Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
20 јуни 2012
Мислења
147
Поени од реакции
40
Фала ви многу за информацииве ,
Ме интересира дали тие слајдови ги даваат професорите така да студентите можат да учат од нив , или ги користат само за предавање ,
исто така каково е вашето искуство со учење на математика на англиски (kalulus i diskretna matematika ) , тешко или слично со македонските верзии (Математика 1,2)?
Очекував книги на англиски за програмирање ама не и за математика, ова делува шокантно малце.
Зато си прашувам јас тука да не се шокирам после таму (y)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341

На систем за учење се пријавени сите студенти. И за секој предмет посебно, таму ги ставаат слајдовите и соопштенијата и можеш да ги користиш. За тоа ич не се секирај, тоа организирано е.
Инаку за второто, и јас бев малку скептичен како ќе учам математика од англиски учебник, ама не е ништо поразлично од македонски. На почеток малку дури да се навикниш на поимите ама воопшто не е тешко. Учебниците се направени баш како за глупи американци, стилот му е ептен разбирлив. :)
 
Член од
20 јуни 2012
Мислења
147
Поени од реакции
40
Thanks new_yorker ,
Твојов одговор дава надеж (y),
Калкулус 1 и 2 се учат од 1 книга - таја што ти ја напиша или има друга посебна за Калкулус 2 ?
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Thanks new_yorker ,
Твојов одговор дава надеж (y),
Калкулус 1 и 2 се учат од 1 книга - таја што ти ја напиша или има друга посебна за Калкулус 2 ?
Од една се. Имаш 7ма едиција и 9та. Кај мене професорот одеше по 7ма, ама јас учев по 9та. Истите се, само сменати се страните нешто мала работа. :)
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Планирам да се запишувам на КНИ (се надевам че имам над 90 поени).. на шо најмногу треба внимание да се обрни од страна на МАТЕМАТИКА за овој смер?
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Планирам да се запишувам на КНИ (се надевам че имам над 90 поени).. на шо најмногу треба внимание да се обрни од страна на МАТЕМАТИКА за овој смер?
Друже, на сајтот на ФИНКИ ги имаш предметите и документ за секој предмет што се изичува во него. Па сега ти види си на што треба да обрнеш внимание и да учиш.
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Друже, на сајтот на ФИНКИ ги имаш предметите и документ за секој предмет што се изичува во него. Па сега ти види си на што треба да обрнеш внимание и да учиш.
море океј сето ама поубо ми е некој шо завршил прва година ко че ми кажи :D
 
/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
ќе ти кажат дека треба да обрнеш внимание на тоа да ја поминеш годината, па макар и со минимална оцена , што според мене ти е најдобар совет :D
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
ќе ти кажат дека треба да обрнеш внимание на тоа да ја поминеш годината, па макар и со минимална оцена , што според мене ти е најдобар совет :D
толку е бе тешка прва? сите ми вика поминија прва после полесно че биди. си замислувам дека низ 9 круга на пеколоо че поминам во прва според муабетиве
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.216
Поени од реакции
1.263
толку е бе тешка прва? сите ми вика поминија прва после полесно че биди. си замислувам дека низ 9 круга на пеколоо че поминам во прва според муабетиве
Ако не учиш сигурно е тешко, ако учиш редовно сигурно нема да имаш некои големи проблеми, сите викаат дека прва година е најтешка затоа што треба да го фатиш редот на учење, да стекнеш навика за учење која што повеќето средношколци ( поради нашиот прекрасен образовен систем) ја немаат.
 
Член од
11 август 2011
Мислења
45
Поени од реакции
2
Ми треба ваше мислење, со кој смер би можел најлесно да најдеш работа во МКД, па и во странство? Јас ќе се запишам во 2013, и мислам дека најинтересни се КНИ, ИКИ и МТ. Совет?
 
/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Зависи за шо те фаќа мерак, според мене и со сите 3 можеш да најдеш работа, ако не во мкд во странство, мада многу е битна праксата, нешто шо тешко ќе го научиш на факулет.

Јас сега планирам да се запишам на ИКИ и се молам да нема премногу конкуренција која ќе има над 90 бода од матура. :D
 
Член од
11 јули 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Сакам да прашам дали смерот КНИ е потежок од МТ ?
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Сакам да прашам дали смерот КНИ е потежок од МТ ?
Никој не може да ти каже, бидејќи овие смерови се од минатата година и само прва година има поминато првата генерација. :) Инаку, во 1 и 2 семестар се учи исто, понатаму има некој промени во задолжителните предмети и еден куп изборни предмети, па види си самиот што те влече повеќе.
Не гледајте што е потешко/полесно, гледајте што ве интересира и сакате да работите.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Да не знае некој коа ќе биде пријавување испити за август?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom