А Теорија има ли многу учење, или у главно е со математиките поврзано се?
И Нај битното што сакав да го прашам, стварно ли нема време за приватен живот ама 'ич, као сите што викат(А не се на Електро)?
Зависи колку време ти треба за приватен живот, тоа е субјективна работа, јас на пример додека да се навикнам на тој начин на учење кој што го налага електро, ми требаше време, нерви и упорност.
Повеќето ти кажуваат дека имаш време за се. Ама тоа зависи од кој агол го гледаш тоа.
Факт е дека начинот на дневните навики многу ќе ти се променат со самиот
факт дека повеќето време ќе биде на факултет а останатото ќе ти биде во учење
ако сакаш да бидеш во ТЕК и да ги положиш сите 5 предмети во семестарот на колоквиуми. Што е доста напорно.
Најбитното е да имаш редовна работна навика, концентрација и кога правиш нешто да го правиш со целосен фокус. Со други зборови сериозно да ја сфатиш работата.
Сето ова што го пишав ќе биде залудно ако на прво место ја немаш желбата за тоа
Што сакам да кажам е дека, ако си некој како јас што бев, без никаква навика за учење, излегување
секој втор ден, журкање, дрогирање, пиЈАње, куродрвење, фурање фраерска кариера.. ќе заборавиш на тоа.
За теорија имаш и доста теорија, ама повеќе зависи од смерот, предметот и професорот кој ќе ти предава. На пример математика и теорија се полага, и кај "бабата" која фала богу отиде во пензија, теоријата ти беше исто ко 6 ти предмет.
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 18:33 ---
Добро што е со мерна, НАЈТЕШКА Е???
беше до лани. a ти втора си ксиа?
--- надополнето: 19 октомври 2012 во 18:35 ---
Ич не бери гајле, на електро нема `забегани` ко што милуваат да не наречат неелектрашите.
Mоже зборот забегани не прилега баш најдобро, ама што се Чудни, чудни се сите.
weirdos повеќето
