Факти за компјутерските делови и мали совети за шопинг

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Секако, баш затоа сакав прво утре да шетнам да видам за сигурно цените како се движат. 7770 ако се земе од Мебиус дури и поевтино ќе ми се фати од 7750 од Сет :D
Исто, кутија некоја да препорачате?
CM Elite 430/431, би требало 3000 денари да се или поефтино. Види во Сет или DDCom. Ако немаш толку пари сега да дадеш на куќиште, земи некое најобично што ќе ти фати око, па подоцна ќе собереш пари за асално.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Дечки, се подновив јас. Благодарност до услужливата тетка во Сет :)

CM Elite 460W - 2590ден.
CM Elite 431 Black - 3180ден. (можеше да се земе и поевтина, ама знам дека ако сега не земев асална кутија во иднина многу тешко дека ќе ја сменев)
P8B75-M LX - 3299ден.
Kingston HyperX Blu 4GB 1600MHz DDR3 - 1690ден. (здравје, за некоја недела уште една плочка ќе се стави)
Intel Ivy Bridge 3220 3.3GHz - 6999ден. (6200 беше Sandy 2120 ping MasteR_#0 )
800GB WD 7200rpm 64MB cache SATA 2 - 3198ден.
Sapphire HD7770 - 6530ден. (Мебиус)
----------------------------------------------------------
Total: 27,486ден.

Благодарност и до вас, поготово за графичката. Одличен избор за малку пари. Сигурен сум дека се наоѓаат истите делови за поевтино ако се комбинира од продавнициве, пример процесорот се наоѓа за 300/400ден. поевтин ако не се лажам, но тоа е што е. Доволно глупо ми падна што им ја однесов графичката од друго место.
Во прилог, сликчиња, радости:

 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Доволно глупо ми падна што им ја однесов графичката од друго место.
Они ти го склопуваа? Cable management лудница! Во иднина тоа можеш да си го средиш.

Честито за компјутерчето и долго да те служи!
 
Член од
26 декември 2012
Мислења
229
Поени од реакции
159
Ај содравје да се служиш, инсталирај сега нешто поново како farcry 3 па да видиме како ќе ја врти :)
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Они ти го склопуваа? Cable management лудница! Во иднина тоа можеш да си го средиш.

Честито за компјутерчето и долго да те служи!
Да, не им ни реков сами си се нафатија. :)
А така се гледа иначе, лоша ми е камерата, во живо посредено изгледаат некако. А и премногу вишок кабли се, подобро немало да ги наместам сам во секој случај.
 

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Со среќа да го користиш новиот PC :) А иначе малку повисока цената на 3220 него што мислев, ама ок не е многу голема разлика и се исплати.

P.S. Да ќе заборавев да кажам, еден од ретките си што ги зема во предвид советите во подфорумов, браво (y)
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.480
Поени од реакции
3.292
Дечки, што мислите за оваа звучна картичка: Asus Xonar DGX?
Дали мислите дека има некоја подобра во тој ценовен ранг?
 

MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Дечки, што мислите за оваа звучна картичка: Asus Xonar DGX?
Дали мислите дека има некоја подобра во тој ценовен ранг?
Ќе направи голема разлика во споредба со онбордот сигурно. Цената е на место мислам дека нема друга поасална звучна за тие пари, за околу 3000 ден. ако уште ја има Xonar D1 или DX се подобар избор.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Земи ја најефтината од Asus, мислам дека DS беше...
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
Овие слушалки и овие звучници.
Не верувам дека ќе осетиш некоја разлика на тие слушалки, али со среќа во секој случај.

Земи ја најефтината од Asus, мислам дека DS беше...
Не не, DG е, таа што он има намера да ја земе. DS е малце подобра барем на хартија. Подржува 7.1 аудио и максимална резолуција од 192 KHz @ 24 bit, за разлика од DG која е со 5.1 аудио подршка и 96 KHz @ 24 bit, али па од друга страна DG има вграден засилувач до 150 оми.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.480
Поени од реакции
3.292
Не верувам дека ќе осетиш некоја разлика на тие слушалки, али со среќа во секој случај.
А што мислиш нема да има разлика од onboard-от? Во секој случај и понатака сигурно ќе ги апгрејдувам слушалките...
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
А што мислиш нема да има разлика од onboard-от? Во секој случај и понатака сигурно ќе ги апгрејдувам слушалките...
Недоволно за да ти се исплати купување на звучна карта што е поскапа од самите слушалки. Ко ќе земеш некои слушалки од 5-6 илјади денари тогаш ќе ја осетиш вистинската моќ на звучната.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Недоволно за да ти се исплати купување на звучна карта што е поскапа од самите слушалки. Ко ќе земеш некои слушалки од 5-6 илјади денари тогаш ќе ја осетиш вистинската моќ на звучната.
Се согласувам дека тогаш ќе осети многу поголема разлика, ама и на некои пониско буџетни слушалки ќе осети разлика. Поквалитетните слушалку секако ќе звучат подобро, ама звучната карта си игра улога исто така.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom