ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Недела 34: 2007 - 09.06-15.06.2024)

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.182
Поени од реакции
56.684
Dances with Wolves (1990)


Во режија на Кевин Костнер со Кевин Костнер во главната улога во ликот на Џон Данбар, воен херој од граѓанската војна кој по една самоубиствена акција добива дозвола за премештај, и бива преместен на некое место во Дивиот Запад. Кога ќе стигне на местото гледа дека тоа е напуштено и одлучува сам да седи таму и да ги чека трупите односно останатите војници кои некако требаа да дојдат или да поминат од таму, не знам баш не разбрав, т.е забораив пошто 9 години трае филмов.
И, откако ќе остане сам, ќе примети дека во близина има индијанско племе и набрзо ќе се спријатели со нив па дури и ќе стане еден од нив, полковникот Џон Данбар ќе стане Танц со волци.

После 100 години одложување конечно му дојде редот на филмов. 3 саати е официјалното времетраење ама изгледа не постои таква верзија па така единствена на интернетов е онаа директорс кат која трае 4 саати. Единствен филм што трае поише од 3 саати и притоа е класа и вреден за репризирање е Си беше еднаш во Америка на Леоне, и ниеден друг.

Филмов немаше да биде досаден ако траеше некои 2 ипол саати, максимум 3 ај преку сила. Вака е апла досаден, една обична приказна разводенета у 4 ебани саати со еден куп вишок сцени каде Костнер си позира и си шеткара пред камера. Феноменална кинематографија, убава музика иако Енио Мориконе тука би напраил ремек дело според мене. Кевин Костнер тотално нехаризматична фаца, можда требало да земе друг актер кого го личи за вакви вестерн филмови. Апсолутно вреди да се пофали и индијанскиот јазик кого го зборат индијанците нели логично, поштувам такви оригинални ствари у филмови. Друго нешто за пофалба не ми текнува.

И сега доаѓаме до конечното и вечно прашање на темата филмови во 1990та година и крајната манифестација наречена Оскар каде Мартин Скорсезе беше тотално оштетен за наградата најбоље филм на годината, токму од овој.
20тина години претходно Марлон Брандо за неговиот Оскар за Кум во знак на револт за третманот што го добиваат индијанците, испрати индијанка да ја прими статуетката во негово име и Академијата со нетрпение чекаше некој да сними филм за индијанците и сместа да му залепи Оскар.

7.5/10 оценка.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.891
Поени од реакции
11.240
Затоа си реков еден ден, филмови шо траат повише од 2 ипол саати не гледај! Неам концентрација, стварно.
Што требало од филмски класики и траеле и над три часа се изглесани, нови филмови само до два часа.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
166
Поени од реакции
769
Madame Rosa (1977)

Идентитетот и личноста на госпоѓа Роза е определен од две нешта - таа е Еврејка што во младоста го преживеала холокаустот во Аушвиц и поранешна проститутка што сега под закрила ги зема децата на нејзините млади колешки во својот дом. Меѓу сите нив се истакнува Момо (мал Беким Фехмиу, копија) како најстар, 11 годишно момче од Алжир кое ѝ е десна рака. Филм за желбата да се припаѓа некаде и некому, надминувањето на стравовите и искреното пријателство.

Инспириран од различните култури режисерот Моше Мизрахи кој израснал меѓу Израел, Палестина и Египет го адаптира романот Животот пред нас на Ромен Гари (ова е првата екранизација на романот, The life ahead е третата и ако морам да бирам, со тешко срце - Симон Сињоре > Софија Лорен). Причината зошто се закитил со Оскар претпоставувам е главно политичка, не успеав да препознаам некои особени уметнички квалитети. Бонус, го срушив рекордот за најпаузиран филм. 2.5/5
Journey of Hope (1990)

Еден идиличен пејзаж на швајцарска разгледница што ќе пристигне во трошната куќа на Хајдар ќе биде поттикот што ќе го натера да го сонува европскиот рај. Сиромаштијата и лошите услови на источна Турција наспроти надежта за посветол ден и подобар живот ќе го направат очаен и одлучен во својата цел. Ги сечи врските со предците, го продава стадото, го распродава и земјиштето за да собере пари кои завршуваат во џебовите на разни криумчари и заедно со сопругата и едно од седумте деца тргнува на пат.

Трагичен филм за неизвесноста на мигрантското талкање долго пред европската бегалска криза. Сепак, не успеав да се поврзам од неколку причини - слабото расудување, фокусот што повеќе беше ставен на атмосферата наместо на предизвиците, едноставно не мислам дека го исполни својот потенцијал. Доколку сценариото би зборувало малку погласно, од оваа тема можат да се извлечат навистина силни емоции, сочувство и разбирање. 3/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.097
Поени од реакции
34.882
1697989532690.png

Недела 3: 1979 - 22-28.10.2023

1979 е годината во која излегува Alien, еден од филмовите темелници на жанрот научна-фантастика. Фантастичниот Џон Вејн, ѕвездата на вестерн филмовите во Холивуд умира од рак на желудник. Излегува 11 филм од Џејмс Бонд франшизата, Moonraker, и станува бр. 1 филм со најголема заработка во 1979 до тој момент, на бокс офис. Излегува и Apocalypse Now на Френсис Форд Копола. Тоа е годината во која се родени Оскар Ајзак, Клер Хадсон, Џејмс Мекавој, Росарио Досон, Крис Прат, Еванџелин Лили, Арон Пол, Пинк, Диего Луна и многу други...

1697990070286.png

1697990140557.png

1697990178625.png

Кај нас не е снимен ниту еден филм.

Листа со сите номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/cleofrom5to9/list/1979-oscars/
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.182
Поени од реакции
56.684
Член од
22 август 2022
Мислења
441
Поени од реакции
1.552
Ја денес пак затворена дома со облогата на глава и ај филмски маратон и вадење за неоправдани. Отклучив известувања веќе нема забушантис овој маратон поштено ќе го истрчам, изодам, истркалам, како се може у дадена ситуација.






Златен глобус за странски филм и номинација за најдобра машка улога за Мастројани за Оскар се само две од бројните награди. И со право.

6 мај 1938, Хитлер доаѓа во фашистичка Италија во посета на другарот Мусолини. Сите пресреќни растрчани низ улиците да бидат сведоци на таа глетка... освен двајца. Антониета и Габриеле којшто ќе се засолни во нејзината куќа откако останува без работа поради неговата политичка и можеби уште попресудно, сексуална ориентација. Меѓу нив се развива едно невообичаено пријателство. Од една страна гледаме луѓе отфрлени од толпата поради различностите, а од друга страна, нивната жед за разбирање, љубов и едноставен разговор, потреба да слушнат и да бидат слушнати. Кој нема трпение за класичен тек на филмовите од тоа време, не го препорачувам, но кој ужива во детали, сценографија, дијалози коишто се како животни лекции и остануваат врежани во потсвеста, како и извонредната глума на Лорен и Мастројани, го препорачувам од сѐ срце. Како што сум човек строго против војни и офанзивни режими, оваа смела критика на фашизмот и нацизмот баш ми ја згреа душичката.

Со актуелната ситуација, мислам дека и покрај годината, нема да ни биде многу далечен за следење.


Crybaby (1990) да не речам Брилијантин on acid

Можеби не е за сечиј вкус, но го почитувам фактот што отскокнува од шемата класична мјузикл комедија. Похрабар, со поинаков хумор и дијалози, la belle et le bad boy стил, но не би рекла клише. Музичкиот избор е можеби еден од најсилните адути на филмот. Притоа, отсекогаш сум почитувала подвигот да се обидеш да создадеш 50-ти атмосфера во филм од 90-тите. Можеби не е најверодостојно, но ако го сакате стилот на John Waters, многу пријатно за следење. Емотивно си имам башка позитивни предрасуди за филмот оти ми буди носталгија на поубави времиња, кога сите бевме на купче. Можеби има некоја подлабока тема и намерна сатира, но свесно по сопствена одлука решив да не навлегувам премногу во потрага по поента, оти вака си е доволно забавен.

1979 - The Amityville Horror,
Уште една приказна со опседната куќа, но инспирирана од вистински настан на вистинското семејство Луц.


Во средно го имам гледано релативно пристојниот римејк со Рајан Рејнолдс, а во 2011 издржав да изгледам дури 12 минути од поновиот римејк којшто е многу полош.

За оригиналчето. Класичен хорор филм, класична кинематографија од тоа време. Искрено, да немав содржинско background познавање, ќе ми беше многу тежок за следење. Но, некаде на половината сфатив дека всушност подобро е да го следиш развојот на личноста на ликовите коишто се соочуваат со предизвик, преселба во нов дом, гледање семејство, одржување на кариерата и ефектите од тие притисоци во новава, малку поневообичаена домашна атмосфера одошто самите паранормални појави коишто во голем дел од случаите беа само детал и немаа клучно влијание и не предизвикаа директни последици.

Но, како некој којшто може да напраи паралела со посовремените хорор филмови, ова е како оној првиот фустан на Пепелашка од којшто посестрите ги зедоа и искористија деловите. Во овој случај, тие детали како девојчето коешто зборува со духови и многу други ги има, де панделка кај Insidious, де тантела кај Sixth Sense и тн.
Само, нормално, позајмени на многу посимпатичен начин.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.182
Поени од реакции
56.684
The Warriors (1979)


Овие на сликава се членови на една банда и идат таму на собир кај тој главниот што е и тој им вика нешо као од сеа сите банди заедно ќе работат и доека држи говор тој еден лик од една друга банда ќе го упука со пиштол и ќе ги набеди овие Вориорс дека они го испукаа и ќе почне брканица тука сите банди ќе ги бркаат овие па они ќе бегаат нешо натака навака бог да чува коа видов у една тепачка на почетокот фатија еден и почнаа да го грбачат и хахахаха со лакти го бодеа одозгора не знам како да опишам како на цртан филм тепачка викам што пуштив бе да ти ебам и оценка и рејтинг и имдб и све.
Безвезе филм, како и повеќето вакви, има и Форд Копола еден сличен со млад Том Круз и тие нешто се куропецаа. Не може ликови од 70тите да ми се праат тепачи со тоа Битлси фризурчињата, откопчана пола кошула, ѕвонарки, алки менѓуши ебате хипиците.

Оценка 4.


Каснам со предлогов, можда ќе беше боље да испукаме 10 децении од 1920 до сеа, секоја деценија по 1 месец да траеше и чао пријатно. Ем ќе беше боље срочено на крајот, ем ќе имаше поише време за гледање и бирање филмови, поубаво ќе се запознаевме со генерациите и декадите па ќе можеше да се коментира која е каква, која е најквалитетна и слично, можда ќе присоберевме уште некој член, вака 2-3ца сме активни полуактивни, ја може и да се откажам у блиска иднина. Некако многу ми е на брзање а и не гледам нешто јако у предизвиков, ова што сум глеал до сеа ми е све низ решето бирано и изгледано колку да се рече.
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.891
Поени од реакции
11.240
Овие на сликава се членови на една банда и идат таму на собир кај тој главниот што е и тој им вика нешо као од сеа сите банди заедно ќе работат и доека држи говор тој еден лик од една друга банда ќе го упука со пиштол и ќе ги набеди овие Вориорс дека они го испукаа и ќе почне брканица тука сите банди ќе ги бркаат овие па они ќе бегаат нешо натака навака бог да чува коа видов у една тепачка на почетокот фатија еден и почнаа да го грбачат и хахахаха со лакти го бодеа одозгора не знам како да опишам како на цртан филм тепачка викам што пуштив бе да ти ебам и оценка и рејтинг и имдб и све.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.097
Поени од реакции
34.882
Каснам со предлогов, можда ќе беше боље да испукаме 10 децении од 1920 до сеа, секоја деценија по 1 месец да траеше и чао пријатно. Ем ќе беше боље срочено на крајот, ем ќе имаше поише време за гледање и бирање филмови, поубаво ќе се запознаевме со генерациите и декадите па ќе можеше да се коментира која е каква, која е најквалитетна и слично, можда ќе присоберевме уште некој член, вака 2-3ца сме активни полуактивни, ја може и да се откажам у блиска иднина. Некако многу ми е на брзање а и не гледам нешто јако у предизвиков, ова што сум глеал до сеа ми е све низ решето бирано и изгледано колку да се рече.
Го мислев и тоа со декадите, и секоја да трае по еден месец, ама уствари тоа е исто ко 5X предизвикот порано. Првиот месец ќе има заинтересираност, сите ќе гледаат по еден филм... И толку. Вториот месец ќе бидам апсолутно сам. Верувај дека е подобро секоја недела да тераме со нова година, зашто така повеќе се губи интересот. Вака, и да прескокнеш една година, можеби подоцна пак ќе се уклучиш со друга. Инаку, да, така би било подобро и за мене, ќе нема толку многу работа, но нема да има и интерес. Сите теми кои сум ги отворил каде се менува дел од предизвикот на секој месец, пропаднале по само еден месец. За разлика од тоа, минатиот предизвик го заокруживме цел.
 
Член од
15 март 2023
Мислења
39
Поени од реакции
76
04. Being There (1979)
being there.jpg
Chance е прост градинар кој сака да гледа тв и нема познавање на надворешниот свет, цел живот го поминува во куќата на еден старец. Кога ќе умре старецот, куќата му е одземена и треба да се снајде со тоа што го знае од гледање тв. Почнува да талка по улиците на Вашингтон, облечен во убаво одело, луѓето мислат дека е богат човек. Кога за малку е прегазен од колата на Eve Rand, сопруга на богат бизнисмен, таа го поканува Chance во нивниот дом, мислејќи дека е богат и образован човек. По несреќата тој завршува во светот на богатите луѓе кои го сфаќаат неговиот едноставен начин на изразување како некоја мудрост.
8/10
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.891
Поени од реакции
11.240
3. 1979

…And Justice for All

image-w1280.jpg

Артур (Ал) е млад и амбициозен адвокат кој постојано е зафатен со бранење на ситни криминалци. Неговиот прв и сериозен случај ке биде кога ке треба да брани судија за силување, инаку човек со кој не е во најдобри односи. Покрај процесот за докажување (не)виност кај судијата, во животот на Артур се случуваат други негативни работи, дел во приватниот, дел во професионалниот живот.
Филмот не беше лош, малку некако површен и не задлабочен доволно. Абе добар е, Ал си беше на ниво, особено последните неколку минути. Не може филм со него да помине, без тој да врека.


3.5/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.097
Поени од реакции
34.882
06. Norma Rae - Martin Ritt (1979)

1698257275933.png

Ова е единствениот филм номиниран за Оскар за најдобар филм од 1979 кој го немав гледано, затоа изборот падна на него. Но не ми се допадна. Морав да го споредам со романот „Село зад седумте јасени“ од Славко Јаневски, зашто е речиси истата приказна, само во американски сетинг и со женски главен лик. Се работи за работничка во фабрика за ткаење текстил во некој провинциски град на југот од САД, која одлучува да се здружи со човек кој е дојден да оформи синдикат во фабриката, за да ги подобри работничките права. Тогаш на површина испливуваат сите нејзини погрешни избори од минатото за кои е дискредитирана, но сепак неуморно се бори за подобро утре за своите деца. Овде ликовите беа навистина силни и добро изградени, но некои нивни одлуки - потполно неразбирливи за мене. Заради тоа филмов ми се виде предолг, преполн со непотребни сцени, ми фалеа емоции и со тоа малку повеќе разбирање за ликовите. Само 5/10 од мене, и покрај тоа што прочитав еден куп позитивни коментари за наводната реалистичност.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.097
Поени од реакции
34.882
07. A Little Romance - George Roy Hill (1979)

1698603464052.png

Cute little film! И овој го најдов меѓу номинираните, а не видов за што бил номиниран (отпосле сфатив дека всушност освоил Оскар, за најдобро адаптирано сценарио). Се работи за момче од Париз и девојче од САД кои се среќаваат сосема случајно во Париз и ги спојува она за што и двајцата се отфрлени од другите - високиот коефициент на интелигенција. Се раѓа една тинејџерска љубов и двајцата со помош на еден ситен криминалец и лажго одлучуваат да ја започнат најголемата авантура во животот: да застанат на гондола под мостот на воздишките во Венеција на зајдисонце, додека бијат камбаните и да се бакнат, зашто легендата вели дека таквиот бакнеж носи доживотна неизмерна љубов. Малку детски и наивен, на моменти по малку приглуп и нереален, но забавен филм. Девојчето го глуми мала Дајан Лејн, а момчето некој симпатичен млад француски актер на кој ова му е единствена улога во животот, зашто се одлучил за поразлична професија од актерството. Реков - забавно и сосема солидно филмче кое вреди да се погледне. 7/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom