Факултет за Електротехника и информациски технологии

A

apidrone

Гостин
Лани полагавме на 31ви. Незнам што се чудиш. Најнормален работен ден е.
Ја лани на 30ти го полагав последниот колоквиум, СП. Според распоредот, немаше испит на 31ви, освен ако не бил по договор.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Ја лани на 30ти го полагав последниот колоквиум, СП. Според распоредот, немаше испит на 31ви, освен ако не бил по договор.
Ние системска анализа и дизајн полагавме ако добро памтам, четврток беше 31ви. Башка имаше и по распоред мислам, најнормален ден си е 31ви...
 
A

apidrone

Гостин
Ние системска анализа и дизајн полагавме ако добро памтам, четврток беше 31ви. Башка имаше и по распоред мислам, најнормален ден си е 31ви...
Кога веќе си запнал да ме убедуваш ...
И не, не е најнормален ден.. никој не сака на 31ви да се замара со факс.. барем не јас.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Кога веќе си запнал да ме убедуваш ...
И не, не е најнормален ден.. никој не сака на 31ви да се замара со факс.. барем не јас.
Па тебе конкретно никој не те ни прашува дали сакаш да се замараш, кога веќе си запнал.

И кога веќе си запнат да полемизираш, мајка ми работи во банка, и 31ви ако е ден од понеделник до петок - е работен ден. Сите што работат во слични институции, 31ви го работат. Средни и основни уличишта - работат на 31ви. Тоа што по обичај имаат скратени часови не е важно, сепак е работен ден.
Може само одредени приватњаци да не го работат... али обично тие и до покасно знаат да останат за да завршат со годината на чисто, демек новата година со арно да им тргне, али ај ќе ти отворам нова дискусија така.

И пак ќе речам, тебе никој не те прашува. Ако ти закажат на 31ви ќе си идеш како попче, ако не јануари цел ти е празен да си учиш за испити.

Толку од мене за темава, незнам зашто воопшто дебатирам за вакво прашање... За секој нормален 31ви е работен ден. Не се работни 1ви и 2ри.

П.С. Пролетта полагавме Компјутерски архитектури во сабота или недела незнам денот, ама битно Задушница беше:) Беше по договор, али сакам да кажам дека електро и се е можно.
 
Член од
20 март 2009
Мислења
68
Поени од реакции
5
Кога се испитите? Крај на Јануари?
Прошлата година беа негде од 10 до крај на јануари, ама ако си прва негде од 20 ќе ти почнат (тие на почеток се за испити од парни семестри)
 
A

apidrone

Гостин
За секој нормален 31ви е работен ден. Не се работни 1ви и 2ри.
Се работи и на 2ри. Иначе сакам да кажам дека не е најнормален ден, а не дека не е работен или дека јас сум некој фактор дали да се работи или не. Поздрав :smir:
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
80
Поени од реакции
5
Коста по електротехника рече дека колоквиумската ќе почнела од 8ми после празниците, е сеа малце сум збунет
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Колоквиумска почнува од 23 и ќе трае до 30.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Коста по електротехника рече дека колоквиумската ќе почнела од 8ми после празниците, е сеа малце сум збунет
Ќе не уништат ако е така... Нема да се осеќа празнична еуфорија, нема да можеш на раат да ги поминеш празниците:)
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.260
Поени од реакции
2.254
И ако паднеш на втор колоквиум, резултати ќе имаш околу 5-6 Јануари, а треба да одиш на испит на 10ти што значи дека за 3-4 дена треба да спремиш цел предмет! Impossible!
 

Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
И ако паднеш на втор колоквиум, резултати ќе имаш околу 5-6 Јануари, а треба да одиш на испит на 10ти што значи дека за 3-4 дена треба да спремиш цел предмет! Impossible!
Од каде ви се овие информации? Од извори блиски на министерството и владата или од институциите за евроинтеграции?

Нема врска тоа. Испитна сесија почнува од 10ти јануари, но прво се ставаат предметите од парен семестар (математика 2, ОЕТ2, ООП и др.). Испитите од непарен семестар почнуваат некаде од 20ти јануари, така да имаш доволно време за учење
 
Член од
2 август 2009
Мислења
975
Поени од реакции
380
ИКИ и ИНФО (државна и приватна) се полнат фул и тоа има и одбиени кандидати уште на прв уписен, на КСИА и ТК останува по некое место државна, приватна колку сакаш а на другите смерови дури и по третиот уписен рок остануваат празни места. Барем оваа година беше така. Зависи каде сакаш.
А може ли да ми кажете што ви се вие кратенки оти читам неколклу страни наназад и не сваќам
 
A

apidrone

Гостин
А може ли да ми кажете што ви се вие кратенки оти читам неколклу страни наназад и не сваќам
ИКИ - Информатика и Компјутерско Инженерство
ИНФО - доволно е да знаеш дека тоа е со 3 години, нема друг
КСИА - Компјутерско Системско Инженерство и Автоматика
ТК - Телекомуникации
За останатите кратенки од смеровите, секогаш е тука ФЕИТ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom