Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Дали некој може да ми објасни (бидејќи не присуствував на предавања):
1. Домашното по ИА, каква слика треба да се прикачи за домашно.
2. Домашното по Методологија на истражувањето во ИКТ. QA? За што треба да се направи QA и како треба да изгледа?

Благодарам :)
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.230
Поени од реакции
57.951

Интерактивни апликации ?
Ти пишува, слика што опишува некој од шаблоните за однесување на корисникот.
Читни од 42ри слајд па до крај, од првото предавање
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.383
Поени од реакции
28.232
Неможам да најдам на сајтот, има ли можност МТ да се упише вонредно, и ако да кој документи се потребни, бидејќи веќе запишав државна квота.
 
DarkoG

Better then ever before.
Член од
19 август 2008
Мислења
701
Поени од реакции
81
Што предмет е "Компјутерски Мрежи" или по старо "Податочни и компјутерски комуникации(ПКК)"? Дали е доволно од аудиториските и сл, како што гледам има и физика има натрупано во предметот
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.165
Поени од реакции
1.141
Што предмет е "Компјутерски Мрежи" или по старо "Податочни и компјутерски комуникации(ПКК)"? Дали е доволно од аудиториските и сл, како што гледам има и физика има натрупано во предметот
За задачите ако прашуваш доволно е. Нема да ти требаат никакви познавања од физика, тоа што предаваат глупости на предавања од тип на фуриеви трансформации и сл. кои нема да паѓаат на колоквиум (лани ги немаше) бидејќи и самиот професор кој мене ми предаваше не ги разбираше. На колоквиум теорија ќе имаш етест во кој секако ќе бидат најглупавите факти од самите предавања, во стилот колку метри кабел ти треба за да поврзеш 2 компјутера во ЛАН мрежа. На практичниот дел, се паѓаат задачи слични како тие на вежби така да ако ги разбираш и решаваш тие сам, нема да имаш проблеми. Се на се, предметот не е многу тежок за положување, имаше луѓе кои учеа само од слајдови и положија со супер оцени. Е сега ако сакаш да научиш и навистина да разбереш за што станува збор, ќе треба да си ја земеш книгата и убаво да си ја расчиташ.

Ќе може ли некој да каже што предмет е Менаџмент на информации на системи? Како се полага ? Некои испитни/колоквиумски да сподели?
 
Член од
2 октомври 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
Дечки,малце да ми помогнете ? Многу се мислам дали да одберам финки факултетов.Многу ми фаќа окце,ама сите го прават ептен тежок.Ај ве молам,некое искуство ако не ви е проблем да споделите,да ме упатите,да ми кажете нешто плус.Сега ќе почнам да читам ова што е пишувано на форумов,ама сепак ако не ве мрзи,пишете нешто,на некого му е ептен од корист. :D:D:D
Се мислам за следниве смерови,ако одберам ФИНКИ.
-академски студии по информатика
-професионални студии по информатика
-професионални студии по информатички технологии
Знам дека има програмирање многу во овие смерови,што и како иде? Дали е тешко,се учи ли ? Како се проаѓа и слично...
Фала ви многу,во секој случај. :cuc::rolleyes::rolleyes::rolleyes:
 
Член од
22 јуни 2012
Мислења
116
Поени од реакции
60
многу ми е страв да не немам време да научам се ...што мислите со мојот смер се наоѓа лесно работа ?
Ретко кој ти гледа смер кога бараш работа, ќе те прашаат што знаеш и на какви проекти имаш работено.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
18
Поени од реакции
2
Дечки,малце да ми помогнете ? Многу се мислам дали да одберам финки факултетов.Многу ми фаќа окце,ама сите го прават ептен тежок.Ај ве молам,некое искуство ако не ви е проблем да споделите,да ме упатите,да ми кажете нешто плус.Сега ќе почнам да читам ова што е пишувано на форумов,ама сепак ако не ве мрзи,пишете нешто,на некого му е ептен од корист. :D:D:D
Се мислам за следниве смерови,ако одберам ФИНКИ.
-академски студии по информатика
-професионални студии по информатика
-професионални студии по информатички технологии
Знам дека има програмирање многу во овие смерови,што и како иде? Дали е тешко,се учи ли ? Како се проаѓа и слично...
Фала ви многу,во секој случај. :cuc::rolleyes::rolleyes::rolleyes:
Ако се одлучиш за Финки ќе треба да посветиш многу време(секојдневно решавање).Тешко е, и доколку немаш математичка основа ќе ти биде уште потешко.Материјалот се предава брзо и бара постојано учење.Мој совет учи редовно,не дозволувај да ти се собере многу материјал за пред испит бидејќи шансите за положување така се мали.Како и да е,ако ме прашуваш мене одбери го КНИ/А најдобар смер е во моментов.Инаку поголемиот број од студентите заглавуваат со математиките,тие одземаат најмногу време,бидејќи се полагаат оделно теорија и задачи, а верувај ми доста се сложени.Во врска со програмрање, ако почнеш да го учиш со ред не би требало да имаш посериозни проблеми и гледај лабараториските вежби да ги изведуваш сам,а не да ги препишуваш.
 
*
Се мислам за следниве смерови,КНИ не доаѓа во предвит,зошто има многу математика,а некоја феноменална основа баш и немам.
-академски студии по информатика
-професионални студии по информатика
-професионални студии по информатички технологи
Тука,во последниов смер мислам нема математика,колку што гледав,ама има многу програмирање.Веројатно би се снашла со тоа,ако редовно си учам,вежбам и така натаму.Фала многу на одговоров иначе :X3::X3::X3:
 
Член од
9 март 2009
Мислења
999
Поени од реакции
392

На сите смерови имаш и математика и програмирање.. е сега разликата на КНИ е што има две математики.. и Дискретна и Калкулус,доколку на останатите смерови што ги наброја нема Калкулус и се каде каде полесни од КНИ.. но со редовно учење на материјалот и редовно пратење на вежбите нема да имаш толку големи проблеми за совладување на материјалот.
 
Фала ептен за ова,ми помогнавте ептен во двоумењево.А само уште нешто,во средново сум ОХА смер-општествено хуманистичко А,е сега дали треба да полагам некој предмет од втора,зашо имав земено етика а не информатика ? Дали треба да преполагам,па да ми поправат и сведетелство и се?
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.230
Поени од реакции
57.951
Фала ептен за ова,ми помогнавте ептен во двоумењево.А само уште нешто,во средново сум ОХА смер-општествено хуманистичко А,е сега дали треба да полагам некој предмет од втора,зашо имав земено етика а не информатика ? Дали треба да преполагам,па да ми поправат и сведетелство и се?
Не треба.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
95
Поени од реакции
10
По предметот Компјутерски мрежи (ПКК) дали усното и практичниот дел се полагаат на етест или на хартија ?​
 
acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.922
Поени од реакции
831
По предметот Компјутерски мрежи (ПКК) дали усното и практичниот дел се полагаат на етест или на хартија ?​
Кај професроката Соња Филиповска оваа година можно е да биде теоријата на хартија со нејзини прашања...
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
62
Поени од реакции
130
Здраво јас сум бруцош на ИНФО смерот и сакам да прашам за предметот Логички кола и дискретни автомати.Зошто кај нас во пета група во распоред го немаме а нит па држиме предавања а во седма група на истиот смер го имаат и држат редовно предавања.Шо е работата?Фала однапред :love:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom