Синдикат
Мајгада?!
- Член од
- 22 август 2005
- Мислења
- 3.110
- Поени од реакции
- 180
Јас ете ќе си зеам слобода да ти одговорам, пошто јас учам таму.Анастазија напиша:Fortune, ај и јас да те искористам кога веќе се нафати да информираш
Кажи ми твое лично мислење - зафоволна си од факултетот? Препорачуваш да го избереме? Али реално? Позитивни, негативни страни? Колку солидно образование се добива таму? Споредбено со?!
Фала,
Анастазија
Значи најреално, јас сум презадоволен од условите, односот на професорите и знаењето шо можи да се стекни.
Значи секогаш зависи од пристапот со кој тргнуваш на факултет, „да завршиш и да имаш диплома“ или „да научиш што е можно повеќе за да знаеш нешто понатаму да работиш“.
Ако си тргнала по ова второто јас ти гарантирам дека нема да напрајш грешка. Имаш големи можности, супер комуникација со професорите на кој можиш секогаш да му се обратиш за помош за шо и да е. Ако сакаш да научиш јазик исто така имаш голема можност, имаш по 5 часа (по 1 сат и пол) неделно јазик во прва и втора година. Можиш да бираш да учиш повеќе јазици Англиски, Шпански, Италијански, Руски, Германски и Турски. Тие предавања се во групи од по 10-15 ученици. Нема никаков притисок, ако си редовен на предавањата си завршил половина од работата. Значи ако имаш желба да научиш универзитетот ти го нуди тоа.
Е сега ако си тргнала со замисла да заработиш диплома, ќе ја добиеш истата релативно лесно. Значи многу лесно се препишува на испити и на повеќето е дозволено да се употребува секаква литература. Оценувањето најчесто оди напоредно со лекциите, значи се собираат поени. Најчесто домашните работи носат 30% од поените, 40% се од тестови и 30% од самостојна работа во вид на проект. Барем на мојот факултет е таков принципот на оценување. во секој случај со мал напор се добива прелазна оценка.
Заклучок: Ако веќе планираш да си ги даваш парите за образование, ти препорачувам да ја искористиш во целост можноста да се стекниш со шо повеќе знаења тебе ќе ти требат, а имаш голема можност на овај универзитет.
Во секој случај не прајш грешка :smir:
Оценките не се воопшто важни, можиш и со сите 2ки да се запишиш.Анастазија напиша:Sindikat, а може да ми кажеш колку се бара просек за запишување? Како... Со 4ки има шанси или тешко?
П.С. Ако ти треба помош при запишвањето, пиши ми приватна порака. Горе долу се објаснав во постот погоре. Ако е сериозно можам да прашам и во администрација, како се шо се за сигурно условите.