ФАКУЛТЕТ или КУРС за ДОБАР ПРОГРАМЕР?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.473
Поени од реакции
25.925
Ти што не седнеш да го искуцаш туку бараш аналитични џуниор девелопери? :)
Јас мојата задача секогаш ја завршувам... Ма која и да била, и со кои ресурси и да располагам, било да се сениори било да се јуниори.... А тие што биле со мене, секогаш им било чест да работат со мене, зошто јас како пример секогаш се давам себеси... Затоа ако имаш нешто да кажеш кажи, не навлегувај во лични расправии и дискредитации...
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.907
Поени од реакции
12.393
Нема тука што да се сложуваме или не, ниту пак да заклучуваме кој е во право, а кој не.... Факт е дека заостанати проекти постојат и дека треба некој нив да ги оддржува... Има луѓе на коишто им е предизвик да прават reverse engineering, а има и луѓе кои се поконфорни да учат фенси технологии и во конфорт си куцаат класички и во тоа го гледаат напредокот на кариерата. Мој впечаток е дека поголем дел од програмерите се со твоето гледиште... Све си има предности и маани.

Само имам забелешка околу одговорноста... Одговорноста на програмерот е да ја заврши дадената задача, па макар тоа било нешто што не му се допаѓа. Јас го разбирам моментот дека ти си во можност да бираш работа, но тоа не ти ги поместува одговорностите, туку само ти дава избор да не ги почитуваш...

Околу Tibco, тоа се серија на алатки, кои имаат позамашен број на клиенти на ентерпрајс проекти од широк спектар на индустрии насекаде во светот... Незнам точно што си правела на TIBCO и на кој точно производ, но премногу сериозни фирми се ослонуваат на неговите продукти за да речеш дека се срање.. Тоа ти е малтене исто ко да речеш оракл се срање...
Види вака, дефинитивно тој проект ми беше најголем предизвик до сега. Изолиран си од модерните технологии и на некој начин треба да се ослониш повеќе на инжинерско размислување за решавање такви проблеми. Нема ништо едноставно.
Конкретно системот на кој работев е стар над 20 години, и кој стигнал додал негова логика. Кој сака да е девелопер во Tibco слободно, некој треба и тоа да го работи. Али кога и самите они прекинуваат support за одредени проблеми, што да кажам повеќе...Ние имавме проблем да не можеме да испратиме http request со одредени сертификати бидејќи алатката не ги поддржува. Клиентот ги има тие сертификати, ти вика ние не ги менуваме, снајдете се како сакате. Tibco вика ние нема да ги поддржуваме нив. И тука си во deadlock. Не можеш да искористиш никаков workaround, ништо. Ние кренавме скроз нов сервер кој ќе го проксира тој реквест и ќе ги додава сертификатите. И сега замисли за секој следен сличен проблем да треба нешто вака да правиш. Кој ќе го одржува тоа решение? Утре да се смени реквестот треба да ти текне да го смениш и серверот. А работиш со огромен монолит.
Документација нема, утре јас ќе си одам од фирмата, кој ќе знае дека баш тој реквест проксира низ внатрешен сервер? Никој. Ќе седат сите и ќе се чудат.
 
ОК ги разбирам сите проблеми со кои што си се соочиле, низ кариерата горе доле, на еден или на друг начин сум се соочил и јас со истите...

Ајде да ги тргнеме настрана проблемите и да го видиме ова твое искуство од подруг аспект.. Велиш тоа ти бил најголем предизвик досега, а од друга страна викаш никогаш повеќе... Зарем ти не сакаш предизвици на работа? Бегаш од предизвици? Велиш дека дека си оставена на инжинерско размислување лишен од модерните технологии... Зарем твоето звање не е пред се инжинер, а после тоа девелопер ...

Замисли си работиш во фабрика за коли, да речеме Мерцедес и си ставен на линија каде што се штанцаат нови Мерцедеси, сите убави лични со cutting edge технологија... И ти доаѓа можност да учествуваш во реставрација на некој стар мерцедес од 30тите години.... Да видиш како луѓето размислувале и ги решавале проблемите кога ги немале информациите што ние сега ги имаме, каде грешеле. Со една реченица, од каде почнало тоа што го имаме денеска.. Ако си човек од типот 9-17, никад нема да се нафатиш на такво нешто.. Пошто за тоа и да не си присутен на работа, ќе те мачи дома, ќе го размислуваш и сакал-неќел си ангажиран... Меѓутоа ако си човек којшто ја сака својата работа, ќе бидеш среќен за тој предизвик, дека тоа пред се ќе те научи зошто работите се такви какви што се денеска... И тоа ќе ти помогне да ја изградиш полесно својата кариера..

Според мене, тие 6 месеци што си ги работела на тој проект, ти вредат повеќе во CV-то од било кое работно искуство што си го имала... И во тие 6 месеци, си научила многу повеќе одколку што си научила со било што друго. Можеби ти тоа не го сваќаш, ама ќе дојде време кога ќе сватиш дека е тоа баш така како што викам...
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.171
Поени од реакции
1.036
За програмирање ти треба пред се логика, желба и малку повеќе труд ако сакаш да бидеш програмер. За факултет секако дека подобро е да имаш, но дискутабилно е прашањето, има дечки кои завршија факултет а абер немаат од програмирање.
Јас конкретно работам веб програмирање PHP , немам факултет, со различни курсеви и со голем труд секако, научив. Сега веќе е многу полесно. Инаку за платата не се слагам, пошто во денешно време газдата-работодавачот го цени конкретното знаење, не само дипломата. Ако се докажеш дека си добар, не мора да имаш соодветен факултет за да си добар програмер.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.187
Поени од реакции
1.924
Што ќе кажете во врска со курсевите на Семос едукација, дали помагаат при совладување на материјалот и стекнување вештини за самостојно работење како програмер. И дали има некој да се вработил во странство само со овие курсеви без факултет. Како што се информирав испитите се полагаат на официјалните страни во зависност од тоа за што се спремате на пр. Cisco слушате курс во Семос но полагате на официјален сајт за Cisco.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.458
Поени од реакции
34.431

За тие испити/сертификати во случајов Семос ти е само како застапник и овластен тест центар/предавач, а тој тест е ист како и секаде на друго место каде што го нудат: Microsoft/Oracle/Cisco што значи секаде и признаен.
Семос за истиве екстра ти нуди обука за полагање и полесно совладување на материјалите, иако најголем дел од материјалите се наоѓаат онлајн слободни по торенти и без да седнеш неколку денови/недели дома дополнително ќе го паднеш.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.528
Поени од реакции
2.368
не сакам да ти рушам филм ама
во странство без факс, а со еден два сертификати ништо не правиш, без разлика дали сертификатот е циско или лично потпишан од бил гејтс.
Евентуално максимум техничка поддршка/service desk во некоја фирма за да преинсталираш и одружуваш лаптопи и тоа ако ептен те бива, го знаеш локалниот јазик и ако се нема некој индиец пријавено шо има 3 факултети.
еве ти што бараат за еден јуниор мрежен инжинер, како што гледаш сертификатот ти е само еден плус на образованието + искуството.
1603358272136.png

Што ќе кажете во врска со курсевите на Семос едукација, дали помагаат при совладување на материјалот и стекнување вештини за самостојно работење како програмер. И дали има некој да се вработил во странство само со овие курсеви без факултет. Како што се информирав испитите се полагаат на официјалните страни во зависност од тоа за што се спремате на пр. Cisco слушате курс во Семос но полагате на официјален сајт за Cisco.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.458
Поени од реакции
34.431
Абе не си прајте бајрам со умот, и 2 факултети со 2 магистратури да има никој нема да ја земе директно во странство.
Кога ќе напукаш искуство и проекти позади тебе нема ни да те прашаат за диплома, вакви случаи познавам повеќемина: програмери, администратори на бази, систем администратори.
Огласите и кај нас ако ги погледнеш почетник не треба никогаш ни да се надева дека ќе почне со работа, бараат да знаеш 5 технологии кои во реалност и после 2 години активна работа нема да ги разбираш.
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
253
Поени од реакции
102
Здраво дечки, знам дека ова е мало оф топик, али јас учам со цел да се насочам у насока веб дизајн(фронт и бек енд). Дали мислите дека е добра одлука и ако може по некое советче.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.253
Поени од реакции
2.237
^ на толку пари за реклами и уште синтаксички грешки да се прават, срамота.
 
M

Macedon1um

Гостин
Овие од кодеакадеми се најголема правара во Македонија, ама тоа е има многу наивни што мислат преку ноќ ќе станат програмери и ќе млатат пари. Се кладам и дека онаа Ангела што е соосновач на академијава нема појма ама баш ич од програмирање, ама секоја чест како и текнала идеата да стриже наивни овци
 
Член од
1 април 2017
Мислења
282
Поени од реакции
43
Која е разликата помеѓу платен акаунт на Lynda.com и пристапување без акаунт до курсевите.
Претходно го отворив курсот што сакав да го гледам и истиот го нудеа со неколку видеа од по 1мин, 5 мин некогаш и 8 минути.
Ми падна чудно си викам најв коа ќе платам за акаунт ќе ми дадат подолга содржина ова како preview е.
Ама денеска платив и пак ја дава истата содржина, зошто тогаш уопште би плаќал.
Може некој да објасни со поголемо искуство која е поентата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom