ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Недела 31: 1973 - 19.05-25.05.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.026
Поени од реакции
34.641
1698605308936.png

Недела 4: 2016 - 29.10-04.11.2023

За 2016 нема што многу да кажам, сите ја паметиме како годината во која La La Land неправедно го изгуби Оскарот за најдобар филм од геј црнечки филм на кој никој не се ни сеќава.

Само за потсетување:

1698605333951.png

1698605373073.png

Grand Jury Prize на Санденс зеде филмот The Birth of a Nation на Нејт Паркер
Златна мечка во Берлин зеде документарецот Fire at Sea на Џанфранко Роси
Златна палма во Кан зеде I, Daniel Blake на Кен Лоач
Златен лав во Венеција зеде The Woman Who Left на Лав Диаз од Филипини

Кај нас излегоа филмовите: Обожение на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов, Џган од Вардан Тозија, Ослободување на Скопје од Раде и Данило Шербеџија кој беше наш претставник за Оскар и Златна петорка од Горан Тренчовски.

Сите номинирани за Оскар во сите категории: https://letterboxd.com/henzon/list/2016-oscars/
 
Член од
15 март 2023
Мислења
39
Поени од реакции
76
05. Arrival (2016)
arrival.jpg


Вчера го глеав за прв пат, ко да знеав дека ќе се падне 2016 неделава (иронично дека и за тоа се работи во филмот, предвидување на иднината). Неам шо да кажам, без зборови останав на крајот, многу јако филмче. (y)
8/10
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
The Tin Drum (1979)

Уште еден филм во низата екранизации, овој пат на романот Лимениот барабан од нобеловецот Гинтер Грас. Златна палма, Оскар и доказ дека наградите не секогаш се мерило за врвен квалитет.

Оскар е тригодишно момче кое одбива да порасне. Останува заробен во своето малечко тело кога силната волја се спротивставува на природниот закон. Насекаде со себе го влече црвено-белиот барабан кој е мошне длабока метафора за вината која Германците ја носат по '44та, не? Овој филм нема што нема: гротеска и сатира, претерано иритантен протагонист, инцестуозна врска, а некои земји го банирале и поради препознавање детска порнографија.

Потрошив 163 минути што нема да ги вратам, да не трошам повеќе и зборови. 2/5 за епизодата улога на Шарл Азнавур.
The Salesman (2016)

Имам доста наивно верување, но убедена сум дека за добра драма доволна е една силна морална дилема. Нормалниот тек во животот на Емад и Рана е нарушен откако во него упаѓа непознат човек. Во јадрото како mise en abyme стои драмскиот текст на Артур Милер, кој совршено се пресликува и надополнува по темите за гордоста и честа, искушувањето, премолченото насилство и гневот.

Минатата недела го гледав Уве и без оглед на тоа колку ме допре и плачев, не можам да го замислам како победник покрај овој. Едвај успеав да се воздржам и да не се впуштам во гуглање на половина филм, туку да издржам и да му се препуштам додека самиот се отплеткува. Фархади режира по сопствена формула, би рекла препознатлива по својата човечност, и safe to say дека Salesman му ја зацврсти позицијата на мојата листа омилени режисери. 4/5
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.121
Поени од реакции
56.175
The Salesman (2016)
Forushande


Се дешава некој хаос у зградата каде живеат Рана и Емад и мора да се иселат од таму и да бараат ново место за живеење. Еден пријател од театарот ќе им понуди стан каде претходниот станар односно станарка живеела малце бурен живот. За тоа ќе дознаат малце покасно кога еден непознат лик ќе влезе и ќе ја нападне Рана. И после тука глеаме борба со самите себе, одмазда нешо натака навака.

Добар филм, држи внимание, си обработува некои теми кои се специјалност за Фархади. Јас го поштувам ликот иако другите 2 филма што сум ги гледал сум ги оценил со некоја просечна 6ка а тоа највеќе се должи што мене не ме допираат тие нивни трилер моменти. Не знам како да се изјаснам за поубаво да доловам што сакам да кажам.
Има неизвесност и напнатост во текот на целите филмови само што на крај коа ќе се отплетка приказната ми испаѓа мех иако не е поентата да те шокира или не знам што, у стилот на шпанските трилер мистерии рецимо, али сепак целокупниот пакет се должи на тоа мех. Иако станува збор за квалитетен режисер, ова се добри филмови, да не испадне дека го хејтам, си има тежина ликот и филмовите му се добри.

Искоментирав вака за сите 3 наеднаш (About Elly, The Separation и oвој) aма тематски и стилски ми се многу слични.

7.5 оценка

@Варвара ?
Силувана беше оваа бе? Јас мислам да, иако тоа никој директно не го призна сепак маж и најде чорапа фрлена, клучеви, пари новчаници, значи тој раскомотен бил. Башка една од станарките коа овој ги чистеше скалите му рече као ти очигледно не беше тој што ја најде жена ти пошто не знаеш у каква состојба беше. А и после кога го прашуваше стариот дали влегол во купатилото овој му рече као i was tempted нешто така.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
431
Поени од реакции
1.514


Сали : Чудото на реката Хадсон

Овој пат се решив за биографска драма, инспирирана од вистински настан.

Режисер Клинт Иствуд, главна улога Том Хенкс. За ваква тема, не ми паѓа на ум подобар избор искрено, оти со Иствуд никогаш нема утка кога треба да се долови емотивна димензија на одреден настан, а Том е одличен во доловување ликови со покомплексни дилеми и несекојдневни доблести.

Нејсе, доста трачам туку два збора за филмот.

Еден јануарски ден за време на лет, двата мотора од авионот откажуваат, што го става Сали (Челси Саливан) на тест на човечноста којашто некогаш бара екстремни, во однос на правилата, не секогаш прифатливи избори. И тој решава да биде храбар и да ги стави животите на луѓето пред сите правила и авионот принудно слетува во реката Хадсон. Ова екстравагантно слетување резултира без жртви и тешки повреди.

Но, Челзи паралелно ги живее и рајот и пеколот произлезени од неговата одлука. Масата го смета за херој (што и е), но преку една истрага на одделот за безбедност на пат, се доаѓа до сознание дека едниот од моторите не откажал целосно и дека можел да ги однесе до пристаништето, така што, од една страна речиси идолизираниот Сали е немилосрдно осудуван... и двете на иста тема - безбедноста на патниците.

Приказна којашто ќе натера човек да се запраша за сопствените избори, дискутабилноста на острата поделба на правилно и погрешно.

Ми се допадна тоа што немаше некоја пропаганда и бодење очи со идеи како што знае да биде еден холивудски филм, буквално приказната сама си се раскажа. Немаше ни претеризам со визуелни ефекти и замајување со детали. А глумата на Хенкс, мислам не се ни дискутира. Филмов е нешто како ова ,, Совршен колач со само 2 состојки ", само што во овој случај не е само click bait.

Има еден друг момент. Истражителите се претставени многу остро, небаре суд на Инквизицијата. Самиот пилот е всушност вклучен во сценариото така што овој факт малку ме замисли.

Во секој случај, квалитетно потрошени нешто повеќе од час и половина. 9/10
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.835
Поени од реакции
10.954
4. 2016

Your Name.

8your-name.jpg

Анимиран филм во кој двајца тинејџери, момче и девојка, по некој начин си ги разменуваат телата. Тој се буди во нејзинотот тело, таа во неговото. Овој феномен не е константен, од време на време се враќаат назад, без спомени од случувањата. Нештата стануваат комплицирани кога решаваат да се запознаат во живо.
Визуелно, ова изгледа прееедобро. Приказната и сторителингот исто јаки. Е сега, малку беше засукан филмот и по едно време имаш чувство како да гледаш 3 различни филма.

3.5/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.026
Поени од реакции
34.641
08. Rogue One: A Star Wars Story - Gareth Edwards (2016)

1698870425419.png

Овој ми беше единствениот Star Wars филм кој не ми беше гледан, иако од 2016 имам гледано дури 158 филма, а од номинираните за Оскар имам гледано дури 35 од вкупно 57. Не знам зошто не го гледав, веројатно зашто знаев како ќе заврши. Којзнае. Сега знам дека сум испуштил многу! Филмов е вистинско ремек дело, за мене еден од најдобрите филмови на Star Wars сагата, филм кој прикажува една многу значајна приказна која фрла светло на случувањата во филмовите од Скајвокер сагата, а особено на првиот филм од оригиналната трилогија (note to myself: треба да се репризира се уште еднаш). Филмов уште повеќе ми се допадна што е директен sequel на одличната Andor серија на Disney која неодамна ја изгледав. Номиниран за два Оскари: за визуелни и звучни ефекти, е филм кој секој љубител на ѕвездените патеки мора да го изгледа. А не ко мене...

9/10
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.835
Поени од реакции
10.954
4. 2016

10 Cloverfield Lane

4OZKWRX_copyright_image_62575.jpeg

После сообраќајна несреќа Мишел е заклучена во бункер од возрасен, поранешен војник-Хауард. Во бункерот се наоѓа уште еден маж.
Причината, според Хауард, за оваа постапка е воена окупација и напад од надворешен фактор. Во текот на филмот постојано, заедно со карактерите, го менуваме мислењето за тоа дали Хауард е еден психопат кој сака да киднапира или навистина надвор се случува нешто.
Филмот навистина беше добар, Џон Гудман изгази. Тензија цело време. Освен последните 20минути кои беа доволни да го расипат впечатокот за целиот филм. Кааако бе како доаѓаш со ваква идеја за крај, како? Па филмов можеше да биде ремек дело, со било каков крај освен овој. Срање. Вака исто се почувствував кога го гледав From Dusk Till Dawn.


3/5
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
Симфонијата! :love:
Ооф, не знам. Емад ѝ беше поддршка, на нејзина страна, а шеријатот предвидува смртна казна за ваков деликт. Меѓутоа го сфаќам отпорот кон пријавување бидејќи ако околината ја обвини дека е прељубничка и/ли „сама си го барала“ исламските закони би биле сурови единствено кон неа. Сите работи што беа оставени (парите...леле, животот ми се згади!), разговорите, нејзиното однесување - зависноста од маж ѝ и мелтдаунот на сцена - сѐ оди во прилог на тоа дека е силувана освен нејзините постапки.

Со кој памет замина сама на паркингот и в театар кога не знае како изгледа напаѓачот? Обично чувството на привидна сигурност (дека заканата поминала и полошо не може да биде) се јавува откако ќе ја надмине траумата или непосредно по нападот. Од наредниот ден веќе се губи и започнуваат да се манифестираат други симптоми и состојби. Таа се симна по два-три дена, а токму тогаш паранојата, стравот од повторување е веројатно и најизразен.

Јасно ми е дека секоја жртва има различен механизам на справување ама станува збор за една од најтешките форми на насилство кон жена. Не е напад само на телото, туку на цело битие. Не поминува туку-така, што знам.

Кога Емад тргна во опсесивна потрага и го најде очекував дека ќе се случи некоја комбинација од Prisoners + The secret in their eyes. Културолошките разлики настрана, и Норвежанец и Суданец исто би реагирале во афектен момент предизвикан од таква ситуација, а исходот сигурно нема да се две-три шлаканици.

Всушност сега се сетив дека откако се вратија дома тој отворено ја праша дали се случи уште нешто на што таа веднаш одговори со не. Не ваљда дека ќе крие од него.

На крај, некако поверојатна ми се чини можноста дека старецот е гаден воајер кој ја преплаши и удри во паника пред да избега. Или повеќе верувам во ова за полесно да си го објаснам нејзиното простување зашто инаку не би можела.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.026
Поени од реакции
34.641
1699171964215.png

Недела 5: 1946 - 05.11-11.11.2023

Годината во која светот почнува да закрепнува по Втората светска војна.

Годината во која излегува феноменалниот It's a Wonderful Life на Френк Капра. Го имате и во боја денес, кој го нема гледано, нека не бара друг филм!

Ова е и годината кога излегува Оскаровецот The Best Years of Our Lives кој станува и the highest grossing movie of the year и освојува 7 Оскари меѓу кои и за најдобар филм.

Годината кога се раѓаат: Дајан Китон, Доли Партон, Дејвид Линч, Шарлот Рамплинг, Алан Рикман, Лајза Минели, Шер, Брајан Кокс, Силвестер Сталоне, Раде Шербеџија, Томи Ли Џонс, Оливер Стоун, Сузан Сарандон, Сали Филд и Стивен Спилберг.

И годината во која на филм дебитираат Кирк Даглас и Џина Лолобриџида.

1699172609375.png

1699172705647.png

Листа со сите филмови номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/henzon/list/1946-oscars/
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.835
Поени од реакции
10.954
4. 2016

The Nice Guys

fs_the_nice_guys_1200.jpg

Расел Кроу и Рајан Гослинг се The Nice Guys.
Приватни детективи по сплет на околности ќе се обединат како тим во пронаоѓање на изчезнато девојче и разрешување на несреќен случај.
Забавен филм, доста интересни сцени. Најважно е што не беа кринџ. Расел Кроу како еден од моите омилени актери, прв пат во вакво издание, ми се допадна.


3.5/5
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.121
Поени од реакции
56.175
Notorious (1946)

Кери Грант и Ингрид Бергман се главните актери во оваа трилер романса режирана од Алфред Хичкок. Дејството е сместено во Мајами во 1946та година каде Грант треба да ја натера (со уцена) Бергман да оди во Бразил за да шпионира некои нацисти избегани од војната, нацисти со кои нејзиниот татко имал тесна соработка. Во меѓувреме овие двајца ќе се заљубат а стварите малце ќе се искомпликуваат кога Бергманка треба да влезе во врска со еден од тие кои треба да бидат шпионирани.

Не е ова најдобриот Хичкоков трилер, но станува збор за еден сосема коректен филм. Кај Хичкок ретки се утките па така и овој филм наидува на позитивни критики од јавноста.
Своевремено бил хит, верувам, цепидлаката у мене наоѓа замерки нормално али не е нешто страшно. Сепак збориме за филм снимен пред 80 години.
Интересна приказна, држи внимание, убаво помина.

6.5 оценка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.026
Поени од реакции
34.641
На листата Оскаровци од 1946 беше и филмот кој јас го гледав, а дури откако го оценив на Letterboxd забележав дека е филм од 1945. Како се нашол на церемонијата на доделувањето на Оскарите во 1947, не ми е познато, но ќе се обидам да дознаам. Станува збор за:

09. Brief Encounter - David Lean (1945)

1699384848975.png

Станува збор за кратка романса за случајна средба на една мажена жена која четвртоците ги поминува сама во блискиот град каде најчесто руча, пазари, оди на кино и се враќа со првиот вечерен воз дома, и еден лекар кој работи во болницата во градот, но живее на спротивна страна. По нивната прва случајна средба ќе следи втора, па трета, па договор да се гледаат секој четврток, па ќе се роди љубов... И толку, се е кажано за филмов. Филмот е уствари, како жената му ја опишува својата афера на сопругот, денот кога за последен пат ќе го види својот љубовник. И стварно не знам што друго да кажам за филмов, толку е едноставен што буквално и нема што да се каже за него. Нема заврзлами, заплети, клифхенгери, мистерии ни било што би го усложнило патот од А - почеток на филмот до Б - крајот на филмот. Прочитав дека бил многу ценет во тоа време, дека во некое кино се прикажувал цели 8 месеци зашто стварно имало интерес за истиот. Главната актерка била номинирана за Оскар (заслужено). И толку.

А, да, ќе заборавев - на @whatto многу му се допаднал. 7/10 од мене - се си беше ОК, плус голем плус што е само саат и 20 минути долг, но повеќе од просечна седмица не можам да му дадам.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
Shoeshine (1946)

Паскале и Џузепе мечтаат за еден коњ. Ја користат секоја прилика да бидат во негова близина, му се восхитуваат, го бројат секој заработен денар за да го откупат. Парите не се доволни затоа што двајцата се деца-чистачи на чевли што доаѓаат од екстремна сиромаштија (постариот Паскале е и сирак и бездомник). Надежта тлее, тие не се откажуваат од соништата и покрај тешките околности. Сѐ ќе се промени откако ќе влезат во домот на локалната гатачка. Повеќе не би сакала да откријам ни детаљ од страв дека некому би му го уништила искреното доживување. Многу филмови се занимавале со исти или блиски теми, но досега не сум видела некој да го прави тоа на начинот како де Сика - со големо мајсторство, прецизно да проникне и ги расчлени општествените аномалии.

Филмовите од неговото рано творештво припаѓаат на италијанскиот неореализам, движење кое се потпира на новата реалност што ја затекнала повоена Италија. Неореализмот инсистира на веродостојност, на пустошот по војната во секој облик: економски, општествен, духовен. Во виорот на случувањата стојат обични луѓе од работничката класа фатени во сопствената, лична трагедија. Иако Shoeshine е еден од најважните претставници на неореализмот и е првиот странски филм кој се закитил со почесен Оскар, останува во сенката на Bicycle thieves и Umberto D. Трогателен филм што секој треба да го изгледа за да се сети на одговорноста што ја имаме како возрасни, на домино ефектот од секоја наша одлука. Навистина не постои ништо почисто од детскиот наивен поглед кон светот. 4/5

п.с. После ова, сега ми беше ептен убаво да прочитам дека во 50тите Франко т.е. Паскале продолжил да се занимава со глума и соработувал со Фелини, Роселини и Антониони, па дури и со Манкиевич.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom