Ocajna
Domakjinka
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 1.327
- Поени од реакции
- 2.176
ФОН потпиша договор со врвен Институт од Ница
Елена Ацевска Коментари (0)
17.07.2008 18:26
Македонските студенти за прв пат ќе имаат можност да добијат диплома која ќе биде европски призната. Универзитетот ФОН потпиша договор за соработка со врвниот Европски институт од Ница.
Со тоа, овие две високообразовни институции ќе вршат размена на студенти и професори кои на ФОН ќе држат предавања и семинари на англиски јазик. Студентите кои од септември ќе почнат да студираат на ФОН, како и оние кои ќе се запишат на постдипломски студии, ќе добијат две дипломи. Една на ФОН, друга на Европскиот институт, која ќе им ги отвори вратите секаде во светот.
„Отидовме еден чекор понапред, не само на ФОН универзитетот, туку воопшто во образованието во Македонија во спроведувањето на реформите, со оглед на тоа што овој Институт е институт којшто е контролиран и е под супервизија на ЕУ“, изјави Сефер Цановски, генерален менаџер на универзитетот ФОН.
ФОН ги исполни сите услови кои беа потребни за оваа соработка. Едниот е да има доволен број на кадри. На универзитетот ФОН моментално има 200 професори во редовен работен однос и друг академски кадар.
Вториот беше ФОН да обезбеди услови за учење од далечина. Со ова се очекува во Македонија да студираат голем број на студенти надвор од земјава.
„Многу студенти надвор од РМ, многу странски студенти очекуваме да се пријават за овие студии, каде што ќе се доделува двојна диплома, диплома од Институтот и диплома од Универзитетот ФОН“, рече Сефер Цановски.
Европскиот институт од Ница, чиј претседател е Премиерот на Луксембург, е формиран во 1964 година. Досега на овој Институт студирале врвни и признати лица, од кои дел се на функција во Европската унија.
На Европскиот институт во генерацијата 1968-1969 магистрирал и евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере.