Факултети надвор од Македонија (need info)

Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Ako mozi nekoj da mi kazi poveke informacii za noviot bugarski fakultet vo sofija??
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Znam ama tamu ne pisuva sto baraat za da te primet potoa kolku pari e skolarinata itn :)
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
и јас сакам да знам.. оти следната година планираме со девојка ми таму да идеме да студираме и да живееме.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Наместо да одите во некој бугарски универзитет, одете на друго место кадешто ќе знаете дека ќе имате квалитетно образование.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
FLiX напиша:
Ako mozi nekoj da mi kazi poveke informacii za noviot bugarski fakultet vo sofija??
Мислиш на Нов Бугарски Универзитет?

Што те интересира конкретно?
Можам јас да ти дадам информации.
А ете ти дадоа и линк од нивниот сајт, таму е се` убаво објаснето.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Pa me interesira samo sto e potrebno za upis odnosto sto baraat i kolku e skolarinata, oti na web stranata ne pisuva za toa.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
FLiX напиша:
Pa me interesira samo sto e potrebno za upis odnosto sto baraat i kolku e skolarinata, oti na web stranata ne pisuva za toa.
Јас кога се запишував, странците не полагавме приемен. Школарината за Македонците (1400 евра) беше пониска од таа на другите, а повисока од таа на Бугарите.
Аплицираш во јули месец, значи тогаш завршуваат сите со испитите, т.е. сесијата.
Кога ќе одиш таму, ќе ти дадат како формулар, да си пополниш на кој факултет сакаш да се запишеш, од кај си, зошто сакаш да се запишеш баш на тоа и бла бла. Потоа ти се јавуваат на телефон и те известуваат со писмо дали си примен или не.

Потребни документи:
1. Копија од дипломата од средно.
2. Копии од свидетелствата.
3. Лекарско уверение, да не е постаро од 1 месец.
4. Две фотографии со големина како за пасош.
5. Копија од првата страна на пасошот.
Значи, се` копии. Оригиналите не им требаат.
Е сега, ова со визите не знам како оди, бидејќи кога се запишав јас беше поинаку.

Првите две години, меѓу воведувачките курсеви во областа на избраната програма, засилен е акцентот, се обрнува доста внимание на изучување странски јазици, компјутери (основно) и спорт. Е веќе преку третата и четвртата година се вриши првиот степен на специјализација во дадена професионална област.

Не знам дали сега е сменето нешто, бидејќи не сум таму. Ама ако те интересира било што друго, прашај си, па тоа што знам ќе ти одговорам.

Уште нешто. Школарината можевме да ја плаќаме наеднаш или на две рати. Се плаќа крај на септември, тогаш кога ќе запишеш година, кога ќе го запишеш всушност семестарот и ќе добиеш лист со шифри за предметите.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
:ija: :ija: :ija:

За бугарска диплома 1400 € ми е солена пара : мојата школарина за докторат на Сорбона изнесува 530 € годишно. :wink:
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Jas bi sakala da se rasprasam za fakultetite vo Zagreb? Ima li nekoj iskustvo tamu?
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Fortune, ај и јас да те искористам кога веќе се нафати да информираш:)
Кажи ми твое лично мислење - зафоволна си од факултетот? Препорачуваш да го избереме? Али реално? Позитивни, негативни страни? Колку солидно образование се добива таму? Споредбено со?!
Фала,
Анастазија
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Ах брат те начекав сега. Најсвежи информаци ќе ти дам сега, пошто јас сум сега прва година на Нов Бугарски Универзитет.

Значи вака, се аплицира од Јули до крајот на Август, ама јас ќе ти кажам од искуство дека можиш да се запишиш кога сакаш, па дури и после Октомври. Партиципација се плаќа еднаш годишно во готово (значи не на 2 рати, иако можи со посебна молба да ти биди дозволено и таква работа), партиципацијата оваа година беше 1500 евра. Убо е то шо плаќаш само еднаш и немаш никакви доплати за ништо, никакви казни и слични работи (како шо е на пример на ФОН кај нас).
Е сега за документите е малце комплицирано, а добро е то шо како Македонец со сигурност ќе те примат, значи нема никаква опасност да те одбијат. Шо се однесува до Бугарите, тие си полагат приемни и е релативно тешко да се влези.

Значи документите се тие шо ти ги наброја Форчн плус ти треба и некаква потврда за дипломата дека ти е важечка (за неа ќе одиш кај тебе во училиште и ќе му кажиш на директорот, тој ќе си пушти барање до министерство, значи со време бркај си работа), ама шо е најважно сите документи треба да се преведени на бугарски, мора да имат апостил печат и после со нив треба да одиш во бугарската амбасада и таму да ти манат некакви печати (е сега заборајф дали треба да се заверени на нотар, ќе прашам ќе ти кажам за сигурно).

То е шо се однесува до документите, за живот од 200-250 евра месецо со се сите трошоци. За сместување тешко се наоѓа, та работа со време да си ја бркаш, оти во студенски немат простор од овој универзитет. За визите ќе си прашаш во амбасада, како шо точно. Сигурно има некоја виза привремена за да можиш да аплицираш. После то ќе си извадиш студенска виза, со неа се вади лична карта и немаш после потреба од вадење на други визи.

Шо се однесува до образованието, како шо кажа Форчн се изучуват јазиците многу и нема непотребни глупости. Распоредот на часовите е флексибилен, значи бираш донекаде шо да учиш и кога да ти бидат лекциите. Предавањата се одржуваат во групи од помалку од 40 души на предавањата и помалку од 20 на вежбите и јазиците. Универзитето е опремен по највисоки стандарди, професорите се коректни, имаат разбирање. И шо е најважно, не е потребен услов за да запишиш година, значи буквално можиш да слушаш предавања 4 години, а да немаш положено ниту еден испит (шо не ти го препорачувам, шо појќе си на предавања толку полесно). Нормално дипломата се добива кога ќе ги положиш сите потребни испити.

Јас учам мрежни технологии на англиски јазик и сум презадоволен од условите и организацијата. Има комуникација и разбирање со професорите и секогаш ти стојат на располагање, сите предавања ги има на интернет. Универзитето располага со огромна библиотека и компјутерски центар.

То е, сега се надевам ти помогнав. Ако ти треба друга помош пиши слободно, ти стојам на располагање. Мислам дека многу малку се знај во Македонија за овај универзитет, а нуди голем квалитет за не така висока цена.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Sindikat, а може да ми кажеш колку се бара просек за запишување? Како... Со 4ки има шанси или тешко?
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Macedalien напиша:
:ija: :ija: :ija:

За бугарска диплома 1400 € ми е солена пара : мојата школарина за докторат на Сорбона изнесува 530 € годишно. :wink:
Значи ужас сме во Македонија!!!

Јас планирам да запишам магистратура и мислам дека е поскапо (700-800 евра) годишно....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom