- Член од
- 27 ноември 2008
- Мислења
- 5.539
- Поени од реакции
- 4.066
Вчера сабајлето го земав веќе пц-то. Немаа дечките на лагер I5-12400 па отидов со рајзен 5-5600x. Процесорот со се матичната исто пари излагаа како интелот со матичната, рајзенот поскап малце а ваму матичната на интелот малце поскапа па исто дојде во тој дел. Конкретно само КОД играм, изгледав доста видеа, скоро идентично фпс вадат со 3060ти, само интелот вади 3-4 % повеќе фпс на 1% low.i5-12400 е моментално најдобриот процесор за буџет-гејминг ориентирани системи. Батали советиве за i7 или Ryzen - не ти треба таков процесор, особено ако планираш да гејмаш на 1440p каде што имаш поголема шанса графичката да ти биде bottleneck. Башка за 3060 Ti не ти треба најјакиот процесор, овој е совршен за таа графичка.
Тој процесор не се оверклокува, така што не ти треба скап кулер, а особено не евтин AIO (затоа што се многу побучни од tower кулери), така што можеш да пробаш со дефолтниот Intel кулер, или евентуално да земеш нешто вакво.
Напојувањето е повеќе од океј (Corsair CV750). Cooler Master Masterwatt што ти го предложиле во втората конфигурација е пониска серија од тоа на Corsair, но и со него не би имал проблеми.
Куќиштето е затворено од предна страна и иако не верувам дека би имал проблеми со прегревање на процесорот, трендот на куќишта последниве 2-3 години оди кон mesh front panel куќишта за подобар airflow (на пример како што ти понудиле во Ryzen конфигурацијата, или тој што ти го пиша @dantemkd).
Со Kingston меморија нема промашај (само обавезно нека биде 2 плочки).
NVME SSD од 1 TB иако е добра инвестиција, за парите што би ги дал за драјвови (околу 9500 денари) како алтернатива можеш да земеш NVME SSD од 256 GB за оперативен систем, програми и некоја игра (на пример ова) и 1 TB SATA SSD за игри (на пример ова) наместо HDD за игри (избегнувај ги). За медија фајлови можеш да купиш екстерен диск што може да ти биде поврзан на компјутер 24/7, но по потреба ќе можеш да го носиш со себе (на пример ова).
Матичната е B550M Aorus Elite,
Рам имаа и Кингстон ама ми го предложија Geil Evo !! X RGB 2x8 3200 CL16 па отидов со тој,
Кулерот е Artic Freezer 34 Esports Duos,
Ставив 500GB Nvme ssd Samsung 970 Evo plus, мислам дека ќе бидат доволни само за Warzone и за оперативниот систем,
HDD 1TB WD за слики и по некое филмче / серија. И сега сум со 1ТБ, околу 600 ГБ имам само искористено.
Куќиштето од @dantemkd што го предложи, matrexx 55 mesh.
Отидов со појако напојување, како инвестиција повеќе, добра цена ми дадоа, па здравје за 2 год ако зимам појака графичка да терам со тоа напојување.
Се работи за Asus Rog Stix 850W 80 Plus Gold Fully Modular.
Вчера немав време да го пуштам, денеска поручек ќе му седнам па ќе пишам колку фпс на КОД ќе извади на 1440п 144хз монитор.
Кога сум веќе тука, мониторот е g-sync, па дали вреди да се пушта, дали стварно прави разлика при гејмање ?