веќе знаете еден од најголемите проблеми на ФИНКИ е бројот на простории. Како и за секој колоквиум така и за овој професорот Цаки има проблем со распределба на студентите по простории. Имено за колоквиумот по алгоритми и сложеност професорот Цаки има на располагање М простoрии во кои треба да распредели N студенти. Професорот Цаки добро ги познава своите студенти, па сака да направи таков распоред во кој студенти кои се другари би седеле во различни простории (со цел да спречи препишување и договарање). Ако го знаеме бројот на студенти N, бројот на простории M и врските помеѓу студентите (кој со кој е другар) на колку начини професорот Цаки може да ги распредели своите студенти и притоа да го задоволи барањето било кои двајца другари да седат во различна просторија.



Влез
Во првата линија се напишани два цели броја N и М (1 ≤ N, M ≤ 20), бројот на студенти и бројот на простории соодветно. Во втората линија е запишан еден цел број К, кој означува колку другарства помеѓу два студенти му се познати на професорот Цаки. Во наредните К (0 ≤ K ≤ 200) линии има по два цели броја i и j (1 ≤ i, j ≤ N) кој означуваат дека студентите i и ј се пријатели. Врската пријателство е двонасочна. Студентите се нумерирани со броевите од 1 до N.



Излез
Во една линија се печати бројот на начини на кои може да бидат распоредени студентите по простории. Ако не постои распоределба според барањата се печати 0 (нула начини да се направи распределбата).



Ограничувања
Временско ограничување: 5 секунди
Мемориско ограничување: 64 мегабајти

влез
3 3
3
1 2
2 3
3 1

излез
6

Во фабриката за кошули на Виктор дневно се произведуваат огромен број на кошули. За да се произведе една кошула портебно е да се оди по однапред зададен прецизен шаблон. Сите кошули се прават од исти платна и сите кошули помеѓу себе се исти. Бројот на платна кои треба да се исечат и искројат е неограничен, сите платна се исти помеѓу себе, а се разликуваат во нивната шара по целата своја должина. За да се изработи една кошула може да се употреби и повеќе од едно платно во зависнот од шаблонот. Пример за тоа како изгледа еден шаблон е следниов, земи од првиот до петиот метар од платното и направи десен ракав. Потоа земи од првиот до петиот метар од платното (мора да земеме ново платно) и направи лев ракав. Потоа зами од десетиот до триесетиот метар и направи позадина (може да се искористи првото платно нема потреба да се сече ново) инт. Виктор сака да го подобри процесот на производство и да ја намали загубата на платна. Ваша задача е да му помогнете на Виктор така што за даден шаблон ќе му кажете колку најмалку платна може да употреби за да изработи една кошула.



Влез
Во првиот ред се наоѓа еден број K (1 ≤ K ≤ 100000) кој го означува бројот на парчиња од кои се состои кошулата т.е. број на парчиња што треба да се извадат од платното. Во наредните К линии се наоѓаат по два броја i и j (0 ≤ i, j ≤ 1000000) кои кажуваат од кој до кој метар треба да се исече платното за да се направи едно парче од кошулата. Должината на платното е max(i,j) за сите вредности на i и ј т.е. не може да се случи да има пократко платно од тоа што се бара во шаблонот.



Излез
Во една линија се печати еден цел број кој го означува минималниот број на платна што треба да се искористат за да се направи кошулата.



Ограничувања
Временско ограничување: 500 милисекунди
Мемориско ограничување: 64 мегабајти


влез
3
0 1
0 1
0 2



излез
3

Порамнување на стрингови претстаува процедура во која два стринга се модифицираат со цел да добиеме што е можно послични стрингови. Дозволени операции се следниве

- Останвање на празно место во едниот стринг на место каде што има буква во другиот стринг
- Оставање на празно место во другиот стринг на место каде што има буква во првиот стринг
- Замена на една буква со друга


Секоја од овие операции си има своја цена. Дополнително замена на две букви има различна цена во зависност од тоа која буква со која ја менуваме. Оставање на празно место има различна цена во зависнот од тоа која буква се наоѓа на таа позиција од другиот стринг. Ваша задача е за дадени два стринга и матрица на цена за операциите да ја одредиме максималната цена така да овие два стригна се порамнети.



Влез
Во првите две линии се дадени стринговите што треба да се порманат. Должината на стринговите не надминува 1000. Во третата линија се наоѓаат сите различни букви кои се користат во двата стринга. Бројот на различни букви е 1 ≤ K ≤ 26. Потоа следува матрица опишана така што во наредните К+1 линија се наоѓаат по К+1 цел број. Притоа првата колона и редица означуваат цена на пазно место во првиот т.е. вториот стринг. Понатаму следат цените за промена на буква. Притоа i-тата редица одговата на i-тата буква од множеството букви, j-тата колона одговара на j-тата буква од множеството букви. Пресекот на i-тата редица и ј-тата колона ја дава цената за замена на i-тата со ј-тата буква. Пресекот на нултата редица или колана со i-тата редица или ј-тата колона ја дава цената за оставање на празно место мето i-тата или ј-тата буква.



Излез
Во една линија се печати еден цел број најголемата цена што може да се добие со порамнување на овие два стринга.



Ограничувања
Временско ограничување: 1 секунда
Мемориско ограничување: 64 мегабајти


влез
AC
ABA
ABC
-1 -1 -1 -1
-1 1 -2 -2
-1 -2 1 -2
-1 -2 -2 1

излез
-2

Покрај задачите, за секоја задача имаш и прашања од типот : Кој познат алгоритам го искористи (ако си искористил некој), која е сложеноста, прикажи како работи алгоритмот на првиот тест случај, итн... Исто така може да има прашања од типот покажи како работи Floyd-Warshall (падна на втор колоквиум лани). Тука треба да напишеш некој доказ за точноста на алгоритмот ( во случајот на Floyd-Warshall, да покажеш како ги наоѓа најкратките патишта од секое до секое теме во општ случај).
Колку што гледам и годинава работите на мендо, па имаш и таму повеќе задачи за решавање.
Задачите од code fu се исто добри за вежбање, плус ако имаш добри резултати може да ти донесат и некој поен плус на крај :).
 
Член од
27 јули 2015
Мислења
16
Поени од реакции
3
Дали некој случајно има задачи за вежбање АОК?[DOUBLEPOST=1457661499][/DOUBLEPOST] И дали некој знае кога се додаваат нули во CRC код? :)
 
Последно уредено:

Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Некој да разбрал како ќе се полагаат Софтверско инженерство (ДЃ), К. Интерфејси или Управување на ИКТ проекти?
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.776
Поени од реакции
60.106
Некој да разбрал како ќе се полагаат Софтверско инженерство (ДЃ), К. Интерфејси или Управување на ИКТ проекти?
Интерфејси теоријата лани се полагаше на е-тест на Courses. Практичниот дел имаше задача да се дизајнира веб страна со bootstrap.
 
Член од
9 јули 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
Дали некој овде слуша учење на далечина? И ако да дали има информации како ќе се полага? Пошто нема никакви материјали на курсот
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.092
Поени од реакции
13.086
Значи можам да разберам на Правен, Филолошки Факултет да имаат иста програма со исти предмети секоја година, ама никако не можам да разберам како може во 2016 година на факултет за информатика да се предаваат предмети кои содржат информации со податоци од 2008ма година.
Има толку застарени предмети, толку застарени концепти, слајдовите од кога се креирале не се сменети. Разбирам за предметите до кај втора година, се учат основи и горе доле нема многу промени, ама од трета па нагоре се е каша попара...отварам по еден предмет кој го слушам семестаров, на првата страна од книгата пишува, цитирам " најголем бум се очекува од 2005-2015 година, кога најверојатно ќе биде заменета со нов концепт.", и сум као...ок.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
95
Поени од реакции
10
Значи можам да разберам на Правен, Филолошки Факултет да имаат иста програма со исти предмети секоја година, ама никако не можам да разберам како може во 2016 година на факултет за информатика да се предаваат предмети кои содржат информации со податоци од 2008ма година.
Има толку застарени предмети, толку застарени концепти, слајдовите од кога се креирале не се сменети. Разбирам за предметите до кај втора година, се учат основи и горе доле нема многу промени, ама од трета па нагоре се е каша попара...отварам по еден предмет кој го слушам семестаров, на првата страна од книгата пишува, цитирам " најголем бум се очекува од 2005-2015 година, кога најверојатно ќе биде заменета со нов концепт.", и сум као...ок.
za koj predmet zboruvas tocno ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom