Еве ви FAQ од вчера
- Дали јас како студент ако се префрлам од ФЕИТ на ФИНКИ ќе го добијат истиот назив (истата титула) што би го добил ако завршам на ФЕИТ.
Ова прашање беше одговорено позитивно, односно им беше дадено до знаење на студентите дека дипломата што ќе ја добијат на ФИНКИ ќе биде со истиот назив од ФЕИТ, но само со неколку печати плус (-).
- Дали професорите од ФИНКИ ќе предаваат и на ФЕИТ.
На ова прашање за коешто многу се зборуваше, одговорот е се уште непознат, но најверојатно истиот ќе биде позитивен. Единствен предуслов кој треба да биде исполнет, за професорот да предава и на ФЕИТ е, ФЕИТ да му дозволи тој сам да си го направи распоредот и да одлучи во која просторија ќе ја одржува наставата.
- Дали доколку менторот на студентот веќе не е дел од ФЕИТ студентот треба да бара нов ментор?
Станува збор за договор со професорот. Доколку професорот не сака да биде ментор, треба да си најде студентот нов.
- Дали освен професорите и асистентите преминуваат на новиот факултет?
Да, речиси сите асистенти ќе бидат дел од новоформираниот факултет.
- Која е процедурата на префрлање?
Студентите ќе треба да пополнат изјави.
- Дали на овој факултет ке имат постдипломски студии и дали ке можат да се запишат студенти од други универзитети.
„Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ): Да, од септември ФИНКИ ќе започне и со студии од втор циклус - магистерски студии, кои ќе бидат отворени за сите студенти со завршен прв циклус студии, независно дали се 3-годишни или 4-годишни.“ - одговор превземен од официјалната фејсбук страна на Финки.
Каде ќе биде лоциран овој факултет?
„Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ): Седиштето на ФИНКИ е во рамките на техничко-технолошкиот кампус во сегашната зграда на Технолошки факултет. Ќе се користат и просториите и опремата кои тековно припаѓаат на Институтот за компјутерска техника и информатика на ФЕИТ и Институтот за Информатика при ПМФ“ - одговор превземен од официјалната фејсбук страна на Финки.
превземено од
бркајработа.