Факти за компјутерските делови и мали совети за шопинг

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Mомци, неколку години не следам хардвер па ми требаат неколку совети.


Кратка верзија: Ќе можам ли да направам солиден оверклок на i5-2500K со B75 плоча? (Asus P8B75-M LE на пример)
Под солиден мислам некаде до 4.2-4.4GHz ништо екстремно и со што помалку дигање напон.


Подолга верзија: Ми паднаа во раце i5-2500K и Mushkin Enhanced Redline 8GB (2 x 4GB) 240-Pin DDR3 SDRAM DDR3 1600 (PC3 12800). Ми треба што поевтина плоча што може да го оверклокува i5-2500K и да го искористи рамот во рамки на спецификации. Последниве ден-два што читам, кај оваа генерација хардвер као латенцијата била побитна од фрекфенцијата?
Нејсе, за В75 читав дека оверклок може само до највисокиот турбо мултиплаер и дека нема регулација на напон. Плус наводно тоа само за првото јадро, кога ќе се активираат останатите јадра се ресетирал множителот на дефолт...

Дали ќе мора да се оди на Z77 чипсет? Зошто никаде нема Z75 плочи?
Не ми треба SLI, не ми треба SSD кеширање, раидови... ништо од тоа. Само осреден оверклок на CPU-то и RAM-от, и што поевтина цена. (да не заборавам и HDMI приклучок, единственото нестандардно побарување што го имам)
Се мислев за Asus P8Z77-M, иако има послаба регулација на напонот од поскапите Асусови модели со Z75. Или некој Asrock модел, заради цена и можност на монтирање LGA775 кулери.
1. Не.

2. Рамот не се клока како што треба на LGA 1155, заборави го тоа, над 1600 мегахерци не ти се исплати, за да се исплати треба да земеш на 2133/2133+

3. Не мора, ако зимаш 2500K, тогаш се иде на Z68, мада не ти препроачувам да купуваш 2500K at this point, Z77 е доста подобра опција.

4. Земи ја оваа, за 4.2 -4.4 ќе биде и повеќе од доволна...
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.158
Поени од реакции
5.933
А зошто не на P67? Пошто он не бара дополнителни срања и ваљда ќе купува (или веќе има) графичка. И што му фали на 2500К? Уште кога излегоа Ivy Bridge читав дека се клокале малку потешко пошто повеќе грееле. Дали нешто е сменето сеа? (конкретно за 3570K прашувам).
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Има многу предоности Z77 vs P67/Z68...ме мрзи да набројувам, ако се купува конфигурација од нула, доста подобар избор е Z77.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.254
Поени од реакции
34.847
Ок, значи B75 за оверклок не го бидуе... разни работи пишува на нет, збунувачки кога од нула бараш информација. Асус гарант нуди повеќе оверклок опции од другите, ама против ограничување на чипсет не се може.

Пошто он не бара дополнителни срања и ваљда ќе купува (или веќе има) графичка.
Дап, графичка веќе имам и не планирам нова во догледно време. Само ми треба HDMI на матичната, на онборд графичката. За во иднина, по следната надградба (или порано), ова ќе оди за мултимедија РС.

3. Не мора, ако зимаш 2500K, тогаш се иде на Z68, мада не ти препроачувам да купуваш 2500K at this point, Z77 е доста подобра опција.
2500К е веќе земен од еден пријател, понуда што не можев да ја одбијам. :)
Сега идејата е како најфикасно (најевтино) да го искористам. Би земал B75, ама греота е 2500К да не го возам над 4GHz. Би земал и H77, ама тој наводно фул оверклок правел само на Ivy Bridge, a Sandy Bridge само до Max Turbo Frequency, 3.7 GHz за 2500К

Интел стана едно големо страње ако сакаш за мали пари да извлечеш перформанси. Се се плаќа, оверклок само на отклучени процесори и само на највисоката класа чипсети. Штета што АМД е на заоѓање.


4. Земи ја оваа, за 4.2 -4.4 ќе биде и повеќе од доволна...
За таа и мислев. Од друга страна MAXIMUS IV GENE-Z/GEN3 е некако блиску со цена а многу поквалитетно напрана плоча, ама и јас би z77 наместо z68. Ќе истражам/прочитам подетално за разликите.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Нешто си помешал другар, Intel не станал срање, Intel стана врв и ги надмина AMD во односот цена перформанси....за 200 евра се склопува боли глава (за парите) конфигурација со H61 чипсет. Незнам кој дел те буни, ама еве ќе пробам да ти образложам.

На AMD чипсет, иако се клока и на послабите чипсети, оверклокот е толку многу лимитиран, што би му дошло исто како да не е отклучена платформа. Друго, сток i5, тепа све живо и диво од AMD, дури и оверклокуван (генерално) за Ivy Bridge, да не збориме.

Трето, има доста добра матични за 4.500/4.000 на P67 чипсет, ако веќе си земал 2500K..

Еве ти 2,

1, 2.

Овие 2 ќе овозможат оверклок до 4.4 без проблем (само флешувај најнов BIOS обавезно) и купи си Hyper 212 во иднина, тоа би било тоа.

Ако можеш да си ја дозволиш Gene, БОЛИ ГЛАВА е матичната.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.254
Поени од реакции
34.847
Кој е главен увозник за Асрок во Македонија?
P67 PRO е „најнов„ модел во СЕТ, Асрок треба да имаат плочи и со z75.

Нешто си помешал другар, Intel не станал срање, Intel стана врв и ги надмина AMD во односот цена перформанси....за 200 евра се склопува боли глава (за парите) конфигурација со H61 чипсет.
Интел е неоспорно врвот, ама мојата (лошо кажана) поента е дека денес за оверклок купуваш (и плаќаш) компоненти од висока класа. Значи не зборам за „спортските„ оверклокери што бркаат рекорди и не штедат пари на компоненти. За мене оверклок одсекогаш било од ниска класа компоненти да извлечеш висока средна класа перформанси. Сега тоа не е можно.

Точно е дека за малку пари се прават ОК конфигурации ама за тоа е позаслужен Муровиот закон одколку великодушноста на Интел. Лошото е што АМД денес не може да парира во ниеден аспект на пазарот, токму затоа и Интел прави што сака. Поточно заклучено е се, и оверклокот го плаќаме дебело (што убива добар дел од неговата смисла).
 
Член од
12 март 2012
Мислења
5
Поени од реакции
0
Која од овие две конфигурации е подобра???

cpu- i5 3550
mb- gigabyte b75 d3v
ram- 4gb hyperx blue
psu-470w gigabyte
ssd- samsung 830 128gb ili vertex 4 series ( и овде што да одберам?)

или

cpu- i3 3220
mb- gigabyte h77 d3h
ram- 2x4gb hyperx blue
psu-470w gigabyte
ssd- samsung 830 128gb ili vertex 4 series
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Која од овие две конфигурации е подобра???

cpu- i5 3550
mb- gigabyte b75 d3v
ram- 4gb hyperx blue
psu-470w gigabyte
ssd- samsung 830 128gb ili vertex 4 series ( и овде што да одберам?)

или

cpu- i3 3220
mb- gigabyte h77 d3h
ram- 2x4gb hyperx blue
psu-470w gigabyte
ssd- samsung 830 128gb ili vertex 4 series
Горната. Ако сакаш брзина, V4, ако сакаш сигурност и стабилност Samsung 830, бирај си.
--- надополнето: 26 декември 2012 во 03:16 ---
Кој е главен увозник за Асрок во Македонија?
P67 PRO е „најнов„ модел во СЕТ, Асрок треба да имаат плочи и со z75.



Интел е неоспорно врвот, ама мојата (лошо кажана) поента е дека денес за оверклок купуваш (и плаќаш) компоненти од висока класа. Значи не зборам за „спортските„ оверклокери што бркаат рекорди и не штедат пари на компоненти. За мене оверклок одсекогаш било од ниска класа компоненти да извлечеш висока средна класа перформанси. Сега тоа не е можно.

Точно е дека за малку пари се прават ОК конфигурации ама за тоа е позаслужен Муровиот закон одколку великодушноста на Интел. Лошото е што АМД денес не може да парира во ниеден аспект на пазарот, токму затоа и Интел прави што сака. Поточно заклучено е се, и оверклокот го плаќаме дебело (што убива добар дел од неговата смисла).
Другар, сети се малце. Порано не си правел оверклок на матични од 1000/2000 денари....порано за нормално - солиден оверклок се даваа по 100/150 евра + за матични, бидејќи BCLK не беше лимитиран нели.

Сега истиот оверклок ти е достапен за само 100-на евра, или поточно 80 (P67 pro/MSI) застапник за МК за Асрок е Сет....

Поентата ми е дека порано одклучените плочи/чипсети за 50-на евра, секако не се клокаа....барем не солидни без да ти прегрева напонската секција, или пак да те лимитра BCLK-от или меморијата. Единствено за што си во право, е што оверклок опцијата се одстрани од 2 јадрените процесори на Intel, за ова се согласувам....
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.254
Поени од реакции
34.847
Во СЕТ немаат ништо од Асрок, ни со предходната ни со сегашната генерација чипсети на Интел. Никој друг не носи Асрок?
Проверив и во Анхоч, Мебиус и неколку помали фирми...

Поентата ми е дека порано одклучените плочи/чипсети за 50-на евра, секако не се клокаа....барем не солидни без да ти прегрева напонската секција...
Па не баш, барем не по моето искуство.
Секако дека подобра плоча со добро направена напонска секција и секакви можни опции за подесување на сите аспекти на клокирањето, не може да биде лоша работа. Ама тоа не значи дека со евтини плочи (Asus! посебно) не се вршеа солидни оверклокувања. Опасност од прегревање на напонската секција нема ако напонот не го подигаш многу, а стратешки поставено парче хитсинк помага ако не ти е тешко малку да се помачиш. Филозофијата на гето оверклокирање е паметно извлекување на максимумот од нешто евтино. Значи валју класа на плоча, паметно избран CPU со најмногу headroom за OC и доволно ниска класа за да е евтин. Кулер исто валју класа ама и солиден. Ако максот на CPU-to e некои 4.6-4.8GHz со максимален напон за таа генерација, се задоволуваш со 4.2-4.4GHz, во зависност од тоа колку може дадениот примерок да оди со безбедни нивоа на напонот.

Многу примери има, еве во pII ерата купив Celeron 300 на кој со евтина плоча го возев на 450MHz. 50% оверклок само со лакирање на еден од контактите на плочката, и перформанси на врвниот модел pentiumII 450 за 10-ина проценти од цената. Аthlon XP, сите сетирања за множител и напон се сетираа со отварање/затварање на контактите на горниот дел од процесорот или уште поедноставно со мали жички во лежиштето/сокетот.

Тоа беа времиња. Денес нема задовоство на „направи го сам„ моментот. Еве читам рамот што ми падна во раце има XMР профајли, на готово наместено да не "мачиш" да оверклокираш сам. Како друг да ти ја соблекува девојката, пред... Пошто нели да не се мачиш сам. :)
Плочиве се „паметни„ и малтене сами овеклокираат... се тоа убаво за почетници посебно, ама кошта и дебело се плаќа. Со што идеш до моментот кога излегува дека валиден избор ти е евтина плоча и разликата во пари да ја дадеш во што појак процесор кој нема воопшто да го оверклокираш. Поентата на оверклокот полека се губи.


Ај да не го дрвам више. Само морам да кажам дека ми недостигаат старите времиња :)
Денес наместо солидна и евтина плоча со B75, (чипсет кој ми одговара по се освен по тоа што вештачки го оневозможиле за оверклокирање) ќе морам да се опрчам доста повеќе за плоча со највисоката класа чипсети со z77/z68 иако не ми требаат никакви аутоматски оверклокирања, SLI заебанции, SSD кеширања, raid-ови, и што уште не. Фак ју Интел, и ајде нека се оправи АМД некако... Не за друго, ама без конкуренција Интел многу безобразен стана.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Ако ја нема Asrock, на лагер, земи ја MSI-то, го знам човекот лично...слободно купи од него :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.254
Поени од реакции
34.847
Не ми одговараат Intel P67 плочи, ми треба онборд видео, HDMI излез поточно.
(башка и LucidLogix Virtu MVP кај чипсетите со видео не е за фрлање)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.254
Поени од реакции
34.847
Дап, ама ме нервира тоа што реално за таква плоча, со оглед на целната група, (не)сложеноста на напонскиот дел, опциите... цената би требало да и е барем една третина помала.

Ако веќе го гризам куршумот со плоча од 100 европски, ќе идам на MAXIMUS IV GENE-Z.
Или тоа или треба да почекам некоја недела да видам да не донесат нешто ново во продавнициве. :-/
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.480
Поени од реакции
3.292
Може некој да ја процени конфигурацијава:

MB: Gigabyte GA-Z68AP-D3
CPU: Intel Core i7 2600 3.4 GHz
GPU: GeForce GTX570 1280Mb GDDR5
RAM: 2x4GB Dual Channel DDR3 Kingston 1333 MHz
HDD: Hitachi 500GB

Користен 8-9 месеци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom