Факултет за Електротехника и информациски технологии

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.272
Поени од реакции
2.271
Кај нас(г-паралелка), Кацарска ни кажа кои 4 лекции требаат - 2.5, 4.5, 6.5 и 9.11(од учебникот на Грчев)! Од овие ќе има една да се раскаже рече, а другите прашање рече ќе треба да ги знаеме од она што сме ја прочитале еднаш книгата како роман, па баш се мислам сега дали да учам убаво изведувања, цртежи или само основни дефиниции од тие другите лекции. Најверојатно ќе научам само + Гаусов закон убаво, со цртеж, формула, текст, она другото површински - ко роман:D

p.s. Кој е условот за положување на електротехника?!? Изгледа треба сега на прв колоквиум да си извадиме убави бодови, зашто вториот како што го кажуваат потежок е! Колку бодови носат прашањата, а колку задачите на првиот колоквиум?

п.п.с. Има ли некаде да видам како изгледа теоретскиот дел за прв колоквиум? Задачите ги имам од 10тина години наназад што паѓале, ама теоретски дел не знам ни како изгледа....
 

DJVoio

Deejay
Член од
9 ноември 2010
Мислења
177
Поени од реакции
42
Теорија (усно) ОЕТ 1 имаш во копирницата САМИКОП што е позади електро, исто и испитни.
 
A

apidrone

Гостин
На прв колоквиум по ОЕТ1 не може во теоретското да се падне нешто од лаб вежби пошо вие од електростатика само една вежба имате (првата, и тоа на компјутер), иначе може да се падне нешо од лабораториските на втор колоквиум или на испитот.
Еве лани шо се падна:
1. Да се напишат ознаките и мерните единици на следните величини (знам дека беа 2, не ми текнува кои).
2. Да се изведат граничните услови (имаше знам 2 случаи, а иначе се бара слика, изведување и текст).
3. Од што зависи капацитивноста на кондензаторот.
Кај нас(г-паралелка), Кацарска ни кажа кои 4 лекции требаат - 2.5, 4.5, 6.5 и 9.11(од учебникот на Грчев)! Од овие ќе има една да се раскаже рече, а другите прашање рече ќе треба да ги знаеме од она што сме ја прочитале еднаш книгата како роман, па баш се мислам сега дали да учам убаво изведувања, цртежи или само основни дефиниции од тие другите лекции. Најверојатно ќе научам само + Гаусов закон убаво, со цртеж, формула, текст, она другото површински - ко роман:D

p.s. Кој е условот за положување на електротехника?!? Изгледа треба сега на прв колоквиум да си извадиме убави бодови, зашто вториот како што го кажуваат потежок е! Колку бодови носат прашањата, а колку задачите на првиот колоквиум?

п.п.с. Има ли некаде да видам како изгледа теоретскиот дел за прв колоквиум? Задачите ги имам од 10тина години наназад што паѓале, ама теоретски дел не знам ни како изгледа....
Услов за да положиш ОЕТ1 е освоени 180 бода по сите основи, т.е. 110 од задачи, 30 од теорија, 20 од тестови, а останатите 30 бода (лаб, домашни/присутност) сите ги добиваат, тие ви се нешо као загарантирани. За да го положиш првиот колоквиум, треба да имаш минимум 30 бода од задачи (шо се апсолутно малку, гледај минимум 65-70 да освоиш, пошо првиот колоквиум е полесен), и 10 бода од теорија, но они на втор колоквиум даваат шанса да ја преполагаш целата теорија заедно со задачите од 2 колоквиум. Кацарска не дозволува преполагање на задачи! Ако сте паднале на задачи, идете на испит. Задачите на прв колоквиум носат вкупно 100 бода (2 од 30 и една од 40 бода), а прашањата 30 бода (5,15,10).
А еве како би изгледало усното целосно (на втор колоквиум или на испит):
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.272
Поени од реакции
2.271
^ Денес патот баш и не ме носи натаму, така да ако имаш дома, дај скенирај еден лист само и прикачи или пиши ги 3те прашања кои се, чисто да видам како изгледа теоретскиот тест(3 прашања се нели?)....

п.с. ова се однесуваше на ДЈвојо, во исто време сме пишувале со апидроне!

--- надополнето ---

Услов за да положиш ОЕТ1 е освоени 180 бода по сите основи, т.е. 110 од задачи, 30 од теорија, 20 од тестови, а останатите 30 бода (лаб, домашни/присутност) сите ги добиваат, тие ви се нешо као загарантирани.
Ова е значи 6ка....
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
има некој друг или само јас нема да одам на колоквиум електротехника :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
151
Поени од реакции
15
Дали ние што сме кај Грчев имаме инструкции или самоКацарска кажала што треба да се учи?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Дали ние што сме кај Грчев имаме инструкции или самоКацарска кажала што треба да се учи?
Нјверојатно истите лекции што ги дала Кацарска ќе бидат и за кај Грчев... Благојчо без Кацарска е ко без глава така што речиси 100% сум сигурен дека истото ќе го даде!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Нјверојатно истите лекции што ги дала Кацарска ќе бидат и за кај Грчев... Благојчо без Кацарска е ко без глава така што речиси 100% сум сигурен дека истото ќе го даде!
И вас ви е овој препишувачов асистент?
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
И вас ви е овој препишувачов асистент?

Ти не го знаеш Андрејчо тогаш :D Андрејчо е легенда, основач на препишувањето хаха :D Само Кацарска ја бива за задачи ако сакаш да научиш.
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
Колоквиумот претходната година = :pos2:
Колоквиумот оваа година = :nesvest:
Што им текна да дадат вакво нешто незнам, ама дефинитивно беше страшно.
 
A

apidrone

Гостин
Колоквиумот претходната година = :pos2:
Колоквиумот оваа година = :nesvest:
Што им текна да дадат вакво нешто незнам, ама дефинитивно беше страшно.
На FEITle ќе го објават колоквиумот, па би сакал некој љубезен колега да го постира тука негде, ме интересира шо се паднало :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom