Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447
Интерактивни лесен е ептен, напредно малце ќе треба да загрееш столче колку што знам, за некоја нијанса потежок е од Алгоритми.
Маркетинг е исто така многу лесен, ако сакаш да го поминеш семестарот без многу замарање добра опција е, ако имаш програмерски амбиции обавезно бирај Напредно.
Нели се Алгоритми и напредни алгоритми најтешки предмети од програмирање на финки? Ова напредно програмирање би требало да е проширување на тоа што се учи по НРС т.е. понапредни опции на Java?

Ако е стваро тежок Напредно Прграмирање или одзема многу време, ќе го оставам за друг семестар, а сега ќе бирам Маркетинг.

И на интерактивни апликации што се учи, кои програмски јазици? Од тој опис што е ставен на финки, ништо не сфатив.
 
Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Нели се Алгоритми и напредни алгоритми најтешки предмети од програмирање на финки? Ова напредно програмирање би требало да е проширување на тоа што се учи по НРС т.е. понапредни опции на Java?

Ако е стваро тежок Напредно Прграмирање или одзема многу време, ќе го оставам за друг семестар, а сега ќе бирам Маркетинг.
Немам слушано напредно програмирање, ова ти го кажувам од што имам слушнато од колеги, иако не знам колку можам да им верувам.
Не дека се учат "понапредни опции на јава", програмирање е цела филозофија, не би рекла дека станува збор за опции. :)
И на интерактивни апликации што се учи, кои програмски јазици? Од тој опис што е ставен на финки, ништо не сфатив.
Се учат јава AWT и Swing (библиотеки за креирање графички интерфејси) за 1 колоквиум, Javascript (односно Jquery) втор колоквиум.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447
Не дека се учат "понапредни опции на јава", програмирање е цела филозофија, не би рекла дека станува збор за опции. :)
Лошо се изразив, мислев на тоа дека предметот ќе му дојде како Advanced Java, a НРС би било Java Essential :)

Инаку javascript не го знам воопшто, од почеток се почнува на интерактивни и дали се учат само некои поосновни работи? Не ме влече многу ова веб програмирање, ама во недостаток на поинтересни предмети ќе го изберам најверојатно...
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
  • Логичко и функционално програмирање
ЛиФП е океј предмет. Се учи PROLOG и LISP, и е особено добар за тие што имаат Вештачка интелигенција како задолжителен предмет, зашто може да послужи како загревање за ВИ.
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447
За трет семестар сакам да го запишам Интерактивни апликации . Прв семестар ми е исчистен од втор НРС не ми е положен. Можам да го запишам предметов?
Мислам дека нема да можеш
Предуслови за запишување на предметот: Напреден развој на софтвер
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
Напредно не е тешко. Полесно е од Алгоритми нормално. Се решаваат проблеми потешки од НРС. Со други структури, повеќе рестрикции. Во еден дел дури и истото со Алгоритми го праевме т.е. праевме структура стек, двојна листа некои такви ствари. Искрено јас на колоквиуми бев буквално тапа, sci fi ми беа задачите на испит 9ка извадов. Не е тежок. Лабараториските беа втф секоја недела ми текнува само еден или двајца ќе ги имаа цели хаха
пример од испит во јуни задачите (30 поени, 40, 30) :
Да се имплемнтира генеричка класа за нумеричка листа NumericList во која се чуваат само нумерички вредности. За класата да се имплементираат:

default конструктор,
double max() - го враќа најголемиот број
double min() - го враќа најмалиот број
double average() - кој враќа просек на елементите во листата
List<Double> sort() - кој враќа листа со Double елементи сортира во растечки редослед
да се преоптовари методот toString() кој враќа форматиран стринг со сите броеви претставени со две децимални места и одделени со празно место помеѓу нив.
Да се имплементира уписот на еден универзитет. За таа цел треба да се имплементираат класите:

Student

име String
поени int
University Еден универзитет е составен од повеќе факултети. Притоа за секој факултет се чува квота за упис на нови студенти (број на студенти кои може да се примат). Оваа класа треба да ги имплементира следните методи:

public University(String[] faculties, int[] quotes) конструктор со имиња на факултетите и соодветните квоти

public void addStudent(Student student, String faculty) метод за додавање нов студент на факултетот со име faculty. Притоа ако е исполнета квотата на овој факултет се фрла исклучок од вид FacultyFullException
public List<Student> sortedByPoints(String faculty) враќа листа на студенти сортирани според бројот на поени во опаѓачки редослед
public List<Student> sortedByName(String faculty) враќа листа на студенти сортирани според името во растечки редослед
public List<Student> moreThan(int points) враќа листа на студенти од сите факултети со повеќе поени од влезниот аргумент и сортирани прво според бројот на поени во опаѓачки редослед (ако повеќе студенти имаат ист број на поени, се сортираат според името во растечки редослед).
Да се имплементира класа CharacterFrequency која ќе го имплментира интефејсот ICount

interface ICount {
Map<Character, Integer> count(InputStream inputStream);

void printSortedByCount();

void printSortedByCharacter();
}
Методот Map<Character, Integer> count(InputStream inputStream) треба да врати мапа во која за секој знак се чува колку пати се појавува во текстот кој се вчитува од влезниот тек.

Методот void printSortedByCount() треба да ги отпечати сите знаци подредени во опаѓачки редослед.

Методот void printSortedByCharacter(); треба да ги отпечати сите знаци подредени според ASCII кодот на знакот во растечки редослед.
п.с. ги имам и од јануари задачите ако сака некој :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
За трет семестар сакам да го запишам Интерактивни апликации . Прв семестар ми е исчистен од втор НРС не ми е положен. Можам да го запишам предметов?

Ќе можеш да го запишеш, не може предмет од летен да ти биде услов за предмет од зимски и обратно. Но, мислам дека бараа да имаш потпис НРС.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.262
Поени од реакции
2.256
Предлог изборни за трет семестар, мислам дека овие ќе ни се понудени
  • Формални јазици и автомати
  • Напредно програмирање
  • Логичко и функционално програмирање
  • Интерактивни апликации
  • Интернет програмирање
  • Калкулус 3
  • Линеарна алгебра

Најверојатно од овие ќе треба да избираме, затоа што по новите програми овие се понудени како изборни за трет семестар.

Јас се мислам да ги изберам Напредно Порграмирање и Интерактивни Апликации, ама да не ми се многу предмети со програмирање во еден семестар затоа што ќе имам и АПС?

Маркетинг лесен ли предмет е? Тој е изборен на Мрежи, најверојатно ќе може да се бира и на други смерови.

Маркетинг не земај. Не ми е јасна тенденцијата на луѓето да земаат предмети што не им се допаѓаат, туку што слушнале од други дека се лесни и тие ги земаат. Еве кај мене в генерација пола земаа Менаџмент за инженери. Хаос предмет, ама скоро сите имаа 10ки. Сега минатиов семестар земаат Нуклеарни централи, Сетилни мерења и какви ли уште не предмети што се полагаат само со семинарска. Земи предмет од кој стварно нешто ќе научиш и кој ќе ти користи утре. И така знаењата што ќе ги стекнеш на факултет се минимални, барем земи нешто што ќе ти служи.

Не знам сега за вас како е со новиве смерови, ама мене Интернет програмирање ми беше предмет баш на место. Се учи Јава програмски јазик, аплети, нешто графика во Јава и на крај се учи и ХТМЛ. Првпат дознав што е ХТМЛ у втора година на овој предмет. Така да види си што те учи памет, што ти се најмногу допаѓа, што сакаш да научиш и не слушај други, не земај предмети само затоа што се лесни за положување.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
абе глејте полесно да си поминете, да не се лажеме, тоа што навистина ви треба, Циско, Миско, се посебни "факултети" и ако сакаш да си експерт во таа област и така после факсов ќе треба да си платиш курс.
:)
 
Член од
26 мај 2010
Мислења
77
Поени од реакции
31
Дечки може да се најдат резултати онлине од првиот упис? на upisi.ukim.mk отворив ранг листа, сеуште нема, на finki.ukim.mk нема ништо поврзано со ранг листите. Нека напише некој, кој знае каде можат да се најдат истите. Благодарам.
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.433
Поени од реакции
58.781
Дечки може да се најдат резултати онлине од првиот упис? на upisi.ukim.mk отворив ранг листа, сеуште нема, на finki.ukim.mk нема ништо поврзано со ранг листите. Нека напише некој, кој знае каде можат да се најдат истите. Благодарам.
http://join.finki.ukim.mk/Dokumenti.aspx?id=387
 
Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Дечки може да се најдат резултати онлине од првиот упис? на upisi.ukim.mk отворив ранг листа, сеуште нема, на finki.ukim.mk нема ништо поврзано со ранг листите. Нека напише некој, кој знае каде можат да се најдат истите. Благодарам.
Утре ке има резултати :)
 
Член од
18 септември 2012
Мислења
71
Поени од реакции
6
slaba zainteresiranost za smer IKI , sto e problemot ? :eek:
--- надополнето: 22 август 2013 во 01:42 ---

физика :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom