Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

T

TheThinker

Гостин
Да поставам прашање за К1. Ова ми е задачата:
Лимесите лев и десен (поединечно за х=-1 и х=0) ми излегоа различни, т.е. тоа значи дека има прекин во тие две точки. Е сега, прашањето ми е: треба во одговор да пишам дека е:
1)прекината во тие две точки, 2)непрекината насекаде, освен во тие две точки или нешто трето? Фала однапред на помошта.
Photo0211.jpg
 
Член од
9 август 2013
Мислења
8
Поени од реакции
1
Како иден студент би сакал да ве замолам доколку некој може да ми одговори на прашањево. Сакам да се запишам на финки на смерот КНИ, но бидејки имам 89 поени, мала е веројатноста дека ке ме примат во државна квота па како втор смер го имам ставено ИКИ па МТ. Но на системот Iknow има опција (доколку немам доволно поени за државна квота се согласувам да бидам примен во приватна квота) која што малце ме буни.
Поточно прашањето е, доколку ја чекирам опцијата за приватна квота, а немам доволно поени за државна квота за КНИ ке ме стават во ИКИ или МТ, или ке ме стават во приватна квота во КНИ, и дали одпосле можам да бирам дали сакам да сум во приватна квота во КНИ или државна квота на ИКИ или МТ?
И уште едно прашање, доколку не ја одберам опцијата за приватна квота и ме стават во некој од другите смерови, дали ке можам покасно во текот на годината да го сменам смерот да речеме од ИКИ или МТ на КНИ?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
843
Поени од реакции
444

Ако ја избереш опцијата за приватна квота прво системот ќе провери дали може да влезеш во државна КНИ, па приватна КНИ, државна ИКИ, приватна ИКИ...

За менување на студиска програма тука ти е објаснето
http://www.finki.ukim.mk/Content/contentFiles/studies_menustructure/pravila za promena na studiska programa.pdf

И ако планираш веќе да менуваш студиска програма, избери МТ втора опција затоа што во прва година ги имаат исти предмети како КНИ.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Дали има некој што студира на МТ?

Не сум на МТ, ама што те интересира?
--- надополнето: 9 август 2013 во 13:05 ---
ДО ТИЕ ШТО МИ ПИШАА ПРИВАТНИ ПОРАКИ: Ако имате прашања поврзани со ФИНКИ прашувајте овде и другите да се вклучат во дискусија. Не сум јас студентски прашања, секретарка или не ти знам што на ФИНКИ, за лично мене да ми се обраќате. ОК ПОЗЗ.
 
Член од
20 ноември 2011
Мислења
68
Поени од реакции
11
се мислам за тоа на кој смер да се запишам на МТ или КНИ, за КНИ имам слушано дека е програмерски смер, е сега бидејќи има голема конкуренција за него планирам да се запишам на МТ но за МТ немам доволно информации дали се работи класично за мрежи и дали може изборните да ги зимам од смерот КНИ бидејќи немаат некоја голема разлика во задолжителните.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.619
Поени од реакции
52.479
http://finki.ukim.mk/mk/studies/dodiplomski-studii

Ги имате овде сите студиски програми, детално со сите предмети кои се изучуваат.
На претходната страна се збореше дека може да се зимаат изборни предмети од другите смерови.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
139
Поени од реакции
24
Не сум на МТ, ама што те интересира?
--- надополнето: 9 август 2013 во 13:05 ---
ДО ТИЕ ШТО МИ ПИШАА ПРИВАТНИ ПОРАКИ: Ако имате прашања поврзани со ФИНКИ прашувајте овде и другите да се вклучат во дискусија. Не сум јас студентски прашања, секретарка или не ти знам што на ФИНКИ, за лично мене да ми се обраќате. ОК ПОЗЗ.
Мене ме интересира нешто повеќе околу смерот примена на е-технологии
 
Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Хахах дај бе луѓе нека не ве мрзи да ги читнете смеровите и предметите на finki.mk.
Што се учи на Мрежни Технологии... па мрежи, нормално. Имате детален опис на предметите што како се учи и пак тука прашувате.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
се мислам за тоа на кој смер да се запишам на МТ или КНИ, за КНИ имам слушано дека е програмерски смер, е сега бидејќи има голема конкуренција за него планирам да се запишам на МТ но за МТ немам доволно информации дали се работи класично за мрежи и дали може изборните да ги зимам од смерот КНИ бидејќи немаат некоја голема разлика во задолжителните.

Изборни може да зимаш од кој смер сакаш, па дури можеш еден предмет да земеш и од друг факултет. Повеќе околу предметите имаш кога ќе кликнеш на самиот предмет и може да видиш што се учи и со какво знаење би требало да се стекнат студентите по тој предмет. Дополнително имаш приложено и литература (2-3-4... различни литератури) кои може да ги прогуглаш и да видиш што поточно ќе се учи по предметот.

Мене ме интересира нешто повеќе околу смерот примена на е-технологии

Што знаеш за него, па те интересира повеќе :icon_lol:
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.230
Поени од реакции
57.949
А дали има некои предмети за кои нема македонска литература, па мора на англиски да се учат ? :)
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.230
Поени од реакции
57.949
Има со лопата да ги ринеш :D Скоро сè е на англиски.
Ме исплаши сега :(
А дали може да се избегнат ? :D Мислам од изборните дали има доволно на македонски, па да нема потреба да избирам од овие на англиски што се учат ?
 
Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Ме исплаши сега :(
А дали може да се избегнат ? :D Мислам од изборните дали има доволно на македонски, па да нема потреба да избирам од овие на англиски што се учат ?
Не, не може. Скоро се е на англиски (освен презентациите по некои предмети).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom