Факти за компјутерските делови и мали совети за шопинг

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Ок за 500 евра хај енд конфигурација, нема проблем! чим во Македонија живееме ќе мењаме стандарди и класи само за вие да се осеќате подобро не е проблем, може. Значи купвајте си ѕверови за 500 евра и играјте све на максимум. Ваква држава до сега поточно менталитет, немам видено никаде! до сега. Дупли стандарди има во секоја свера од општествово, ќе разберте ли еднаш дека не е битно дали мене, или вас ви одговора некоја цена ??? тоа не го прави еден производ појак или послаб, си има јавни критериуми, ривјуа, официјални изјави на компаниите и класификација на нив! одобрени и потврдени од целиот свет. Можеме јас и ти до утре да се тешиме дека пример GTX460 е монструм од карта но во реалноста е мид рејнџ, без разлика дали за тебе или некој друг тоа се премногу пари или не се исплати!! а камоли 4870. Бидете малце реални, и сватете дека вашите потреби не значат стандард во светот, нити можат некој производ да го качат неколку класи над неговит квалитет само заради вашите скромни потреби!

Никој не би забранува да живеета во негирање и игнорантност, ама немојте истиот став да го пласирате како факт..

ЗНАЧИ, појдовниот пост беше дека АКО НЕМАШ 1000 евра, НЕ ПОМИСЛУВАЈ да купуваш компјутер!!!

Ти види што ми реплицира? Јас како човек што активно продава компјутери и работи со муштерии ти ги кажувам како се поделени класите што се разбирливи и прифатливи за народот. Ниска класа 10к, средна класа да речеме 20к, висока класа 30к. Најчесто продавани се ниска и средна:) Немој да ме убедуваш во спротивно, зашто знаеш каква немаштија е во државава, и дека за компјутер од 10000 денари бараат да го земат на 60 рати од што АМЦ така ги има научено со рекламине. Цениве инаку се однесуваат само на куќиште без монитор.

Конфигурацијата од 10к, е ОДЛИЧНА и сосема ги задоволува потребите за канцелариска работа, музика да пуштат уз работа, и чат пат филмче. Немој молимте да ме убедуваш дека не е така. Кујзнае колку вакви конфигурации имам продадено на фирми кои на 3 години ги продаваат и пак купуваат нешто за таа цена. Топ инвестиција, им ги задоволува сите потреби, супер им се одвива работата, а малце пари потрошиле.

Конфигурацијата од 20к (не се фаќај дека мора да е точно 20, мое и 15-16-22-25к...) е сосема доволно па и повеќе од доволно за нормален, просечен корисник. Иако и со таа од 10к ќе му се задоволат потребите, ајде ете нека биде нешто побрз. Значи интернет, офис, фесјбук, чет програми, слики, музика, да изреже цеде, филм да изгледа, игра да пушти да изигра, топ ќе му заврши работа.

Е сега ако сакаш да ставиш да ставаш вредностите на максимум (иако може ептен во крајност да се иде со поимот максимум), за 30к се прави буквално екстра конфигурација. Пред 1 месец му склопив таква на еден другар, 250GTS black edition беше графичката ако не се лажам, и5 процесор, 4гб рам, 1.5тб хард диск, МСИ H55 чипсет... вака нешто беше одприлика, пробавме неколку игри, на 42" фул хд телевизор, со се подесено на максимум, и игрите премногу течно си идеа.

Немој само да ми кажеш незнам што е добра и кристална ФулХД слика зашто ќе ти го пратам Мац да ти каже што и како знае и по што сум заболен!

Е сега не викам не, може да забегуваме во крајности, да ставаме по 2 графички од 200 евра или некои слични комбинации со ептен екстремни делови, али дали имаме потреба од тоа? И колку во нашава држава можат да си го дозволат и го имаат тоа? Дај затоа не ми споредувај светски стандарди!!!!!!

Кои се стандардите за коли кај нас? Што е ниска, што е средна а што е висока класа? Точно е дека муабетов нема крај, али според мене додека возев Пасат, Мерцедес Ц класа ми беше висока, пасатот средна, а ниска класа ми беше пример Опел астра. Сега кога имам Мерцедес Е класа, Ц класата ми е ниска класа, а Ѕ класата ми е па висока, така да никогаш нема да има крај дискусијава.

А кога ќе погледнеме глобално во македонија што се вози, што е ниска средна и висока класа? Југовците кај ќе ги ставиш? Пунто, тико, корса, авео, матиз, спарк...? Каде ќе ги ставиш Ферарињата што кружат низ градов? Или чим има 2 ферариња низ градов, автоматски Мерцедес CL паѓа во средна класа, а Мерцедес Ѕ класа во ниска класа? Така доаѓа сспоред твојот муабет со графичките. А кога ќе видиш Ѕ класата (и графичката што ти ја кажа како средна класа) е недостижна на 99% од народот.

Што е ниска средна и висока класа за Монте Карло? Ако си бил ќе знаеш што им е таму ниско најниско... Мислам нема потреба уште да забегувам со муабетов...
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Браво за тебе, чим за 10000 одлични кофигруации продаваш, блазе си им на твоите муштерии :)

Максимум ? екстра конфигурација за 30к?? друже, немој вакви постови барем не мене, тие приказни на пензионери кажувај им ги не на мене. Максимум се 1500 евра + тоа е максимум, само една хај енд графичка кошта 400 евра, немој да збориш нерелани работи, и пак ми го вртиш муабетот у погрешна насока! изгледа не ти беше јасен првиот пост, дека стандардите кај нас не се глобални стандарди во светот! а ти теши се дека продаваш екстра конфигурации и понатака.
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Едно е GAMING машина, друго е HIGH END машина.

Е сеа, може да се склопи гејминг машина за некои 500 евра +/- и може да се направи хај енд машина со 1000 евра +/-.

Разликата од едната до другата во игри ќе биде минимална т.е. разликата во игрите нема да е 500 евра :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069

Ти текнува на Crysis дека имаше Low Detail, Medium Detail, High Detail и Enthusiast?

Епа нашиве експерти го избацуваат Low Detail (то ти је офис машина), Medium станува Low, High станува Medium, а она ентузијастичкото ниво станува High-End gaming.

И автоматски со оваа скала low detail и ентузијаст не постојат, иако во реномирано списание како PCPlay убаво се кажува да се прави разлика меѓу овие две. Под 50.000 само ентузијаст не прави конфигурација, јесда баш сакам да чујам што ќе види ентузијастот со HD6870 и јас просечниот гејмер со HD4870...искрено, многу ме занима, дали водата во DiRT 2 и појакиот скор во 3D Mark му вредат +200-300 евра. : )
 
Ќе ставиш 3 монитори, сараунд 19.5 и ете ти, тоа ќе вади :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Core i5 12.000

Монитор 8000

хард диск 5400

Графичка 13.800

Кулер 1000

Меморија 4700

Напајање 5300

Матична 4700

тастетура, маус +1500.

Се на се 56000, еве место GTX460, да не ви биде хај енд :) ќе стаиме 5770 значи -5000, доаѓа 51000 ете колку пари е гејминг конфигурација...кои црни 25000 денари, нека ми објасни Јане само :)
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Едно е GAMING машина, друго е HIGH END машина.

Е сеа, може да се склопи гејминг машина за некои 500 евра +/- и може да се направи хај енд машина со 1000 евра +/-.

Разликата од едната до другата во игри ќе биде минимална т.е. разликата во игрите нема да е 500 евра :)
+ тоа 70% од ако не и повеќе од муштериите не играат игри или не купуваат компјутери за игри :)
 
Д Малиот

Нинџа лепотан!
Член од
25 јануари 2009
Мислења
296
Поени од реакции
43
Core i5 12.000

Монитор 8000

хард диск 5400

Графичка 13.800

Кулер 1000

Меморија 4700

Напајање 5300

Матична 4700

тастетура, маус +1500.

Се на се 56000, еве место GTX460, да не ви биде хај енд :) ќе стаиме 5770 значи -5000, доаѓа 51000 ете колку пари е гејминг конфигурација...кои црни 25000 денари, нека ми објасни Јане само :)

Рачунај поефтино, цените од сет не се добро ажурирани ма да се согласувам со тебе, хај енд конфигурација е 800+ евра.

еве да ве прашам каде ќе го сместите мојот пц

CPU : AMD Athlon X4 640 3.0GHz 2MB L2Cache
MB: Asus M4A88T-V EVO/USB3
RAM: 2x2GB Corsair DDR3 1333 MHz
GPU: ASUS FORMULA HD5750 1GB GDDR5
PSU: CM GX 650w
HDD: WD Blue Caviar 500GB SATA-II
CASE: DLC-MG858
DVD-RW: 22x LG BLACK SATA

Се на се 32000...
 
Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
Накратко ... без детали ...
... за да не полезмизирате за гејмерски хајенд машини од 500 евра ...

sr2
2 x Xeon (нешто)
многу рам
3 или 2 x gtx580
raid ... нешто ово оно ...
ssd
водени хладњаци (пумпи, црева, резервоари, ово оно :) ) за cpu+gpu
скупа периферија
7-8 монитори

ово оно ... :)

цех = ~ 15 000 евра ... ...

ај така сега ...
 
Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Браво за тебе, чим за 10000 одлични кофигруации продаваш, блазе си им на твоите муштерии :)

Максимум ? екстра конфигурација за 30к?? друже, немој вакви постови барем не мене, тие приказни на пензионери кажувај им ги не на мене. Максимум се 1500 евра + тоа е максимум, само една хај енд графичка кошта 400 евра, немој да збориш нерелани работи, и пак ми го вртиш муабетот у погрешна насока! изгледа не ти беше јасен првиот пост, дека стандардите кај нас не се глобални стандарди во светот! а ти теши се дека продаваш екстра конфигурации и понатака.
Да бе видиш и они ми викаат супер си ја работат работата, а види колку ефтино прошле...

А 400 евра графичка, се бројат на прсти мислам тие што фрлаат толку пари.

И пак ти ми го вртиш муабетот, појдовниот пост беше АКО НЕМАШ 1000 евра, да не размислуваш да купиш компјутер! И до кога сакаш сега да се вртиме во круг со муабетиве? Знам дека има графичка од 400, но има и од 800 така? Знаеш и самиот дека претеруваш, али ај веќе ја затупе.

Core i5 12.000

Монитор 8000

хард диск 5400

Графичка 13.800

Кулер 1000

Меморија 4700

Напајање 5300

Матична 4700

тастетура, маус +1500.

Се на се 56000, еве место GTX460, да не ви биде хај енд :) ќе стаиме 5770 значи -5000, доаѓа 51000 ете колку пари е гејминг конфигурација...кои црни 25000 денари, нека ми објасни Јане само :)
ПРВО! Отвори ги цените на Анхоч и направи тотал цена да видиш колку илјадарки ќе заштедиш према цениве од Сет што ги напиша.

ВТОРО! Реков без монитор! Значи одзимаш 8000.

ТРЕТО! Јас како дилер, нели нормално е да продавам по цени поефтини и од Анхоч и остали продавници така?

ЧЕТВРТО! Рамот што си го ставил е ДДР2, а плочата е со ДДР3. Од друга страна, зашто мора Корсаир? Зашто да не е Кингстон? Нема да се игра добро со Кингстон? Дај не заебавај...

ПЕТТО! Пак претеруваш со графичките.

ШЕСТО! Зашто мора Кулер Мастер напојување и Кулер Мастер кулер? Бокс кулерот што доаѓа со самиот процесор екстра си ја врши работата и не бучи воопшто. Немој само да кажеш, А што ако го оверклокуваш?:) Исто и напојувањето, има и други брендови кои се исто квалитетни а 1-2-3000 се поефтини од КМ.

СЕДМО! Незнам више што сакав да кажам, гледам нема цел дискусијава кога ти или живееш во друг свет, или се правиш инат со сила. Кога ќе видиш твоево погоре што го наброја со мали измени ќе го составам за 500 евра според мои цени и пак доаѓаме на моето, али инатот ти е поголем од се.

И како што кажа Мац, 500 евра плус за графичка карта, нема да ти извади плус 500 евра на требата и водата од игрите.

Рачунај поефтино, цените од сет не се добро ажурирани ма да се согласувам со тебе, хај енд конфигурација е 800+ евра.

еве да ве прашам каде ќе го сместите мојот пц

CPU : AMD Athlon X4 640 3.0GHz 2MB L2Cache
MB: Asus M4A88T-V EVO/USB3
RAM: 2x2GB Corsair DDR3 1333 MHz
GPU: ASUS FORMULA HD5750 1GB GDDR5
PSU: CM GX 650w
HDD: WD Blue Caviar 500GB SATA-II
CASE: DLC-MG858
DVD-RW: 22x LG BLACK SATA

Се на се 32000...
Ниско мизерна класа:pos: според членот што го цитирав погоре:)
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Да бе видиш и они ми викаат супер си ја работат работата, а види колку ефтино прошле...

А 400 евра графичка, се бројат на прсти мислам тие што фрлаат толку пари.

И пак ти ми го вртиш муабетот, појдовниот пост беше АКО НЕМАШ 1000 евра, да не размислуваш да купиш компјутер! И до кога сакаш сега да се вртиме во круг со муабетиве? Знам дека има графичка од 400, но има и од 800 така? Знаеш и самиот дека претеруваш, али ај веќе ја затупе.

ПРВО! Отвори ги цените на Анхоч и направи тотал цена да видиш колку илјадарки ќе заштедиш према цениве од Сет што ги напиша.

ВТОРО! Реков без монитор! Значи одзимаш 8000.

ТРЕТО! Јас како дилер, нели нормално е да продавам по цени поефтини и од Анхоч и остали продавници така?

ЧЕТВРТО! Рамот што си го ставил е ДДР2, а плочата е со ДДР3. Од друга страна, зашто мора Корсаир? Зашто да не е Кингстон? Нема да се игра добро со Кингстон? Дај не заебавај...

ПЕТТО! Пак претеруваш со графичките.

ШЕСТО! Зашто мора Кулер Мастер напојување и Кулер Мастер кулер? Бокс кулерот што доаѓа со самиот процесор екстра си ја врши работата и не бучи воопшто. Немој само да кажеш, А што ако го оверклокуваш?:) Исто и напојувањето, има и други брендови кои се исто квалитетни а 1-2-3000 се поефтини од КМ.

СЕДМО! Незнам више што сакав да кажам, гледам нема цел дискусијава кога ти или живееш во друг свет, или се правиш инат со сила. Кога ќе видиш твоево погоре што го наброја со мали измени ќе го составам за 500 евра според мои цени и пак доаѓаме на моето, али инатот ти е поголем од се.

И како што кажа Мац, 500 евра плус за графичка карта, нема да ти извади плус 500 евра на требата и водата од игрите.

Ниско мизерна класа:pos: според членот што го цитирав погоре:)
Е ова за напојувањево го тресна. Стави напојување од 1-2000 ден. Хантол или делукс на таква конфигурација каква што ја пиша Псисајд, ќе ти рикне у фаца кога ќе пуштиш некоја игра или позахтевна апликација. Кога земаш ком од 500-600 евра па нагоре обавезно CM Silent Prо напојувања. (има и мн. други квалитетни напојувања од други брендови ама не ги увезуваат кај наз)
 
Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
хај енд ... бачко ... нема заебавање ...
тоа што вие мислите ако сте купиле на времето core2 .... имате мадерфакер гејминг машина ... гадно сте се заебале ....

оваа конфигурацијава е чисто онака ... да ви се раздвижат мозочните келии ...
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
хај енд ... бачко ... нема заебавање ...
тоа што вие мислите ако сте купиле на времето core2 .... имате мадерфакер гејминг машина ... гадно сте се заебале ....

оваа конфигурацијава е чисто онака ... да ви се раздвижат мозочните келии ...
Nope... за мене е добар... али по стандарди, Q8200 е лоу енд CPU:)
Исто и картава е лоу енд (4850)
итн..... :)

А го платив 500 евра у 2009, тогаш деловиве беа мид-енд, а моите уопште нејќеа да чујат за 500 евра (нели пошто 500 евра е хај енд....... мислеа дека земав супер компјутер:pos2:) и милат дека сеуште имам којзнае каква машина. xD
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.161
Поени од реакции
5.940
хај енд ... бачко ... нема заебавање ...
тоа што вие мислите ако сте купиле на времето core2 .... имате мадерфакер гејминг машина ... гадно сте се заебале ....

оваа конфигурацијава е чисто онака ... да ви се раздвижат мозочните келии ...
Не брат, реално гледано, со конфигурација: I7 980X, Asus Rampage III Extreme, HD 6970, 6 GB RAM, 256 GB SSD, 1000W PSU, па нека има и водно ладење (иако нема да е потребно), пак нема да испадне поише од 1500 евра. А рачунај со оваа конфигурација ќе играш све живо и диво на high. И што ќе ти се 8 монитори? И еден од 24-26 инча ќе врши работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom